Јас - една недела На каса е искрено досадно како машина цело време едно исто, кога не си на каса редиш роба, ставаш цени и сл. Некои колешки се жалеа дека било тешко, сигурно понатака ти даваат повеќе обврски. Знам само дека си уредно пријавен и со плата немаат каснење.
Еуротулс ми е сумњива работава. Јас не сум имала ништо со нив ама многу често имаат оглас за иста позиција (ова ми е знак дека нешто не е како што треба). Колку што знам газдата што бил е починат сега жена му ја наследила фирмата ама изгледа тешко наоѓа персонал
Ако некој работи во гентерм на позиција junior lien technical или бил на интервју за оваа позиција нека ми пиши нешто повеќе за условите и за работата
Дали знае некој како се движат платите во АПТИВ во зоната во Бунарџик? Администрација или инжињери поточно.?
Во Прима мебел гледам периодов постојано кружи оглас за продавачки па ако некој бара таква работа нека си ја проба среќата, а ако некој работел може да сподели искуство.
@Crnookata Еве види низ темата, од поновите мислења можеш тука да видиш, а воедно и да прашаш во другата тема, може некој за хонорарна работа подобро ќе ти одговори, ако видел некаде од скоро Мислам дека и со Авон можеш да работиш, паралелно со факултетските обврски. Воедно, за барање огласи види ги следните линкови и во полето за Пребарај, впиши тоа што бараш, сигурно ќе излезе некоја работа https://www.fakulteti.mk/tag/oglasi-za-rabota https://kariera.mk/ https://vraboti.se/ http://www.najdirabota.com.mk/ Ти посакувам многу среќа, се надевам дека брзо ќе ја најдеш соодветната позиција за тебе
Не си го губете времето во неуромедика. Ќе ве малтретираат со административни работи и плус којзнае до кога ќе биде обуката. А и глупи правила има додека си таму. Доколку имаат доктор , нема да вработат. По месец дена ќе се оди на обука а за тоа нема никаква потврда да добиеш, ниту некаков надоместок. Да била добра, немало да им се намали бројот на пациенти и толку доктори да си одат од таму. Затоа толку често имаат оглас - доаѓаат и си одат.
Јас мислев да аплицирам за администратор, негде прочитав дека е океј платата, а сепак бараат постојано луѓе.
Ужас, демек кол центар, а нема врска. Еден ден си во канцеларија и продаваш производи wool некако беа, другите денови си во други градови и таму спиеш. Затоа постојано бараат луѓе, плус на процент си. Слична секта ко кирби.