Да да Претпоставувам дека го има "задолжителниот документ" па прашува формално А јас пишувам според закон Каде живеам???
Веројатно е кол центар и тоа што бараат е устари телемаркетинг агенти - продавачи преку телефон. Фирмава, не ја знам.....чудно е со меилот. Но, ако сакаш..појди и види. Потоа одлучи.
@BurstBerry крајно е непрофесионално фирма да си дозволи таков маил. Обично работа во кол центар се исплаќа на процент. Другарка работеше во таква фирма но замина за 2 недели а и кажуваше дека ретко кој издржал повеќе од 2/3 месеци. Обично фирми што често пуштаат огласи или долго време бараат вработени се далеку од добри.
@Feminka192 @zhap4e Ви благодарам девојки. Бев на разговор и целокупниот впечаток ми е лош. Ме пречека господин, кој беше сам во станот, вработени немаше. Се работи за кол центар, вработените нудат пари, односно кредит. Платата е на процент, колку луѓе ќе убедиш, толку пари ќе имаш. Ако не убедиш никој, ќе земеш 6000 денари за цел месец и ќе си одиш. Ова не ми беше толку фрапантно и изненадувачки колку самиот господин од чиј поглед морници ме лазеа. Среќа па сопругот надвор ме чекаше.
Се е тоа превара. Секој месец ќе носат нови вработени, а старите ќе ги крпат. Така функционира тој систем.
Не бе срцка по закон ме интересираше така да фала ти многу.Конкретно дали требаат лекарско и тоа за неосудуваност зошто нормално ги немам па дали да ги вадам со време или брзо се вадат. Партиска книшка немам,нема ни да имам туку волонтер сум,а и "дојде живот" па да си ја пробам среќата.Али фала на информацијата,демотивацијата и на коментарот како и да е
Колку сакаат животи нека доаѓаат. Тој апсурд и феномен партиска книшка никогаш нема да се искорени кај нас. Не е демотивација.
Лекарското уверение и поврдата за неосудуваност брзо ги издаваат..Во институцијата каде што ќе аплицираш прашај дали задолжително ќе ги бараат во огласот. Ако не ги бараат, тие ќе важат за кандидатите што ќе ги примат. П.С. Демотивација??? Немој така, нели, дојде живот Со среќа
Здраво дечки, бедејќи планирам да се преселам во Скопје и би сакала да пробам да се вработам во некој од техно маркетите па ме интересира дали некој од вас знае колкава е минималната плата. Доколку некој знае нека ми пиши
Lele bev i jas poodvratno intervju sum nemala, i se sekavam i dvete zeni koi rabotea tamu ellee Horos film vo centar na skopje
Здраво Бидејќи темава е најактивна ме интересира да прашам, дали некој има работено или работи во Зегин аптеките како техничар. Или пак има близок кој работи таму па знае да ми одговори. Колку е платата, како е работното време, колку денови во месецот има слободни, колку имаш право на годишен одмор и сл. Ви благодарам однапред.
Работното време е 7 часа, во месецот имаш 5 слободни дена. Аптеките работат секој ден, вклучувајќи и недели и сите верски и државни празници, до 22 часот. Дежурства во недели и празници се плаќаат дополнително, ама за техничари не знам колку, помалку од фармацевтите. Имаш право на годишен одмор од 14 дена, со што по неколку години стаж (мислам 4 години) добиваш право и на зимски одмор од 7 дена. Плата - за техничари не знам точно, на почеток очекувај минимална плата од околу 12 000, понатаму со стажот расте, а исто кога ќе добиеш своја шифра на компјутер и ќе ја научиш убаво работата ќе добиваш повеќе бонуси од продадените производи кои им се на стимулација, а со тоа и платата ќе расте. Максимална плата што може да ја достигне техничар мислам дека е околу 16-17 000.
Здраво на сите. Сакам да прашам дали некој имал искуство со чување деца низ Скопје колку плаќаат и колку саати се работи во едно семејство.Дали треба посебно нешто да се има документи како на пример лиценци некој и сл.
Здраво Сакам да замолам ако има некој што бил на интервју во алкалоид, како де одвивва како поминал? И дали имам шанси да влезам ако ме повикувааат на интервју после поминато тестирање? Благодарам