Се полага во Американски катчиња во мк. Можиш да ги побараш во катчето од битола, па тие да те упатат за твојот град. Имаат страна на фб
А мора ли при аплицирање за државна работа, да се достави доказ за знаење Англиски т.е. TOEFAL или слично, бидејќи секако се оди на тестирање. Исто така и уверение од знаење за компјутери?
Девојки. Вредни амбизиоцни и уредни. Жанета Естетик бара козметичарки со и без работно искуство.Салонот е преубав многу чист и припаѓа во група на Вип салони според клиентелата што доаѓа. Плата 18.000 а работно време со почеток од 12.
Пишав горе Се наоѓа кај Железничка и имаш број на страната на фб.Kozmeticko frizersko studio Zaneta Estetik. :
Пред некоја ден видов оглас за во Македонски Железници за 33 работници. Иако исполнувам услови не знам дали да аплицирам, истражував и многу негативни коментари читам за таа фирма. Дали некој знае нешто повеќе за огласот и слично ....?
https://kariera.mk/job/27iPy9cwM0qEHScEkULCyg/promoter-ki-za-zakazhuvanje-na-prezentacii имате искуство со оваа фирма?
Ме интересира дали некој има искуство со работа од дома? Конкретно прашувам за огласот за пакување барбики од дома. Прво не можев да ги добијам ама после ми се јавија и ми кажаа да уплатам пари на нивна сметка па ќе ми прателе материјал за пакување. Не ми е за парите ако ме излажат туку повеќе ми е за изгубеното време. Дали некој има искуство со оваа работа? Дали е вистинска?
Девојки ме интересира дали некој има искуство со вработување во ДМ дрогери маркт како раководител на филијала, дали ги земаат во предвид вештините наведени во CV или огласите му се само формалност т.е веќе се примнати вработените ?
За да те вработат одма како раководител и во ДМ и во КОСМО и каде и да е мора јаки врски. Најчесто се почнува како обичен работник па ако се докажеш и ти се склопат коцкичките ќе напредуваш. Или евентуално ако си раководител во Космо можеш да аплицираш за раководител во ДМ па по некое време обука одма да те стават на позиција која сте ја договориле со газдите.