1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за работа во државна администрација

Дискусија во 'На работното место' започната од Marilyn-Monroe, 27 март 2011.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Вреди ли да пратам CV на оглас за работа во државна служба? :^)
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да прашам...?

    Прати ама за забава, не се надевај ако немаш никој познат од владеачката партија.... Местата се резервирани за роднини и партиски војници. Брат ми е магистар и со импресивно работно искуство стекнато надвор од МК, а од сите огласи каде има аплицирано не го викнале ниту еднаш барем на интервју. За вработување на не зборуваме.....
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    Не, не вреди, сите места се однапред резервирани или веќе има вработени, огласот е чисто формален колку да се замачкаат очи на јавноста демек еве оглас имаше...Сум била не еден куп вакви огласи сите завршиле без вработување, единствено што ќе стекнеш и искуство со интервјуата... :)
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Сакам да прашам...?

    Јас сум убедена дека ги објавуваат огласиве само за да се обезбедат решенија на тие кои ги пополниле истите места пред некоја година. |(
     
  5. ivo-na

    ivo-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    39
    Сакам да прашам...?

    Исто мислам и јас дека ги пуштаат огласите само за решенија на некои веќе вработени, и дека се само чиста формалност... Но сепак би ти препорачала да пратиш за да не се јадосуваш дека не си ни пробала, а особено пак ако имаш некој што коже да поткаже некој убав збор кај што треба :)
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Сакам да прашам...?

    Убедена си на место.
    Еднаш реков дома - да праќам ваму CV? Татко ми вика - не будали се, они одамна се частеле во кафана за ова работно место. Некој веќе си работи.
    Огласите се - чиста формалност.
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Имам аплицирано за работа во Влада, ми пратија само известување на домашна адреса за завршено интервју. |(
    Имам аплицирано за работа во Општина Карпош, ме викнаа на интервју, бев таму со неколку луѓе, од кои успеа да влезе едно девојче.
    Имам аплицирано во УЈП и бев на интервју, а пред да влезам во канцеларијата на интервју, добив информации дека тој, тој и тој ги имаат зафатено тие работни места од пред година дена. Значи - огласот, а воедно и интервјуто биле чиста формалност.
    Затоа сум спомнала и досега, не ми значи разочарување тоа што никој досега не ме примил на работа. Јасно ми е на кој принцип одат работиве.
    Тоа што немам врски или книшка е мој хендикеп, таков ни е системов. Баравме - ке гледаме.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мислам дека и со закон е регулирано да се објави оглас за да би конкурирале повеќе кандидати за да се создава илузија како е се‘ по принцип на фер-плеј поставено, ама станува збор за народски речено мачкање очи.
    Еден познаник кој е партиско војниче ми призна како еден ваков наместен оглас бил преправан во весникот во кој бил објавен, бидејќи оној за кој било печено работното место бил со вишо образование, а во огласот стоело дека се бара со високо, па се направила корекција како ќе се земат во предвид и кандидати и со вишо образование :^) .
    Ова ни малку не ме изненадува и на факултет пред мои очи за 10 мин. два пати променија резултати од испит бидејќи сосила форсираната студентка за просек 10,0 на првиот список имаше оценка 9, за набргу да осамне нов список со оценка 10 за неа на него.
    Македонија е просторно преубава како земја, ама системов е толку трул што смрдеата е од невидени размери.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Јас аплицирав пред некое време, мислам во Министерство за труд и социјална политика беше огласот. Имам аплицирано и отидено на интервју на неколку огласи во државна институција.
    Порано беше различно секаде, некаде имаше прво тест па после интервју некаде само интервју ради реда и одма известуваа. Мислам дека беше летото 2009 кога аплицирав за во Влада, ми стана јасно уште пред да влезам а уште појасно кога ми пратија известување со список на примени, сите беа албанци, огласот бил по рамковен, и ден денес сеуште ги вработуваат со тој изговор-рамковен. Па добро бе ашлаци до кога вака, сите ги испонапикаа по државни органи сите "работат" плата зимаат во туѓа држава а ние во нашата неможеме скромна работа да најдеме.
    Сега па со таа агенција за администрација изгледа вовеле да се полага испит за државни службеници, на страната има еден куп материјал кој треба да го спремиш до огласот, најтрагично е што ќе се утепаш од учење и пак ќе примат некој нивни, што може испитот од дома си го "полагал". Искрено се мислам дали да отидам, зашто ако отидам ќе мора нешто да прочитам иако дел ми е познато, но зошто да се трудам напразно, кога огласот беше само за 1 извршител.
    Уште се сеќавам на едно интервју во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството кога и покрај тоа што се изначекавме бидејќи интервјуто не почна на време па и тие снобовите се шетаа покрај нас си се смешкаа бидејќи ние конкуриравме за нивните места кои им беа загарантирани.
    Секаде е така, чиста формалност, и покрај тоа не го почитуваат твоето време, мислат дека ти само таа обврска ја имаш, слободен ти е цел ден да ги чекаш да почнат.
    Веќе 2 години се немам јавено на таков скапан оглас, се до пред некој ден кога не знам зошто и јас аплицирав но се сомневам дека ќе одам.
    Мислам дека не е којзнае какво искуство да отидеш на ваков оглас на интервју, само повеќе ќе те дотепа разочарувањето.
    п.с. Пред две години летото чекав да ме известат за интервју во Влада исто беше мислам, после си отидов на одмор, се враќам и оп поштарот ми носи писмо покана за интервју на датум кој беше поминат пред пола месец, а поштарот регуларно си ја донесе поштата, датумот од пошта си беше свеж, само покасно го испратиле. Не сакав да се замарам да тужам, ништо немаше да постигнам.

    прирачник за полагање испит за државен службеник

    "Заради реализација на комплетната постапка за кој било јавен оглас, потребни Ви се следните документи:
    - кратко CV (со контакт телефон и адреса)
    - државјанство
    - лекарско уверение за вработување (не постаро од 12 месеци)
    - уверение за завршено образование (што се бара за местото за кое аплицирате)
    - доказ за работно искуство во струката (Веродостоен доказ би бил потврда од Агенција за вработување на РМ, потврда од Фондот за ПИО на РМ, потврда од било кој работодавец или договор на дело. Согласно член 30 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Сл.весник на РМ број 106/2008“) од 05.11.2008 година, АДС не ја прифаќа работната книшка како доказ за работно искуство)
    - други документи предвидени во посебните услови за работното место каде што Вие аплициравте (сертификати, потврди и други).

    Бараните документи треба да ги доставите во оргинал или копија заверена на нотар.
    Документите се доставуваат до органот за чии потреби е објавен јавниот оглас."
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас фино лепо пред 2 години кога дипломирав си изнапратив цв на огласи за секое место во државниве институции кај што ги исполнував условите, за помлад референт.
    И си бев во министерства, во комисии, во општина, во град Скопје, во влада, во собрание и се прошетав по институцииве, дремев пред врати и по 5 саати, ми праќаа листови со закони, прописи да ги учам па и јас будала им ги учев.
    Посебно бев попалена по Секретаријатот за рамковен договор 300 млади референти примаа, ме испрашуваа во Влада све си знаев, дури викаат леле девојче па ти многу си се спремала за интервјуто и на крај доаѓа дома писмо со 300 вработени од кои 298 албански презимиња, 1 српско и 1 македонско презиме.
    Дремев во Собрание 5 саати додека млади луѓе желни за работа се буткаа да влезат за на интервју и си видов колешка која поминуваше случајно таму и ми вика ,,Еј вработени се луѓево, јас работам на една од позициите на огласот, оди си дома!" И тоа беше крајот!
    Никогаш, ама НИКОГАШ веќе нема да пратам CV ни да читам огласи.

    Еве само еден добар оглас.
    [​IMG]
    Не знаеш дал да се смееш ил плачеш.
    Стоматолошки |(
     
    На 87mama и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. Lisica81

    Lisica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    За жал на вистината тоа е ти е така. Гиле нема правда. Додека таквите како нас ќе се мачат и ќе се трудат ( ама се е за џабе, и мака и труд ) има такви на кои се им се дава на сребрен послужавник.
    И што ако ќе завршиш факултет и ќе инвестираш во себе кога на крај излегува животот да ти помине во чекање, доколку немаш некој или некаква книшка за да те примат на некој ваков оглас, дури и на обичните огласи што не се од владини институции е исто секаде. Ако не си на некој нешто нема шанси да влезеш, или ке те мкнат по интервјуа ке креваат палци за на крај да не те удостојат со било каков одговор, или пак се одлучивме за друг кандидат, за потоа да дознаеш преку пријатели дека тој веќе таму бил и работел, а од тебе мајмун правеле.
     
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Обично за која и да е државна работа огас за работа се издава само како формалност и да се запази законот, а на тоа работно место веќе некој работи.
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Сите огласи за во државно се само една формалност,затоа што луѓето работат од поодамна ,а огласот е за нив за да си добијат решение,бидејќи спрема закон нели мора да има оглас...освен ако немаш некои врки-партиски нормално па да се понадеваш на нешто ;)
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Еве го мојот пример огласот беше отворен конкурирав и ме примија во државна институција имаше оглас за четири трите колешки работеа неколку месеци како волантери а јас одма стартував немора да значи дека е тоа формалност,но признавам истиот ден кога конкурирав веднаш се растрчав за врски.
     
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    и јас да си кажам дека сега воопшто не се замарам со овие огласи за во ЈА затоа што пред две години и јас кога диоломирав, и тоа сум дипломиран ЈАВЕН АДМИНИСТРАТОР, пуштав секаде огласи, одев до скопје, дремев таму по неколку саати, си полагав и одма наредниот ден ми стигнуваше писмо за тој што е пример, абе како успевааа толку брзо да стигнат писмата??????нормално од напред се знаеше кој е вработен, само едно немие јасно, зошто се малтретираат сами тие, а и нас не малтретитаат да одиме, да трошиме пари,време а највеке нерви???? :devil: зошто воопшто мора да објавуваат???
    ако воопшто немаш јаки врски, воопшто не се замарај со овие огласи!!!
     
  16. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Пред месец дена во повеќе градови во Источна Македонија се објавија огласи за работни места во службите за водење на матични книги, (матичар) противпожарни установи и МВР. Описот на работните задачи за матичар и службеник во МВР подразбираше работа со странки, издавање на службени податоци, потврди и сл. сопствено биро, работа која ти ги нуди сите бенифиции од работниот однос и знам дека аплицираа лица со високо образовни профили. При апликацијата на веб страната, графата за образование те одбиваше при внес на повисок степен од бараниот, тоест средно а работата со странки не е за потценување и за некој што тукушто паднал од Марс, си бара вештина во комуникација, одреден степен на интелегенција ( да разбереш што бара странката, кај да ја насочиш и сл.). Нужна е селекција. Но ете не земаат во предвид ако си со високо образование.
    Точно е дека огласот е формалност, со кој навидум се покрива законската постапка, но и таа не е докрај и доследно спроведена, затоа што уште пред истекот на рокот, лицата се веќе разместени. Од правен аспект е груба повреда на правилата на постапката и ако случајот би добил судска разрешници, овој факт, ќе ја поништи постапката. Но треба некој да ја иницира да го тужи органот, Министерствотот кој го објавил огласот, кој ќе изнајде милини начини и толкувања да си ги оправдаат одлуките, ако и судството не беше толку зависно. За кадровската селекција немам зборови, се разместуваат разно разни профили од багабонти кои го отспале средното, до тепачи и отслужувачи на затворски казни кои ќе шетаат во униформи и ќе го чуваат јавниот ред и мир, па се до шмизлички кои наместо обрасци за поднесување патни исправи, даваат на странките сметки за имотни листови, па се прави општ хаос на штета на граѓанинот.
    Во државата можеш се само да не бидеш неутрален и индивидуалец, стануваш маргиналец, чаре нема освен кнедла да проголташ и да се придружиш на ниската политичка култура и манијачно да глумиш лојалност, за да добиеш во иднина противуслуга оти факт е дека изборот се врши на партиските состаноци на кои жустро се борат за своите одбрани кандидати, чии имиња влегуваат во игра пред да се објави огласот и во чаршиските моабети уште пред да се направи нешто, се шпекулира кој тоа ќе го лапне местото.
     
    На butterfly6223, sesilija, abeajde и 2 други им се допаѓа ова.
  17. abeajde

    abeajde Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16

    Браво за елаборираната ситуација што се дешава со младината...трагично е младите луѓе да сакаат да се вработат во администрација...ама како што рече мизеријата ја зафати и оваа генерација...ццц
     
  18. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Жално е што ова почнува да се случува и во приватните фирми,посебно поголемите,барем кај мене на работа го има само гледам некои нови донесени а ни оглас ни ништо се чудиш од каде се појавиле.
     
  19. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Јас сметам дека огласите што се за државна аминистрација се пуштаат да се запази правната норма инаку секогаш се пуштаат огласи на некој кој веќе работи на тоа работно местои претежно се исполитизирани.
     
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    не само во ја туку ова почнува да се случува и во приватните фирми на жалост :(