И врапчињата знаат дека за да влезеш во банка треба врски . Ги прават интервјуата заради реда , бидејќи веќе имаат одредено кого ќе примат. Ако немаш некој што ќе те гурне за џабе ќе си го губиш времето. Ретки се тие што сами успеале да се вработат таму . Општо за сите банки зборам. инаку се согласувам дека Тутунска е најдобра и најголеми плати земаат.
^^ Не е само за банки. За секое поубаво работно место е вака. Почнувајќи од 3000 € па нагоре, зависно од позицијата и условите.
Јас за банки знам и за полицајци. За полицајци е тарифа од 5000еур, за банкиве нешто помалку. Модерни времиња, порано акции се даваа
^^ Има, верувај. Ќе им дадат од дома пари, само за да бидат вработени на поок место. Крај краева за една година ќе си ги вратат. После им е се' плус.
Има има, јас познавам само шест души Си плаќаш и после до 40години си го ладиш по кафичи и бензиски, башка не може да те казни никој со колата и со пендракот во рака изиграваш шериф низ град. И на 40че си одиш пензија и си уживкаш на државна цицка. Е сега знам што зимаат и над 500-600-700еур, ама тие одат во специјални единици и го потат газот. "банкарките" главно на шалтер скапуваат ама се госпожи и главна преокупација е денес да биде убава и грижа имаат дали големите нокти и закачуваат на тастатурата Се си има цена А мамичка и татичко горди дека детето им е полицаец или банкарка-бесценето
Тууу за 5000 еура ли е проблем. Јас знам луѓе по 10-30 илјади еура давале за директорски функции. Та само за во банка да барале работа па да минувале вака ефтино. Еве јас нудам 10 000 еура за да ме вработат у било која фирма за клати врата зимај плата. Заинтересирани по ЛП нека ме контактираат.
Има, ве верувам. Ама мене некако не ми е исплатливо. Што ако посака да си оди или си најде подобра работа, лупнал голема пара за накрај да не може да ја поднесе работата. Да не се лажеме банкиве немаат баш најдобри услови за вработени, сум слушала луѓе вработени во банка како се жалат од работното место како на глава им се качува некој забеган, ама изгледа ова се тие без врски и без пари вработени. Јас искрено да имам толку пари не би ги дала за вработување.
Соптвен бизнис ама ќе ти чури главата секој ден. И да не заборавиме со инспекции секоја недела ќе се расправаш Маалскондуќанче го казнија оти испаднало 2 денари вишок во каса. Да 2 денари... А вака друг ти мисли за се ти ништо не треба да се замараш. Арно си знаат ќе си живеат 100години, а не уште на 40години инфаркти и мозочни да добиваш од стресови. Затоа реков, се си има цена