Девојки која е работата на мерчандајзер?? Што точно работиш и плата како иде, ако некој го работи тоа па да ме информира? Гледам во Нимекс бараат?
Сакам да прашам дали Агенцијата за вработување може да ми помогне да најдам работа како помошник сметководител или каде можам лично да се обратам? По огласиве нема многу барања за асистенти по сметководство. Инаку сакам нешто како пракса ако не може вработување. Фала
Почитувана тоа е нешто како комерцијалист уствари твоја должност е редење на роба по маркети кои земаат од Ваша фирма, следење на рокови и запишување на цени на производи на фирми кои Ви се конкуренти.
Може да пробаш лично по сметководствени бироа, или па и барај по огласи за работа каде бараат без искуство јас така имав среќа.
Да да, прашуваш дали ви треба некој практикант сакам да научам немам искуство а би сакала...зошто да не па после имаш шанси и да останеш кога ќе се научиш.
Сакам да аплицирам за вработување во DINERS CLUB MACEDONIA, дали знаете како се движат условите и платите? Дали воопшто викаат на интевју и дали има тестирања?
Дечки, во еден оглас за работа помеѓу условите стои "Пријава Кратка биографија", тоа значи само испринтано CV, така? Исто така, се бара и "Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност, должност", дали знаете колку време е потребно да се извади?
За уверение појди на суд, поднеси барање и ќе треба да платиш мислам 230 денари (ама не сум баш сигурна дека требаше толку да се плати) и обично наредниот ден ќе можеш да си го земиш.
Да ве прашам како аплицирате за некој оглас на странта на Вработување.ком. На некои огласи пишува наведи референтен број или позиција за која аплицираш ама нема такво поле во пријавата. Каде го вметнувате тој дел или страната сама автоматски ги препраќа?
Проверувај на najdirabota.com.mk јас денес ги прегледував огласите имаше неколку за помошник сметководител
На оваа тема ве има повеке па затоа овде да прашам... Некој што работе или работел во СН брокер? Каква е работата условите платите? Поточно за административен службеник во подружница??
Маркет Гранап Кисела Вода бара касиерки. Плата 12 000. Слободни секоја недела по еден ден, а некогаш и два дена. Летен и зимски одмор...
Zdravo do site, za da konkuriram vo edna firma pokraj CV se bara da se dostavi i diploma za zavrseno obrazovanie Prasanjeto mi e kako taa diploma ke ja dostavam mozda treba da ja slikam i da ja pratam kako slika ili poinaku?
Дали некој има искуство во Графика Плус? Кажете мислење... ми понудија за работа во печатницата ... 16.000 плата