од сите огласи на нет што се колку да се речи дека се ставени веќе однапред се знае кој ќе вработат, од 70-80 пратени CV само еднаш ме викна на интервју
Аплицирајте за Програмата за млади банкари на ПроКредит Банка * ВЕРО вработува… Отворени се повеќе работни позиции… Работното искуство не е задолжително! – Имаат потреба од персонал, * Оглас за вработување во Агенцијата за електронски комуникации * Оглас за вработување во АД ЕЛЕМ * Програма за вработување на “Coca-Cola” – Програмата за универзитетски таленти на „Кока-Кола“ е програма за вработени кои ги подготвуваат најталентираните студенти за работа во областа на менаџментот. Програмата трае 3 години, за време на кои вработените добиваат повеќе задачи и обврски. * Пекабеско вработува! Отворени се повеќе работни места * Оглас за вработување во Нептун – * Оглас за вработување во Министерството за образование и наука - * Министерството за финансии вработува… * Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта - http://faktor.mk/2015/09/28/vrabotu...ekabesko-neptun-ministerstvo-za-finansii-mon/
Дали некој има искуство или аплицирај на огласов или слушнал за агенцијава Grey WorldWide http://najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=657470#.VgqGUH1cCng
Дали некој е запознаен со оваа агенција која нуди доста работни позиции во странство(дали е вистинска,или се работи за лажни претставници)? Еве линк : http://www.rabota-biznis-profit.com.mk/mak/sodrzina.asp?id=18
Јас барам работа скоро 10 години на интернет страниците 90% од моите работи биле на јавен оглас без врски без да познавам некој таму вработен. Меѓутоа тоа се напорни работи и физички и психички и за минималната плата. Воопшто не ми одговараат ни по образование ни по темперамнет итн, но ...знаеш морам.
Ако има некој од Велес, утре ќе има саем за вработување, во 10ч во Домот на Културата Џинот. Носете си ЦВ па може ќе има некој среќа. Јас лично немам искуство со вакви саеми, па пишете коментари со ваши искуства. Поздрав
Ќе ти речат остај CV може ќе ти се јавиме ако имаме потреба Овие саеми и средби на лица со високо образование треба да ги одбивате, пошо не служат за ништо, барем од искуство на другари кои одеа на саеми 20-30 км далеку од нашиот град, за да видат едно 200-300 СV за една фирма која што добро ги плаќа вработените и вработува партиски. И добија таков одговор, ако треба ќе ви се јавиме. Ако ти е за во фабрика да работиш за 10 000, од овие новите инвестиции примаат и со средно, ако имаш поголеми амбиции овва ти е класично губење време.
Мој другар бараше интензивно работа во странство и ја најдовме случајно странава на интернет тогаш. Он сакаше да исконтактира со човекот и му вртеше неколку пати и он не се јавуваше. Но после тоа ми рече дека успеал да го добие и му имаше објаснето дека ако сакаш да ги видиш огласите или да те советува за аплицирањето дека се плаќа.. дали беше по 300 денари од оглас или незнам...беше пред 2-3 години ова така да не ме фаќај за збор. Поздрав
http://vraboti.se/announcements/view/TJGJGI_prodavacka-na-proizvodi Над 16 години креативни млади луѓе за изработка и продажба на накит )
Се сложувам тањамм со тебе. на мн огласи кога пуштам CV ми стига порака мејлот не постои невалиден е ...незнам што да кажам )) си играат мајтап хехех
Порано мислам дека пак имаше нешто по огласите. Еднаш преку огласи си најдов фирма и бев на презентација, ме платија солидно, друг пат ме викаа за хонорарна работа, само што јас не бев слободна. Значи тогаш пак некој ќе се јавеше, а сега кога ќе видам оглас, веднаш сфаќам дека е несериозен и не ни праќам цв. Инаку јас сум вработена, ама дополнителна работа не би била на одмет, хонорарно. .
Барам работа за татко ми.Стечаец е,има уште некоја година до пензија,но моментално нема никакви примања. Човекот е во години,меѓутоа физички е способен речиси се да работи. Би ве замолила доколку случајно сретнете оглас како за него да ми пратите.Еве а
ЕДИТ : Барам работа за татко ми.Стечаец е,има уште некоја година до пензија,но моментално нема никакви примања. Човекот е во години,меѓутоа физички е способен речиси се да работи. Би ве замолила доколку случајно сретнете оглас како за него да ми пратите или да ме упатите каде би можела да барам. Би можел да работи во најмала рака како чувар (објект,кафич некој) , доставуваш (често е на велосипед),во магацин некаде или било каква друга работа.
Дали некој има искуство со работа во кол центар со компанијава ? Ако може да сподели би била благодарна. Испратив цв и ме повикаа на интервју,па утре ке видам што како е http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=658753#.VifM0X4rLIU
да Бев јас. одма си примена да знаеш ...така прават со сите ...почнувап од утредента сабајле од 08 до 14 си таму ..ти даваат листа со броеви се јавуваш нудиш птоизводи..имаш месечно да направиш таргет од 60 ако не направиш ќе земеш 2000 3000 ден најмногу а ако направиш толку продажби 10 000 плус можеби некој бонус..искрено катастрофа... нон стоп има нови.сите што ќе бидете на интервју ке почнете одма утредента и како се откажуваат така нови доаѓаат и никој на никого не плаќа се се врти во круг. 10 дневна обука неплатен ништо немаш платено единствено сок и кафе има таму ))) ... у здрав памет те еб..