Огласи за работа во државна администрација

Дискусија во 'На работното место' започната од Marilyn-Monroe, 27 март 2011.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Пратив CV на оглас од Министерство за економија.
    И верувале или не, добив повратен меил со датум на кој треба да полагам Испит за државни службеници. :o :o :o

    Што им е бе? :^)
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Со среќа Мерлинке, имам барем малку надеж дека конечно ќе се вразумат и нема да биде наместено.
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ништо не им Мерлинче, те викаат да им пополниш бројче чисто онака формално....Значи ако се решиш да одиш ќе полагаш испит за државни службеници има општ и посебен дел, мислам дека во различни денови се полага. Потоа ако положиш си добиваш сертификат за државен службеник кој мислам дека две години ти важи за да го приложиш при вработување, т.е. при конкурирање.
    Најискрено од се срце ти посакувам да успееш да се вработиш, јас веќе не одам на ваквите огласи, ми се смачи..за џабе изгубено време, пари и нерви...за на крај да добијам одговор дека не сум примена, а луѓето Бог знае од кога работат...ова се само формални конкурси и огласи... :(
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Мене ми е чудна работава, зашто знам дека на тие што работеа слично на волонтери преку агенцијата, им овозможуваа да полагаат испит за државни службеници па откако ке го положат да им дадат решенија. Претходно во работа може и да поминуваа по 2-3 години.
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    А дали ти волонтираш, ако волонтиташ тогаш оди и полагај го испитот за држ.служб., во спротивно овие огласи се гола вода....бев на 10-15 вакви откако дипломирав и само се залажавував дека ќе ме примат...Потоа од една моја другарка која работи во Мин. економија дознав дека се намештаљки и дека конкурсите всушност се распишале за да им дадат решенија на оние кои веќе работеле само под договор, значи примале и плата. Јас веќе не конкурирам за ниту едно министерство, си барам работа по приватните фирми иако и таму е тешко да се влезе, и за таму треба пријатели и дебели врски.
     
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Само пратив CV за работно место тоа и тоа и како повратен меил добив дека ми е закажано на 21.04 полагање на испитот. |(
     
  7. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    478
    by the way....каде може да се набават овие тестови за државни службеници...и не знам дали сум во право, ама од кога ќе го положиш..„звањето“ трае само една година? :^) :^)
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    И мене малку чудно ми дојде ова, зашто колку што знам треба прво да работиш како приправник (една година мислам), па да можеш да полагаш државен испит. Да не го сменале законот? Не ги пратам веќе подолго време, па не ми е јасно.
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Еве го материјалот http://www.aa.mk/?ItemID=765DF7B9E7A0EF ... 6845959A8A

    Така знам и јас.
    А да би одела пример да го полагам, за понатака би ми важел.
    Ама што ако ми важи кога јас без кабли не влагам во државна администрација? |(
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    478
    уффф....ги знам тие материјали... :(
    работата е што имам слушнато дека некаде може да се најде скрипта со прашања (и одговори) како оние што ги наоѓавме за колоквиуми ;)
    и као 85% се паѓале |(
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    baranje-rabota/polaganje-na-ispit-za-drzaven-sluzbenik-t3143/
    Во оваа тема споредувале искуства феминките.
    Ама сега тој општ дел е теоријата што е наведена во материјалот, а практичниот дел е информатичкото баратање наше.

    А и крај-краева, ако сеуште постои усното, како на комисијата јас би и одговарала прашања во врска со работното место, кога реално, никогаш не сум работела (а и работното место не бара искуство), ниту на било кој начин сум можела да знам што опфаќа работата?!
    |(

    http://www.aa.mk/?ItemID=EAE386C1D2ABD9 ... 255D0FACA9
    И овде е појаснато.
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Значи те викаат да полагаш испит за држ. службеник, ако положиш си добиваш сертификат дека си државен службеник што не значи дека и си вработена т.е.дека те примиле на работа. Тетка ми го има тој сертификат и ене и го дома си го чува...
    Ако сакаш да го имаш сертификатот оди и полагај, мене татко ми и до ден денес ме замара и ми вика да одам да полагам, во смисла не се знае кај ти е среќата, ама јас едноставно знам дека за таму не ми треба среќа ми требаат кабли. :!:
    Не знам како да те советувам, сепак ако имаш време оди и види за што се работи, полагај па ќе видиш, можеш само неколку часа од денот да изгубиш, а можеби па ќе добиеш нешто, навистина не знам. Јас си кажувам за мене, дека сум разочарана од ваквите огласи, никој не може да ме разубеди дека можеш без врски да се вработиш во држ.администрација, оној кој го кажува спротивното лаже, затоа јас не ни конкурирам повеќе, доволно време изгубив. Со среќа :)
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Па може да паѓаат 85% како во стилот на Мерлинка, од оглас те праќаат на испит и како да те откачат те буткаат на испитот.
    А ај некој што е пред решение нека го бутнат!!! No way! :)
    Иначе врие, напросто врие од огласи за државни службеници, нормално идат избори, мора да се вработат сите луѓе пред изборите (кои и сега работат ама без решение) за да не добијат после тоа клоца.

    Иначе само да си ја поздравам колешката Лолитка со која сме исгубиле живци по таквите огласи (иако мене само 3-4 месеци ми траеше таа надеж, ама се погоди термин пред избори па имаше огласи еден тон) . И јас искрено се чудам на луѓе кои ќе ми речат еве 3-4-5 години се маткам по интервјуа за администрација, ќе го спомнам пак кога една жена ми рече 20 години одам по интервјуа. Мислам дека државен рекордер е. Јас искрено за мулиња ги сметам нив, што уште се надеваат. Дај боже од таквите луѓе кои мислат поштено дека ќе се вработат во адмминистрација и со години се маткаат, само еден да се вработи, дури и тоа ќе е успех :lol:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    лелел не се надевај и радувај многу, и јас пред две години кога испратив на неколку места ви вратија потврдно, и тоа ми испратија писма на домашна адреса, и јас тогаш си реков ајде да ја пробам среката, ама не добив ништо туку само изгубив одејки од ох до ск :envy: одамна се откажав од овие огласи, кога ке видам одма ги прескокнувам...тие си играат мајтап со нас, а ние глупичките се надеваме, лелле како се нервирам за тоа како ништо не функционира кај нас :devil: :devil:
     
  15. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    101
    јас лично немам никакво искуство со јавнава администрација но само сакав да споделам еден пример од моето секојдневие.Една моја комшика има завршено средно економско училиште но бидејќи нејзиниот чичко е директор на една од ГЛАВНИТЕ државни установи таа си ја доби работата веднаш и беше кажано само да се појави на некое си интервју а додека оние што беа квалификувани за тоа работно место кое и те како бара високо образование беа одбиени.Сурова реалност што да правиш. :puke: Сепак ви посакувам среќа на сите кои немате КАБЛИ за вработување да си пронајдете работа по струка ;)
     
  16. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    963
    Имам едно прашање за тие што работат во администрација или пак биле на интервјуа за работа таму. Пред повеќе од месец дена бев на тестирање за државен службеник и по некое време ме повикаа на интервју. После интервјуто ми рекоа дека одлуката за извршен избор ќе биде донесена во рок од една недела и ќе биде објавена на сајтот на администрацијата. Одтогаш поминаа повеќе од две недели. Па сакав да прашам одприлика за колку време носат одлука и дали на сите посебно му се јавуваат било да се примени или не?
     
  17. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    интервју за работа

    девојки,дали некоја од вас аплицирала на поседниов конкурс за администрација,објавен од агенцијата за државни службеници..и дали е повикана за интервју во владата за утре?ве молам ако има некоја нека ми одговори...и уште нешто,,,ако има некоја од скопје нека ми каже какво е времето таму...или некоја што отишла вчера..какви се патиштата?дали се исчистени и проодни?однапред ви благодарам
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Би ти препорачала да не се замараш воопшто, се се тоа партиски вработувања.
    Патиштата се КРШ неисчистени (мислам на автопатот)
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    интервју за работа

    И јас мислам како и Славица, ако имаш дебели врски за тоа место, односно ако веќе си сигурна дека влегуваш можеш да се потрудиш да отидеш ама на вакво време не ти препорачувам, од лично искуство ти зборувам, јас веќе не ги ни гледам тие огласи, зошто кога ќе отидам на интервју како насамарено магаре се осеќам кога ги гледам се клатат низ ходници тие што веќе работат на работните места за кои ти одиш на интерву, и потајно се смешкаат си фаќаат сеир а ти го губиш пола ден зашто никогаш не почнуваат на време. Знам дека после ќе ти работи совеста, ќе си мислиш што ќе беше ако беше и сл. ама размисли си дали вреди.
    А со патиштава е срамота, автопатот им текнало сабајле да го чистат, па што правеле ноќеска бе, тоа треба да се чисти по итна постапка а не да се наспијат прво.
     
  20. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    обично каснат со одлуката ...а ја обајвуваат на страната на агенцијата за државсни службеници...на никој не се јавуваат лично,само вадат листа со тие што се примени...а се е однапред договорено кој ќе биде примен,,затоа некој што нема јаки врски,што ветуваат работа џабе е да оди,тоа интревју е ради реда,,,и јас требаше да отидам некни али ништо.....што барам кога немам јаки врски
     
    На Irida му/ѝ се допаѓа ова.