http://www.fakulteti.mk/news/17-07-26/sjo_vrabotuva_otvoreni_se_nad_30_trieset_rabotni_mesta.aspx Еве прилика за судските работници и за правниците
Дали знае некој како одат интервјуата во Џонсон Мети? Дали се зборува на анлиски и колку е проближно платата во администрација?
Видов, и сакав да аплицирам, колега имам Обвинител во СЈО, ама сите услови ги исполнувам, само со Англискиот не стојам бас нај-нај. Тој ми рече, да не се изложувам не трошоци, (бидејќи треба потврда за неосудуваност, треба од Цдентрален Регистар дека немам забрана за вршење професија, дејност или должност, ми рече дека од старт ќе ме елиминирале, затоа што треба Сертификат од овластен тестатор, А 2 ниво на познавање на Англискиот. Не се преоптеретувам, и така Кривичната материја, од никогаш не ми била предизвик. Иако ме убедуваа, ако не аплицирам логички нели нема шанси да влезам. Здравје, ќе излезе на друго место. А и ми кажаа дека над 100 пријавени биле, под точка 5 (за работното место кое што јас сакав да кокнурирам) а само двајца бараат.
Не, платата не е баш мала. Поголема е од Судовите, така барем ми кажаа колегите. Инаку да, извикана институција е. Стручен во Суд и Стручен во СЈО не земаат иста плата. Ама ај влези
Па ако исполнуваш се освен англиски, научи на приватни убрзани часови и аплицирај на следен оглас. Барем поголема шанса за влез имаш.
Па тоа ме подучи и една од Судиите. Појди рече, полагај некаде, или како што кажавте вие, некој убрзан курс. Јас го знам, ама колку да се снајдам. Одев на курс, имам четри степени, немавме услови понатаму да продолжам, не беше скапо ама за мене не беше ни малку 1000 ден месечно во едно приватно училиште за странски. Тоа им е само филтер, колку да не елиминираат. И порано Судиите знаеле и Англиски и Компјутери што да ви кажам. Па биле подготвени, имале многу знаење. Странката од мака доаѓа на Суд, никој не се тужи од убаво. Тој се разведува, ние на Англиски ли ќе го водиме рочиштето? Ама, ете како ќе не елиминираат.
Дали знаете како се движат платите во алкалоид? За работно место со факултет, не мислам на администрација?
Здраво, да ве прашам интервјуата се на македонски или англиски и како иде начинот на селекција? Поздрав
Македонски. За без искуство не знам. За со релевантно искуство викаат на интервју преку цв испратено на нивната страна, кое најчесто е формалност. Ако имаш искуство со некои методи, си ги работела и на интервју те прашаат за нив логично дека ќе ги знаеш, затоа викам формалност. Имаат и тестирање, за сите што се со релевантна струка, но не сум баш запознаен со ова, мислам дека нема прашања од струка туку некакво логичко е, не ме држи за збор. Ова е колку да те имаат у база на податоци. Али ако немаш искуство не ти вреди тестирањето освен ако немаш врски. Имам многу колеги од Џонсон Мети кои со искуство од година дена во контрола на квалитет преку цв на страницата ги повикаа на интервју и се вработени.