Ако е тоа во Скопјанка... Пратив CV, не добив одговор. Непрофесионални. Барем да одговореа дека нашле некој. Како од дома? Имам другарка , таа е како советник за животно осигурување
Сакав да аплицирам, но немам сеуште,не знам ни дали сакам....хаха Не ми се учи ,барем сега за сега. Некако ми делува ептен генијалски, не верувам дека би ме примиле со педагшски факултет, а ти? Ако сакаш преку ЛП може да зборуваме/.
@GirlLove, како што напишав и претходно, зависи за која позиција станува збор. За брокер одиш на обука кај нив и како што кажа @macencef, имаш процент од продадените полиси.
Се надевам не ти е доцна за одговоров, другарка работи и многу е задоволна 24.000 фиксна плата зема и плус од секој направен депозит 10% до кај 500-600 евра месечно стига. Она е многу задоволна од условите и колегите, ама ти кажувам у нејзино име, јас лично незнам.
Немам лично искуство, но имам другар и другарка вработени во НЛБ, искрено најдобри услови за работа имаат и платата за почетници им започнува со 24 000 денари, и брзо се напредува лесно можеш за 2-3 години да стигнеш до 40 000 денари, само како што ми кажувале на интервју го проверувале преку разговор знаењето на кандидатот, зависи за која работна позиција аплицира, така да спреми се солидно за да те вработат. Ти посакувам среќа! Инаку како нивен долгодишен клиент и како физичко лице и како правно лице, сум презадоволен од нив, вистина е тоа што велат дека е најдобра банка во Македонија.
Што точно работат во фирмава со оглед на тоа што бараат познавање на одредени јазици? Контактираат телефонски клиенти, или ?
Берза со bit coins или како и да се викаат работиш со клиенти во странствп зависи кој јазик го знаеш, германски германија, шпански шпанија, италијански италија итн. Контактираш преку телефон.
Поточно, ги лажеш луѓето преку тел, им ги земаш парите. Не е никаква берза, нема никакви брокери. Се е обичен scam. Луѓето можат да добијат нешто со своите вложени пари, да, ама за ништо на светот нема да си ја подигнат добивката, никогаш. Ниту влогот.
15.000 денари мене ми рекоа преку телефон пред неколку месеци. И треба да одиш некаде кај Католичка црква таму имале главна канцеларија. Точно. Јас лани влегов во потесниот круг, ни дадоа саат и пол време. Имав нешто да преведувам од англиски до српски и хрватски, потоа имав да напишам свој текст, интервју да измислам нешто. И пратив точно 1 час ми требаше да го средам сето тоа. И не ме примија. После одредено време си го видов сопствениот текст на сајтот закачен. Затоа не аплицирав овој пат, мене тоа ми е професија по факултет бидејќи после го искористува некој друг твојот труд. Да ова е тоа, и мене вакво ми се падна тогаш. На мејл да им вратиш. А јас тогаш се спремав за скајп комуникација, мислев преку скајп ќе оди.