Ja bev na razgovor i ne mi se javija koa da pocnam, po cel cen da setas so set parfemi po grad i da nudis koj kje ti kupi, 2 set parfemi za 600 denari od tie 600 denari, 100 denari se za tebe ti da prodades 13 seta parfemi i da ja izvqdis taa dnevnica, a za taa fiksna plata da se dogovoris ni aber od toa edno pisuvat na oglas drugo praat non stop barat rabotnici nikoj ne prifakja
Може ли некој да ми објасни што е со огласиве од Неуромедика . Одамна се мислам да аплицирам за администрација но гледам стално огласот се повторува ? Толку ли е лошо или стварно им требат администратори секој месец ?
Јас и покрај тоа што го прочитав овде аплицирав, и се покајав. Треба да работиш месец до два без плата, демек првиот месец на обука, плата не ти кажуваат, има една менаџерка исфрустрирана која се однесува со тебе како го*но извини на израз, директорот сака сите да бидат во минич и на штикли итн. Мислам дека официјално се во топ листа најужасни фирми.
Ццц, кои ретарди... па, уште муабети, имаме ние канцеларии, ама далеку се, да не ве мачиме. Ми идеше да му речам, поголемо мачење е тука шо седиме. Интервју со жива музика и надвикување. Бар на некое рокче да викнеше. Значи, колку и да си далеку, професионално е така да се одвива интервјуто, башка од каде знаеш на кој колку му е далеку?! Ма, чисто се сомневам дека и воопшто имаат канцеларии.
Можеби прашањево е глупаво но имам приметено огласи од областа на туризмот , зашто во Скопје бараат една диплома, па друга па странски јазици па што ти ја знам уште 500други работи, додека во другите градови ни факултет не бараат само познавање на англискиот јазик можеби сум јас глупава ама повеќе му се исплати на човек во други градови да работи!
Исто исто, демек имале голем магацин накај Бутел, таму биле и 2-3 'колешки' од сметководство, ама ете за наше добро интервју во кафана. Во меѓувреме, дојдоа 3-4 нивни 'најдобри' вработени, за кои не сакам ама морам да искоментирам, беа пола плави изгорени коси, без заби (буквално им фалеше по некој заб), и многу оскудно облечени. Драма, веќе да ти е страв да отидеш на интервју не знаеш на какви психопати ќе налеташ. Единствено добро беше што се запознав со девојчиња со истото мислење па ден денес пијам по некое кафе со нив.
Зависи за која работна позиција се работи и колку реално на газдата “му гори под нозе” да најде работник.
Бегај од такви ,,работодавачи" тоа се преваранти, штом закажуваат интервју за вработување во кафана, се' кажува за нив... И како што пиша сите вработени демек најдобрите по некоја случајност доаѓаат на интервјуто, за што доаѓаат на интервјуто? И од.каде на каде со кое право го слушаат интервјуто, кога тие не се работодавач? Мој совет до тебе ако наидеш друг пат на такви ,,работодавачи" барај да ти дадат тековна состојба да видиш дали навистина постои фирмата, и да се претстави лицето кое го врши интервјуто (со лична карта) во кое својство е на интервјуто, дали е работодавачот лично, или овластено лице од работодавач со полномошно, ова се твои права како кандидат кој претендира да работи во одредено правно лице, ти имаш право на избор дали да прифатиш или не, и особено треба да си сигурна кому му даваш CV и лични податоци и одговори во врска со работата. Пожелно е секогаш секој пред да започне да работи преку адвокат да ја провери фирмата на работодавачот дали постои воопшто, дали е ликвидна, дали исплаќа навреме плати и надоместоци, дали се водат судски постапки од работен спор против фирмата, дали должи фирмата, итн.
Јас бев на интервју во axeltra за наводно административен асистент, ме пречека девојче од човечки ресурси ми ги објасни задачите за работното место, почетна 18 000. Се беше тоа океј додека не дојде наводно некој "менаџер" кој после на нивната страна видов дека е газда. Прво ме праша колку плата земам во сегашната фирма и зошто баш толку плата зимам после почна да ме испрашува стручни работи од сметководство и англиски, не беше тоа проблем воопшто туку неговиот однос надмен и крајно арогантен со додавање несоодветни коментари (да не речам навреди за мојот англиски или општо за одговорите) додека одговарав на прашањата. На крај ме праша дали ако ми даде задача би можела да ја решам без дигитрон? Му реков дека за работното место што го бараат не очекував дека ќе ми даваат математички задачи да решавам, ми збореше како работното место е многу тешко и стресно а девојчето пред него ми кажа дека работното место не е ништо посебно тешко и е некое основно ниво затоа е и платата таа. Целта со прашањата и задачите не му беше да види колку знам туку да се иживува. Јака им душа на тие што работат таму со таков психопат.
Сите си прашувате за разни фирми, па ај и јас . ПРОСПЕРТОП ? Маркетинг агенти нешто ау? Ама што точно ? Плата, услови, работа... Кој има некое инфо или искуство фала.