Доколку некој е заентересиран за работа во маркетот Рамстор и навистина му треба работа нека ми пише ЛП.
Некој со искуство (за работа) во училиштава за странски јазици Prolingva,Едукатива плус,Лингвафан? Исто и во Магнетик Груп,барат продавачка?
Знае ли некој како се пријавува во фирми во кои ти нудат коли како менаџер нешто иде и да им наогаш пласман ????
Пак јас ај ке ве молам некој ако знае какво треба да биде сивито на страната вработување никако не ми го закачува...поздрав
Наскоро се отвора АЛКА комплекс кој се наоѓа во Сопиште, па ако ви треба работа или на некого што го познавате известете ги. Спојлер: Персонал за работа Во тек е отварањето на Алка Комплекс Скопје, доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, вашата кратка биографија испратете ја на следнава електронска адреса: alka.complexak@gmail.com. Имаме потреба од следниве работни позиции: Кувар/ки (позиции 6), Келнери/ки (1) Шанкер/ки(1), Хостеси (4), Чувар, Девојки за во игротека (6), Спасувач/ка за базен (2), Салатер/ка (6), Хигиеничарки (3), Менаџер/ка (1) Познавање на странски јазик (Англиски) ке се смета за предност.
Овде барај има македонско,пополни го само и готово: ) http://europass.cedefop.europa.eu/documents/curriculum-vitae/templates-instructions
Девојки видов одгласи некои деновиве додека поминував низ Ск. На бул.Партизанска кај фитнес хаус т.с до него се отвара бурекџилница барат продавачка. И во Лисиче барат продавачка во продавница
Зависи за што те бива. Бидејќи си полнолетна можеш да работиш апсолутно се. Бутик, маркет, слаткара, спортска обложувалница, продажба на накит(може и од дома да си работиш), парфимерија, туристичка агенција, конфекција, игротека, билна аптека, продавница за обувки и сл. Зависи и што те влече да работиш.
Знае ли некој на форумов да бара девојка за работа ама само викендашки, бидејќи веќе си имам стандардна работа и ми требаат дополнителни средства. Не би работела со промоции, орифлејми чуда, туку повеќе затскриена работа во смисла на помошничка во кујна, миење садови итн.
Дали познавате некој што работи во спортска обложувалница, дали сте задоволни, би сакала да побарам работа таму... кои се условите, плата ... искрено се плашам да работам таму.. незнам дали ќе се снајдам.. Ви благодарам.