http://www.rabota.mk/arhiva-na-oglas/fleet-administrator/ уште еден оглас на кој итно се бара кандидат: http://www.rabota.mk/arhiva-na-ogla...ezisten-ima-potreba-od-referent-za-prodazhba/
Може не е за овде моето прашање, но не успеав да најдам соодветна тема Аплицирав во една агенција за продажба авионски карти, пратив cv на меил, се убаво како треба и конечен одговор не добив и се јавив таму, ми рекоа дека им немам одговорено. Дали јас не гледам нешто или што е работата незнам стварно
Можно е пораката што ти ја пратиле да ти е стигната во некој од фолдерите. Види разгледај со сетингс. И мене така ми се има случено. ********** Ме интересира како можам да дознаам како се избират оние девојки како што се од вива соковите тие девојчината што идеа по плажи, тие од редбул или тие од нескафе што делат по градови што патуват. Или па тие девојките од Вип оператор што делат некои флаери или наградни игри? Ако знае некој ве замолувам да ми пише!
@La.loca ги одбираат преку маркетинг ангенции. Големите компании како Вип, Битолска Млекара итн не бараат девојки. Целата кампања оди преку маркетинг агенции. Побарај ни огласите за работа, промотерки/флаери. За сите градови имат различни контанти за локални лица. Знам 600 денари е за 4 часа, 1500 за цел ден. баш чудно @prettymamma. Изгледа дека пораката е пратена. во sent ти е. Пробај прати им ја повторно.
Епа си го пратила во петок, во 21:29. Може не виделе, и се изгубил меѓу мејлови од цел викенд. Само три дена се поминати, препрати го пак. И во иднина внимавај да не праќаш мејлови за викенд, доцна навечер итн.
@prettymamma Тебе ти е во sent, но никогаш немаш 100% гаранција дека другата страна ја примила пораката. Мејлот не е најсигурна комуникација.
Ви благодарам на сите, ќе го препратам пак, ептен ми е важна работава Им треба мислам, се работи за агент за продажба на авионски билети
Не знам што mail client имаш користено, ама може да имаш проблеми со синхронизација доколку ти е полна меморијата на телефонот, а според иконата горе, диск со извичник, полна е. Пребриши нешто, нека ја снема иконата и ресинхронизирај. Прелистувачот најверојатно не е афектиран, ама вградениот меил клиент - да.
Баш како што ти одговорила Момичка. Повеќето клиенти соработуваат со маркетинг агенции. Јас 2 години работам на промоции и баш ги работам Нескафе и Вива од горенаведените(иако се од различни агенции). Плус уште многу други брендови и производи. Тоа со аплицирање, огласи нема. Најчесто треба да знаеш некој од внатре за да те пикне. Додека пак Ред Бул не се преку агенција, они директно прават интервју. Ако те интересира повеќе во врска со тоа можам да си објаснам и тоа како иде.
Сега побарав малку на нет @La.loca Link: https://www.facebook.com/MPGSKOPJE/...294678199411/1199837460145127/?type=3&theater + има цела тема на Фемина на оваа тема: Работа како промотерка - делење на флаери good luck
Работам и за MPG, но конкретниов оглас е за цигари за Филип Морис(Marlboro, Camel). Неможев да прифатам бидејќи веќе работам за Imperial со Davidoff, West и Родео, затоа идам преку нив на други прпомоции. Златиборљц, Виталија, Аперол, Бакарди. Инаку за огласов, со работата мора да си пријавен и само пон е слободен ден во неделата.
Девојки денес ми пиша еден другар, па се сетив можеби некоја од вас би сакала да работи. Доколку некоја е заинтересирана нека ми пише во ЛП
Не ти препорачувам да одиш да работиш во друга држава доколку немаш некој близок таму. Братучеда ми исто лани отиде во Швајцарија да чува 9 месечно бебе и едвај избега од таму. Викаше се работев освен што го чував детето. Значи од ручек правење, чистење, перење, пазарење ама баш се. Ако имаш фамилија или некој што ти е близок е поинаку. Не е лесно да си сам во туѓа држава.