1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Eте и јас си останав без работа :( Па ако некој знае нешто за во Неготино нека ми пише лп
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Компанија: VRABOTUVANJE.COM
    Позиција: ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР

    За потребите на свој клиент,

    Реномирана Компанија од областа на прехрамбената индустрија
    објавува

    ОГЛАС
    за вработување на

    ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР

    Потребни квалификации:
    • Универзитетска диплома
    • Претходно работно искуство на менаџерска позиција
    • Искуство и познавање на Менаџмент на персонал
    • Познавање на економски принципи и практики, анализа на финансиски податоци и изработка на извештаи
    • Работно познавање на компјутерско работење ( MS office)
    • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и говор)
    • Возачка дозвола Б-категорија, активен возач
    Личен профил:
    • Одлични лидерски, комуникациски вештини
    • Организираност, одговорност и проактивност
    • Аналитичност, иницијативност, ефикасност и исполнителност
    • Менаџмент вештини, преговарачки, убедителни, планирачки
    • Проект менаџмент и креативност
    • Позитивен став
    • Етичност и моралност
    • Тимска работа
    Главни задачи:
    • Создавање на бизнис стратегија и годишен бизнис план за компанијата
    • Развој на бизнис
    • Анализа на пазар и мониторинг на конкуренција
    • Негување на организациска структура и организација на работните процеси
    • Менаџирање на луѓе-менаџирање на перформанс, развој на луѓе, селекција на вработени и друго.

    Доколку ги исполнувате барањата за позицијата испратете Ваше CV со слика на следната адреса slavicat@vrabotuvanje.com.mk
    со назнака за работна позиција „Генерален менаџер“.

    НАПОМЕНА:
    • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
    • Кандидатите кои не ги исполнуваат наведените услови, нема да бидат вклучени во селекцијата!
    • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

    -------------------------------------------------------------------------------------------------

    A multilingual Business Process Outsourcing (BPO) company, is launching a pilot telesales project
    with a leading international company. We are seeking to employ:
    Telesales agent fluent in German
    You are the right person for our team if you have:
     Excellent German – both written and spoken
     Excellent sales and communication skills
     Good computer literacy
     Result oriented attitude
    Your responsibilities will include:
     Performing calls to potential customers to present them company services
     Closing deals with potential customers interested in the offered company services
     Successful overcoming of customers’ objections
     Updating customer data bases
    If you want to:
     Gain professional experience in outsourcing leading company
     Practice your German language skills
     Receive a bonus scheme that reflects your individual performance
     Work in friendly and professional environment
    Your success would turn our initiative into a long term engagement. If you see this position as
    opportunity, please fill the application form and send us to job.telesale1@gmail.com , with subject
    “German operator” no later than May 31, 2012.
    All documents will be treated in the strictest confidentiality.
    The applicants will be invited for language testing.
    Only short-listed candidates will be invited for an interview.
     

    Прикачени фајлови:

    • BE.jpeg
      BE.jpeg
      Големина на фајлот:
      570,2 KB
      Прегледи:
      1.222
    • CST, BE.jpeg
      CST, BE.jpeg
      Големина на фајлот:
      166 KB
      Прегледи:
      1.222
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Фирма: ICT BRIGHT
    Позиција: Programer

    ICTBright employs PHP a Developer for full-time:
    Workplace description:
    ICTbright is an industry leading software and web development studio capable of creating and delivering software and web solutions specificaly made for your needs. We offer high quality software development solutions. The team of ICTbright has been working in the filed of custom software development since 1999 and is experienced in developing advanced systems with any complexity. We supply you with a software solution to realise your business ideas. ICTbright delivers rich internet applications combining our solid experience, technological experience and development methodology.
    Required qualifications
    • At least 2- 5 years experience
    • Excellent knowledge of PHP
    • Advanced knowledge of MySQL
    • Advanced knowledge of HTML / XHTML / CSS
    • Good knowledge of JavaScript / Ajax
    • Ability for team work and balancing time for multiple projects simultaneously
    • Good knowledge of English language in written and verbal form.
    Candidates with following knowledge have advantage:
    • jQuery
    • Excellent knowledge of Symfony framework
    • Job description:
    • Designing and developing various kinds of web applications
    • Developing creative and innovative solutions for Web applications
    • Update and optimize the existing code and functionalities
    • Testing and implementation of projects Location: Ohrid, Struga, Gostivar, Skopje.
    All interested candidates need to send a CV to: d.mileski@ictbright.com
    Sincerely,
    Daniel Mileski 077899923

    Важност: од 21.05.2012 до 31.05.2012

    -------------------------------------------------------------------------------------------------

    Компанија: VRABOTUVANJE.COM
    Позиција: СМЕТКОВОДИТЕЛ

    ВРАБОТУВАЊЕ.КОМ
    За потребите на свој клиент

    АТА МЕТАЛОТЕХНИКА
    Регионален лидер во областа на производство и продажба на водоводни материјали и канализациона опрема, како и производство и монтажа на еластична ограда и сообраќајна сигнализација

    објавува

    ОГЛАС
    за вработување на

    СМЕТКОВОДИТЕЛ
    (1 позиција)

    Потребни квалификации:
    • ВСС– Економски факултет, насока сметководство
    • 10 години работно искуство во сметководство
    • Искуство во изработка на завршна сметка
    • Работно познавање на MS OFFICE и програми за книговодствено работење
    • Солидно познавање на англиски јазик
    • Возачка дозвола Б- категорија
    Личен профил:
    • Одлични аналитички, комуникациски и презентациски вештини
    • Организираност, одговорност и ориентираност кон цели
    • Самоиницијативност при извршување на работните задачи
    • Способност за тимска работа
    • Позитивен став, лојалност, темелност, трпеливост
    Вашата Професионална Биографија доставете ja на е-маил: katerinam@vrabotuvanje.com.mk
    со назнака „за оглас за Сметководител“.

    НАПОМЕНА:
    • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
    • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
    ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
    • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот)
    • Назнака на позицијата за која се аплицира
     

    Прикачени фајлови:

    • BE, PSPS.jpeg
      BE, PSPS.jpeg
      Големина на фајлот:
      308,8 KB
      Прегледи:
      1.134
    • fzom.jpeg
      fzom.jpeg
      Големина на фајлот:
      399 KB
      Прегледи:
      1.134
    • procredit.png
      procredit.png
      Големина на фајлот:
      149,9 KB
      Прегледи:
      1.135
    • asseco.png
      asseco.png
      Големина на фајлот:
      91,1 KB
      Прегледи:
      1.136
    • jm.png
      jm.png
      Големина на фајлот:
      261,5 KB
      Прегледи:
      1.134
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Позиција: ПРАВНИК
    OПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
    ВРАБОТУВАЊЕ.КОМ
    Лиценцирана Агенција за посредување при вработување
    за потребите на свој клиент

    ЕДНА ОД ПОГОЛЕМИТЕ ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ КАЈ НАС објавува

    ОГЛАС за вработување на

    ПРАВНИК
    (1 позиција)

    Потребни квалификации:
    • ВСС – Правен факултет
    • Положен правосуден испит
    • Минимум 2 години претходно работно искуство – претходно работно искуство во осигурителна компанија или во адвокатска канцеларија ќе се смета за предност
    • Познавање на Англиски јазик и работа со компјутери
    • Возачка дозвола Б – категорија
    Очекувани способности, персонални карактеристики:
    • Способност за тимска и самостојна работа
    • Одговорна, лојална и флексибилна личност
    • Високо ниво на стручност и самодоверба
    • Ориентираност кон клиенти
    • Капацитет за самостојно водење на предмети
    Ние Ви нудиме:
    • Можност за напредување
    Вашата Професионална Биографија доставете ја на e-mail: bojanak@vrabotuvanje.com.mk со ЗАДЛОЖИТЕЛНА назнака на апликацијата „за оглас за ПРАВНИК“.

    ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
    • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот)
    • Назнака на позицијата за која се аплицира
    НАПОМЕНА:
    • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
    • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

    -------------------------------------------------------------------------------------------------

    Компанија: КИНГ ИЦТ
    Позиција: JAVA PROGRAMMER
    ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
    КИНГ ИЦТ е компанија која работи на домашниот пазар од 2008 година и припаѓа на групација која е водечки систем интегратор во регионот. На своите клиенти им нуди информатички и деловни решенија, од консултантски услуги, проектирање, развој, изградба, управување, подобрување и одржување на информатичко- комуникацискиот систем до едукација за негово користење.

    JAVA PROGRAMMER

    Цели на работното место: креирање кориснички информациски системи преку развој имплементација и одржување на Java базирани компоненти и интерфејси.

    Одговорности:
    • Да дефинира цели со анализа на кориснички барања; предвидува системски карактеристики и функционалности;
    • Да дизајнира и развива кориснички интерфејси за интернет / интранет апликации со поставување на очекувања и приоритети карактеристики (features) во текот на развојниот животен циклус; утврдување на дизајн методологии и алатка; завршувањето на развјот со примена на програмски јазици и софтверски производи; дизајнирање и спроведување на тестови;
    • Да работи на развој на бизнис процеси;
    • Да препорачува системски решенија со споредување на предностите и недостатоците на развојот и исплатливоста на решенијата;
    • Да интегрира апликации со дизајнирање на архитектура на база на податоци и серверски скрипти; проучување и поврзување со мрежни системи, web пребарувачи, како и информациски сервери;
    • Креирање на мултимедијални апликации со користење на пишувањето алатки;
    • Да го завршува развојот на апликациите преку преку координирање на барањата, распоредите на работа и активностите; да придонесува на тимските состаноци; разрешување на проблеми во развој и продукција во различни околини и на различни оперативни системи:
    • Да им дава поддршка на корисниците преку развој на документација и помошни алатки и
    • Да го надградува своето знаење со истражување на нови интернет / интранет технологии и софтверски производи, како и со следење на стручни обуки .
    Вештини / квалификации: Java, Java Applets, вештини на Web програмирање, Дизајн на Web кориснички интерфејси, Софтверски барања, Процеси за развој на софтвер, Object-Oriented Design (OOD), Business process Development, Software Debugging, тимска работа и комуникациски способности.

    КИНГ ИЦТ нуди можност за постојано стручно усовршување и професионален развој, работа со високо стручни лица, пријатна работна атмосфера, користење на најмодерна информатичка технологија како и можност за стекнување на искуства од различни домашни и интернационални проекти.

    Ако сакате да станете дел од нашиот тим во една од битните функции за успешно работење, и се пронајдовте себеси во таа улога , пратете ни своја биографија на e-mail king@king-ict.com.mk (subject: Java Developer). Конкурсот е отворен до 03.05.2012

    -------------------------------------------------------------------------------------------------

    Компанија: Trenkwalder
    Позиција: Раководител на оддел во служба за големи корисници
    ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
    За преку 7.000 наши клиенти во Средна Европа ставаме на располагање 80.000 соработници и нудиме иновативни кадровски решенија, флексибилно и динамично повеќе од 20 години.
    За вработување кај наш клиент потребeн е:

    РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ ВО СЛУЖБА ЗА ГОЛЕМИ КОРИСНИЦИ

    Услови:
    • ССС или ВСС
    • Искуство во работа со средни и големи клиенти
    • Најмалку 2 години искуство во раководење на вработени
    • Искуство во изработка и спроведување стратегија за продажба
    • Познавање англиски јазик ќе се смета за предност
    • Солидно познавање на Microsoft Office
    • Возачка дозвола Б категорија
    • Комуникативност, енергичност и организираност
    • Ориентираност кон цели и тимска работа
    Работни задачи:
    • Одржување постојан контакт со средните и големите корисници
    • Изработка на месечни извештаи за финансиските резултати и успешноста во работењето и подготвка на план за развој
    • Изготвување и спроведување на стратегијата за презентација на услугите на компанијата
    • Раководење со целиот процес од понуда до наплата
    • Следење и изготвување тендери
    • Грижа за навремено, квалитетно вршење на услугите и нивно подобрување
    • Грижа за тимот, негова организација и усовршување
    • Изработка на месечни извештаи за работењето на својот тим
    • Одговорен за материјалот за вршење на услугите

    Наша понуда:
    • Динамична работна средина
    • Работа во Скопје, а по потреба патување во други градови во Македонија
    • Можност за личен напредок
    • Фер и коректно плаќање

    Своите биографии можете да ги испратите на: rabota@trenkwalder.com.mk

    Напомена: Ве молиме наведете ја позицијата за која аплицирате
     

    Прикачени фајлови:

    • sofica.png
      sofica.png
      Големина на фајлот:
      217,5 KB
      Прегледи:
      1.021
    • PAPS, LCC.jpeg
      PAPS, LCC.jpeg
      Големина на фајлот:
      458,9 KB
      Прегледи:
      1.021
  5. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Нови 300 вработувања во МВР

    Министерството за внатрешни работи распишува јавен оглас за прием на 300 извршители на работно место –“Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи.

    Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од (1) една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи. По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат договори за вработување во Министерството за внатрешни работи.

    Притоа, кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

    -да е државјанин на Република Македонија,

    -да е полнолетен, а да не наполнил 25 години ако за прв пат заснова работен однос на работно место за кое е предвидено средно образование,

    -да има завршено најмалку четиригодишно средно образование,

    -да е здравствено и психофизички способно и

    -со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

    Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

    -потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена), и
    -висока лична физичка подготвеност.

    Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:

    -уверение за државјанство,

    -извод од матична книга на родените,

    -диплома за завршено четиригодишно образование,

    -доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, и

    -две фотографии во големина на патна исправа.

    Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

    1.Сектор за внатрешни работи Скопје:

    - Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,

    - Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и

    - Полициска станица од општа надлежност-Карпош.

    2.Сектор за внатрешни работи Битола;

    3.Сектор за внатрешни работи Велес;

    4.Сектор за внатрешни работи Куманово;

    5.Сектор за внатрешни работи Тетово;

    6.Сектор за внатрешни работи Охрид;

    7.Сектор за внатрешни работи Струмица,

    8.Сектор за внатрешни работи Штип.

    Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација. Потребната документација од став 1, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време .

    При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување на селекција на избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на оштета од Министерството за внатрешни работи во случај на повреда за време на спроведување на постапката за селекција.

    Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот и истата се спроведува во следните фази:

    1.Административна проверка (утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);

    2.Писмено тестирање (пишување есеј, општообразовен тест и психолошки тест),

    3.Проверка на моторички способности (за мажи 60 стомачни, 55 склекови, трчање на 3200 м за 13,30 минути и 10 згибови на вратило и за жени 60 стомачни, 27 склекови и 3200м за 16,30 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),

    4.Интервју (поединечен разговор со кандидатот за полицаец),

    5.Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

    6.Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

    7.По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас.

    По завршување на основната обука (во времетраење од една година), Министерството за внатрешни работи со кандидатот за полицаец кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договорот за вработување.

    8.Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

    9.Ненавреманата и непотполната документација нема да се разгледува.

    Планира ли некоја од вас да се пријави на оглаосв за полицајци????
     
  6. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да се пријавам.. Доколку има кандидатки пишете ми лп, да споделиме некои информации :)
     
  7. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Ако може некоја од вас да ми каже како одат платите во Скопје за административен работник? Бидејки ако се ниски примањата да не ни одам воопшто :^) Сепак би сакала да имам пари за кирија и храна, само најосновното. Ве молам некоја ако знае колку се движат платите во тој сектор нека пиши на форумов
     
  8. LadyBaby

    LadyBaby Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здарво на сите. Јас сум апсолвент на филолошки факултет и веќе 2 месеци си барам работа, но никако не можам да најдам. Имам завршено превод анг-мак и обратно. Па би ве замолила доколку некој сретне оглас да ми пише или да ми каже некои страни кои не се добро познати за огласи.

    Ви благодарам!!
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.279
    Јас која ја читав joelle како се жали од тоа дека на луѓето не им се работи, веднаш ми текна на една личност на која и се работи- мене :lol:
    Шала на страна се нервирам веќе со огласите, како што кажа Росонерка, мислам дека никој не ми ги ни чита меиловите што ги праќам, или онака само махинално минуваат низ мотивационото писмо правејќи фаци, не знам.

    Веќе не знам дали има оглас каде што вистина бараат работници, или се е само проформа :worried:
     
    На rossonerka, Sexybaby86 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    47.854
    Пол:
    Женски
    Јас да си кажам дека за прв пат аплицирав пред месец на две работни места и на двете ми се јавија :D на едното и на интервју ме викнаа :wasntme: другото барале со искуство |(
    И сега ќе си бев вработена, да не беше газдата стар морон ! Месец дена обука ( читај работа без плата) за продавачка на бебешка облека и такви ствари |( Сепак прифатив , но тоа не беше обука, беше физичка работа, еден ден бевме со другарка ми ( и она аплицираше) и наредниот :hai: И го пријавив :!: Зашто тоа им е само финтица да им работат без плата, и некои неискусни како мене ќе си на*бат :x
    И највеќе се нервирам кога по огласиве ќе најдам ок работно место, а ниту телефон оставено за контакт, ниту меил :fubar:
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Признавам дека не сум многу во тек со сите огласи и како идат работите, бидејќи се уште и не сум дипломирана, иако досега од толку пратени мејлови за пракса, само од едно место ми се јавиле.

    Но, ве читам и велите кој сака ќе најде работа. Точно, за да најдам работа доволно е да отидам во кафиќиве низ маало сигурно барем во еден ќе ме примат како келнерка, но верувам дека поголемиот дел тука не учеле и плаќале 4 години факултет за на крајот да бидат келнерки, туку плаќале и учеле да го работат тоа што го сакаат.

    И за да не ми се нафрлите дека ниедна работа не е срамна итн, пак ќе повторам-никој не вели дека е срамна и нормално дека ако немаш излез ќе работиш тоа што ти се нуди, но тие што се школувале имале поинаква замисла за тоа што во иднина ќе работат и токму таквите работни места не ги добиваш.
     
    На maichka, girl1985, zarah и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа во хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

    Цементарница Усје АД-Скопје Групација ТИТАН, Објавува оглас за вработување на:

    Финансиски аналитичар во Сектор за финансии
    Избраниот кандидат ќе биде задолжен за работа во локално сметководство, составување на финансиски и други извештаи согласно законската регулатива; изготвување на буџети и презентации и изготвување на различни анализи на трошоците. За своето работење ќе одговара на Менаџерот за финансии.
    Потребни квалификации:
    • Економски факултет, насока сметководство и ревизија, ВСС/VII степен
    • Потребно работно искуство минимум 3 години во локално книговодство, работно искуство за изготвување на буџети и презентации ќе се смета за предност
    • Одлично познавање на МСФИ (IFRS)
    • Одлично познавање на даночната регулатива
    • Одлично познавање на Microsoft Office
    • Одлично познавање на англискиот јазик.
    Конкурентски предности:
    • Желба за работа во средина со високи барања
    • Организациски способности
    • Добри комуникациски способности
    • Флексибилност/ адаптибилност
    • Тимско работење и кооперативност
    • Ефективност и ефикасност.
    Кандидатите треба да ја приложат следната документација:
    • Писмо за аплициранње на огласот на англиски јазик
    • Биографија на англиски јазик (CV)
    • Доказ за завршено образование
    • Останати дипломи и сертификати.
    Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
    Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
    Вработувањето е на неопределено време, со пробна работа до 6 (шест) месеци.

    Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална оријентација, религија или убедување.

    Комплетната апликација треба да се достави на адреса :
    Цементарница УСЈЕ АД Скопје
    Ул.Првомајска бб,1000 Скопје,
    Служба за човечки ресурси и кадровски работи.
    Некомплетните апликации нема да се разгледуваат.
    Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
     

    Прикачени фајлови:

    • BE2.jpeg
      BE2.jpeg
      Големина на фајлот:
      202,4 KB
      Прегледи:
      1.251
    • CST, BE.jpeg
      CST, BE.jpeg
      Големина на фајлот:
      266,8 KB
      Прегледи:
      1.250
    • FashionGroup.png
      FashionGroup.png
      Големина на фајлот:
      42,4 KB
      Прегледи:
      1.251
    • LCC, BE, PAPS.jpeg
      LCC, BE, PAPS.jpeg
      Големина на фајлот:
      319,4 KB
      Прегледи:
      1.251
  13. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Феминки да не знаете некоја работа или волонтирање за преведување или слично???
     
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Sport Vision е компанија чија основна дејност е продажба на спортска опрема (облека, обувки, опрема за фитнес и теретана). Малопродажната мрежа ја сочинуваат повеќе од 100 малопродажни објекти на територијата на БиХ, Србија и Црна Гора, додека слоганот НИЕ СМЕ ТИМ секојдневно ја потврдува работата на повеќе од 1000 ентузијасти кои се вработени во Sport Vision.

    Во Скопје нам ни е потребен кадар на позиција
    ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР
    кој со своето искуство, знаење, амбиција и иницијативност ќе допринесе за позиционирање на Sport Vision како водечки спортски бренд на македонскиот пазар.
    Потребни квалификации:
    • Високо образование во областа на економија или менаџмент
    • Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција
    • Добри презентациски и комуникациски вештини
    • Способност за водење и организирање на кадри
    • Добро познавање на работа со компјутер и MS Office пакетот
    • Одлично познавање на англиски јазик
    • Возачка дозвола - Б категорија
    • Регионално искуство
    • Тимски ориентиран.
    Задачи и одговорности:
    • Одговорен за целокупната работа на компанијата
    • Се грижи и одговара за законското работење на компанијата
    • Ја претставува и застапува компанијата
    • Изработува планови за експанзија и растење на компанијата
    • Планира, менаџира, организира и врши контрола на работењето
    • Изработува планови и извештаи за продажба
    • Одржува комуникација со добавувачи во земјата и странство
    • Одлучува за ангажирање работници за слободни работни места во компанијата, за престанок на нивниот работен ангажман, како и за нивните одговорности и задачи.
    Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во областа на спортски обувки и облека.

    Доколку ги исполнувате барањата за позицијата испратете Ваше CV со слика на следната адреса slavicat@vrabotuvanje.com.mk со назнака за работна позиција „Генерален менаџер“.
    Напомена:
    • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
    • Кандидатите кои не ги исполнуваат наведените услови, нема да бидат вклучени во селекцијата!
    • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

    Огласот трае 15 (петнаесет) дена од објавувањето.
     

    Прикачени фајлови:

    • BE3.jpeg
      BE3.jpeg
      Големина на фајлот:
      122,8 KB
      Прегледи:
      1.147
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Еве нешто
    [​IMG]
     
  16. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    5.069
    Пол:
    Женски
    блонд,
    од каде е огласот и до кога важи?
     
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ВЕБ АДМИНИСТРАТОР

    МАЦЕДОНИА ХОЛИДЕЈС ЕНД ТУРС ДООЕЛ СКОПЈЕ

    Пандил Шишков 7-1

    Скопје

    Контакт информации:

    Тел: 02 2400 513

    e-mail: mhtoffice@t-home.mk

    КВАЛИФИКАЦИИ :

    -Одржување, ажурирање и решавање на технички проблеми на Web страната

    -Креирање и поставување текстови

    -Анализирање на работењето на Web страната

    -Обработка на слики и нивно поставување на Web страната

    -Одлично познавање на Англискиот јазик, програмирање и работа со графика

    -Висока стручна спрема

    -Познавање на SEO и негова примена

    -Познавање на HTML, DHTML, Javascript, Flash, Photoshop, CSS, IIS, ASP, Index Server, Visual InterDev

    -Познавање на Web базирани апликации и нивна примена

    -Web маркетинг

    -Креативност, прецизност, одговорност, флексибилност, комуникативност, посветеност на работата

    -Работа индивидуално и во тим

    -Да истражува и применува најнови техники за подобрување на Web страната

    -Почитување на завршни рокови

    -Лице кое е спремно да научи

    -Возачка дозвола Б категорија

    -Искуството не е пресудно

    -Постојан работен однос

    Бонус познавање:

    -Дизајн на Web страна

    -Тестирање на страната и решавање на технички проблеми

    -Проверка на функционалноста на страната и нејзината компитабилност со различни Web платформи

    Поставување на Web страната на сервер и регистрација на истата на пребарувачите
     
  18. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    а дали знаете дали под тие 5 дена од денот на објавување важат и сабота и недела ? незнам дали се сметаат како работни бидејќи се работи за приватна фирма , знам дека за државните се сметаат 5 работни дена. Иначе огласот е објавен оваа среда.
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Се надевам оваа информација ќе помогне некому, не е оглас, но сепак станува збор за работа.
    ---------------------------------------------------------------------------------------------------

    За практикантите 5.000, а за невработените 4.400 денари

    Скопје, 27 јуни 2012 (МИА) - Агенцијата за вработување утре ќе објави оглас за практиканство како прво работно искуство до вработување и оглас за обука кај познат работодавач.

    Двата огласи ќе траат до 17 јули, а заинтересираните ќе може да аплицираат во сите работни клубови во 30-те центри за вработување.

    Со Програмата за практиканство ќе бидат опфатени млади невработени лица на возраст до 27 години кои имаат завршено најмалку средно образование, а со обуката кај познат работодавач ќе бидат ангажирани 1.000 невработени лица со образование слично на потребите на компаниите.

    Двете обуки ќе траат три месеци за кој период практикантите ќе добиваат по 5.000 денари месечно, а невработените лица кои ќе се обучуваат кај познат работодавач по 4.400 денари. Покрај паричниот надомест, ќе се плаќа и персонален данок и осигурување во случај на повреда.

    Во двата случаи компаниите ќе имаат обврска да вработат 50 проценти од вкупно ангажираните лица и да ги задржат на работа во период од една година.

    Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски денеска на прес-конференција ги повикаа сите заинтересирани да аплицираат и да ги искористат можностите што ги нудат обуките.

    Министерот Ристовски нагласи дека моделирањето на мерките е направено во консултација со стопанските комори и согласно интересот на компаниите.

    - Периодот во кој ќе се врши обуката и периодот во кој компаниите се обврзани да ангажираат 50 проценти од лицата не се случајно избрани. Самите компании покажаа интерес дека искуствено 50 проценти од лицата кои се обучуваат имаат афинитети кои ги задоволуваат критериумите на соодветната компанија, а исто така тие самите тврдат дека периодот од три месеци за обука е доволен за да се добие сознание дали лицето ги исполнува стандардите и потребите на компаниите, рече Ристовски.

    Досегашните искуства покажуваат дека од ангажираните 442 практиканти, моментно се вработени 181 скоро во сите сектори.

    - Скоро половина од практикантите сеуште се во работен однос што е добра бројка и тоа не мотивираше да ја измениме оваа мерка со која секој млад човек уште од почеток знае дека има 50 проценти можност да биде вработен во компанијата каде ќе биде ангажиран за практиканство, нагласи директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

    Извор: ИДИВИДИ
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daskaloska

    daskaloska Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    http://www.delco.com.mk/
    ДелЦо е единствената компанија за достава во Република Македонија која е специјализирана за достава на правни документи. Имаме огромно искуство во оваа област и ја извршуваме доставата на правни документи со особено внимание. Исто така, имплементиравме специјални процедури кои ги прават нашите услуги единствени, високо квалитетни и ефикасни.

    Ние сме компанија за услуги и со цел да ви го обезбедиме вистинското ниво на услуга, имаме потреба од голем тим. Затоа, обрнуваме големо внимание на обучувањето и професионалниот развој на нашите вработени со цел да обезбедиме да го добиете личното и љубезно внимание кое го очекувате од нас.
    Нашите доставувачи се основата на нашите услуги. Тие се високо обучени професионалци кои имаат детално познавање на територијата на Република Македонија и на регионот кадешто делуваат. Со цел да обезбедиме беспрекорен процес на достава, постојано ја контролираме и оценуваме работата на нашите доставувачи.
    Нашите администратори се посветени поединци со современ начин на размислување кои ги се грижат за вршењето на услугите на професионален и ефикасен начин. Имплементиравме специјални обуки и едукативни програми со цел нашите администратори да бидат постојано информирани за најновите вести од областа на доставата. Администраторите нé претставуваат пред клиентите и со задоволство ги исполнуваат сите ваши барања во однос на доставата.
    Нашите Сениор Супервизори се грижат за тоа процесот на достава да се одвива беспрекорно. Тие ги координираат регионалните тимови, задолжени се за контролата на квалитетот и ги планираат потребните интерни процеси за да ви обезбедат беспрекорни услуги.
    ДАЛИ НЕКОЈ ЈА ПОЗНАВА ОВАА ФИРМА ОД СКОПЈЕ ИЛИ ДР ГРАДОВИ КАКО РАБОТИ И ДАЛИ ДОБРО РАБОТИ
    ИМААТ ОГЛАС ДЕКА БАРААТ АДМИНИСТРАТОРИ И ДОСТАВУВАЧИ ВО ПРИЛЕП
    АМА НЕ СЕ ПРЕТСТАВЕНИ КАКО ФИРМА ТУКУ ЕВЕ ЛИНК И АПЛИЦИРАЈТЕ....... ВЕ МОЛАМ ДА МИ КАЖЕТЕ ШТО ВСУШНОСТ РАБОТАТ ПРИНЦИП Н :sweat: ОСАМ ДОКУМЕНТИ ОД ВРАТА НА ВРАТА ИЛИ ШТО?
    Компанија за достава има потреба од нови вработувања во Прилеп.
    Аплицирајте на:

    за Доставувач:
    http://jobs.delco.com.mk/Job.aspx?page= ... =8&lang=mk
    за Администратор:
    http://jobs.delco.com.mk/Job.aspx?page=1&jobi