Јас бев на интервју. Прашањата се од општа култура. Платата мизерија, 13000 ден. почетна. Исто така, работиш и во магацин, не си цело време во канцеларија. Јас 5 мин почекав и измрзнав, а камоли 8ч да си таму...
Искуство со фирмава Те-Те Пласт, се наоѓа на патот накај Драчево? Аплицирав на оглас за администрација, па ако има некој искуство да сподели.
Во Костал можеш да опстоиш само ако си работник, вистински работник. Се работи во 3 смени, тешко е, фабрика е, затоа и многу не издржуваат. Платите се солидни ако си спремен да издржиш.
Да, а и мислам дека имаат викенд (не работат сабота и недела) а и многу ми кажувале вработувале со врски, за партиски не знам, ама ако си немал врски ич да не си аплицирал
Имаат викенд да, а ако работат им е платен. Одат една недела прва смена, една втора, една трета од пон до пет. Вработуваат и со без врски, зависно колку им треба работна сила во моментот.
Знам само дека е нова фирма, допрва почнува или ќе почнува со работа. Се наоѓаат во Аеродром кај Ред Кафе некаде. Не знам конкретно со каква дејност се бават, ама мислам дека е некоја странска фирма. ************************* Има ли некој да работи или работел во Кемет Електроникс во Customer Care? Знам дека работат ептен законски (одмор, боледување, работно време итн) бидејќи мораат, странска фирма се, тоа е нормално за нив. Наидов на еден оглас за кај нив, истечен е веќе, меѓутоа сакам да пробам да аплицирам кога ќе излезе следен пат. Често го среќавам истиот оглас. Не знам дали многу луѓе си одат или им даваат откази? Како е генерална атмосфера таму? Странска фирма со македонски менаџери = 90% македонска фирма Ако е супер работата би аплицирала, ако некој има некое негативно искуство да сподели би размислила. Бидејќи и така се наоѓаат во Бунарџик, дали воопшто вреди?