Огласи за работа каде се бара кандидатот да не е постар од 35 години

Дискусија во 'Барање работа' започната од Tanjamm, 25 декември 2021.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Секако.
    И камионџија да бараш не смее да пишува - барам маж. Мора да е маж или жена.
     
    На WildMk, Nausicaa, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.626
    Допаѓања:
    174.874
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам.

    А огласите за во казината ги имам видено со такви ставки.
    Сигурно имаат право на тоа. Не верувам дека така апла го кршат законот
     
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Веројатно затоа што никој досега не тужел за оглас па пишуваат што сакаат. Нема логика да постои правна подлога да можеш да си келнерка на 25 години а не на 40.
     
    На WildMk, Nausicaa, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.083
    Допаѓања:
    174.026
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е дискриминација да пиши ограничување на возраст, сем нели ко шо спомнавте - полиција пошто за одредени позиции е важна физичка спретност и можност да се врват обуките и тренинзите. Како и да е, јас немам сретнато вакво ограничување на оглас и чудно ми е да има и да не е некој скандал. Не велам дека не се случва, само чудно ми е дека не е a bigger deal за толку јавно да се пиши ова ( мислам на огласите да се пиши јавно, не ми прај скроз смисла реченицата, не знам како да напрам да прај смисла зато дообјаснувам). На крај краева и да пишиш и да не пишиш шо бараш маж/ жена, под/ над 35 и слично, пак работодавец си има свои критериуми и пак ќе си вработи по свое, напишал то или не. Ќе велев фер е никој да не се дискриминира и да да добие фер шанса, ама од друга старна си викам фер е да знај дека ако оди е џабе интервју и работодавец нема ни да го погледни 2 пати, па оти време да си троши некој ко можи за на друго интервју да се спреми.
     
    На Someonespecial, WildMk, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Да. Е дали таа тужба ќе стигне до суд е друго прашање. Но за фризерски салон и онака повеќето се млади. Постарите си отвараат сами да работат.

    Може да пишеш во огласот барам почетници сл 2 години искуство и таман.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    :D
    Screenshot_20211226_092444.jpg

    @theowndemon, ама можеш и да не го викнеш на интервју ако нешто не ти се допаѓа во CV-то.
     
    На Guns N` Roses и WildMk им се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Нѐ смее според законот за работни односи, ама ретко кој почитува.
     
    На Cosmic Girl, WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Пошто ние што сме над 29 немаме психофизичка способност да продаваме парфеми :D Свашта.
     
    На Ljubova, Guns N` Roses, Mantub и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    14.337
    Пол:
    Женски
    Поентата на огласиве е дека имаше некои поволности за вработување на млади до 29, па после до 35 год. Нема никаква врска со способноста за работа, туку фирмата сакала да искористи тоа што државата нуди како олеснување при вработување на млади лица.
     
    На СуперДевојка, Cosmic Girl и tina2018 им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.801
    Допаѓања:
    80.549
    Пол:
    Женски
    Секако дека е дискриминација. Ама ако фирмата си има некои критериуми зацртано, ако сака млад персонал... ок. Нама врска способност, неспособност. Таков сака, таков ќе си бара и вработи. Не дека работа не ќе најдат другите, 1 во 1000 огласи ако е ограничен со возраст.
     
  11. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Машки
    Обично, политикантиве даваа некој поволности на работодавците, за вработување на млади лица до 29 или до што ти ја знам имаше нешто и за до 35години.
    А искрено воопшто не ми е логично, затоа што секој сака да се вработи и плата да зема.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    13.706
    Редовно отварам огласи, колку да видам што се бара. Факт е дека по 35 години веќе луѓето имаат потешкотии да најдат работа. Замислете дека младите имаат потешкотии да најдат работа до 30 години, а потоа по 35 години следи ограничување. Па кога и каде ќе работат тие луѓе? Во една друга тема кога реков дека по 40 години е тешко да се вработиш, чопоративно ме нападнаа демек тоа биле убави години, не биле тоа стари луѓе, таман биле за прво вработување кога ќе ги израснат децата и немаат обврски ( ова е за некој убав мотивациски говор, ама реалноста не толку розева). Овде што и да пишеш се некој ќе се пронајде навреде, иако сме на форум, па не се ни знаеме, и ќе те направи од урда подоле, па како тоа си пишала дека е доцна за прво вработување на плус 40 години? Неодамна разговарав со една жена која поседува фирма за посредување при вработување, и ја прашав што со апликанти кои се на 40 години, а не работеле. Жената почна да се смее на глас и ми вели „Што ќе ми е да се пријавува кандидат од 40 години, ако немал искуство, и цел живот не му текнало да работи, па тој нека се спремна полека за пензија, а не за прва работа“. Условите во Македонија се тешки, а се снаоѓа кој како знае и умее.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Ако бара работа на 40, не значи дека нема работно искуство.
    Замисли, замисли.. можно е да си работел пред тоа.
     
    На Аргентина * и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    13.706
    Ако нема работно искуство и за прв пат бара работа е проблем. А ако има и е над 35 години, како што гледаме по огласиве нема да биде лесно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.293
    Знам, од лично искуство...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.642
    Допаѓања:
    161.625
    На вакви огласи знае и Хелсиншки да се јави до правниот субјект.
    Не смее да се случува дискриминација.
     
    На WildMk и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Годинава бев на околу 8/9 интервјуа. На секој оглас кај што мислев дека може да работам, праќав цв. Никој не ми се јави. Дали моите 36години беа пресудни,дали тоа што сум човек што не сака врски и пријатели за работни места не знам. Работно искуство имав, плус сега се се учи. Значи јас кај да е да се спремам за во пензија. Е од такви газди ни пропаѓа се. Моето прво вработување беше на 22години одма по дипломирање (не по струка). И јас будала не да фатам да се акам по партии и штабови за да си го средам животот нормално за сега на 36години да не планирам пензија,туку најдов да работам кај што прво ми се фати. После следеше породилно, затворање фирма, проблеми и останав дома. Живеам во мал град кај што нема многу опции.Инаку, лично јас гледам се повеќе постари жени по маркети, продавници и слично. Оти младите не сакаат такви работи веќе. Според мене дискриминирачки се такви огласи и тоа многу освен секако за професии што стварно е потребна младост. Иако пред некое време видов оглас мислам продавачка за накит или така нешто пишуваше само 35+. Значи има надеж :)Ама еве на пример платени војници нели на околу ,45години ги распоредуваат на други места. Ако се сака се се може, не се толку важни годините, особено кога ќе видам оглас за продавач наведени квалификации како за во Наса да е работата. Ама тоа е, кај да е ќе ги снема работниците....
     
    На Cosmic Girl, cresa-jagoda, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    13.706
    Toa што некои жени со 50 години наоѓаат работа по маркети, фабрики е благодарание на младите кои не ни сакаат да работат. Среќа на постарите, оти да беа младите вредни, за постарите место ќе нема на овој пазар на труд кој и така е оскуден со избор на професии, и шанси за напредок. Сите овие години доаѓаа многу практиканти на работа во фирмите каде работев. Ај што поим немаат, не ни сакаат да учат. Дрски, арогантни, основна култура нема, не знае една сложена реченица да склопи, и како ќе работи? Сакаат плати, ама немаат абер да почнат да работат. Буквално со памет во облаци, ама па во суштина се неодговорни кон самите себе. Една постара колешка која е над 40 години цело време ме караше зошто им давам совети како се работи. Ме учеше да си терам работа, ако се снајдат нека работат, ако не не. Абе и со совети, и со добронамерно укажување, нема фајде. Едноставно со инка да му ставиш во глава нема да сфати и крај.
     
    На supergirlmb и tina2018 им се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Се бараат млади повеќе затоа што и самите фирми преферираат евтина работна сила наспроти искуство, што пак долгорочно е сепак на штета на самата компанија. Кај нас сѐ е наопаку, па и ова, имаш менаџери, директори, газди недоучени, необразовани, на кои единствена врска со претприемништвото им е кафаната. Чест на исклучоци.

    Веќе одамна има тренд, не само во ИТ секторот, туку секаде каде што се планира здрав развој на компанијата, се прават максимални напори за вработените да бидат што позадоволни од работното место затоа што компании со задоволни вработени покажале многу поголем успех, профит и подобри перформанси наспроти конкурентски компании каде не бил таков случајот.

    Цел свет се бори да најде што поквалификуван кадар само кај нас обратно, останала илузијата дека младите ќе трпат сѐ ако им дадеш работа со минимална плата. Затоа до пред пандемијата плачеа угостителите, не можеа ќорав келнер да задржат, сите им избегаа по бродови. Конфекциите исто така само стенкаа пред комори и државата дека не можат да најдат шивачки со искуство, толку години работа, на газдите им беа поважни џиповите отколку да инвестираат во обуки, па државата им е крива, треба да им ги обезбеди.

    За казината е малку поспецифично. Колку и да си спремен физички, едноставно годините поминати во работни трети смени ќе си го направат своето а најмногу штетата на организмот, така да и да бараат луѓе во години многу тешко дека ќе се издржи тој ритам на работа. Затоа и секаде во светот се бараат млади за работа по казина, но со голема разлика во платите. Филозофијата на оваа дејност е да поработиш дури си млад, ќе извадиш добра пара, па понатаму ќе имаш избор што да правиш, а кај нас се платени добро како за просечно добар живот овде, но не доволно добро за да ти останат средства и да заштедиш за кога ќе ти биде доста од таа работа.
     
    На senza.parole, supergirlmb, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.305
    Пол:
    Женски
    Според закон за работни односи во оглас за работно место мора да наведе кои услови се бараат од кандидатот. Поентата е да се јават тие кои ги исполнуваат тие услови. Ако возраста е услов за одредено работно место, а може да биде, мора да ја наведе потребната возраст. Возраста не смее да биде причина за дискриминација на вработениот на работното место (во однос на плата, награди, однос итн). Но ако се работи за пополнување на работно место каде што услов е одредена возраст (еве на пример заради физичката подготвеност која ја бара работата) тогаш тој услов мора да стои во огласот, во спротивно ќе се јават кандидатите кои не ги исполнуваат условите. Законот дозволува лица над 15 години да може да стапат во работен однос и за нив важат посебни работни услови, различни од оние кои имаат над 18 години.
    Во однос на полот некој дискутираше- полот како услов за вработување може да стои во оглас за работни места САМО ако природата на работата е таква да мора да ја извршува лице од одреден пол. Доколку нема такво нешто, полот не треба да биде причина за отфрлање на кандидатот, и тогаш е дискриминација.
    Во приватен сектор еден куп дискриминации сум сретнала низ годините и приватно и професионално. Кога излегов од факултет некои работи не ги знаев, не знаев на кои основи не смее да дискриминираат при избор на кандидати. Одговарав на прашања кои не требаше да ги засегаат. Ама човек најдобро учи на сопствено искуство, тоа е.
    Конкретниве огласи може се со цел да се искористи некоја мерка која ја нуди владата, за да се стимулира вработување на одредена категорија луѓе, но верувам дека никој не би вработил некој по секоја цена, туку најверојатно и фирмата имала потреба од почетници. Добиваат и двете страни. Инаку сум видела и фирми каде што упорно се бараат почетници, само заради тоа што ќе ги плаќаат како почетници. За помал трошок добива некој што ќе ја прави истата работа и ќе го товари, зошто младо е нели. Неискуството не му смета, по цена на помала плата работодавецот е спремен да го учи како се работи. Ако утре си замине заради малата плата, не е проблем, одма дај друго дете зошто невработени имаме еден куп. Си прават нивна математика едноставно. Оној кој сака веднаш спремен и стручен вработен, со минимална обука да почне да работи, тој не бара почетник, плаќа соодветно на искуството ама бара брзо резултати од него.
    Нема што да ве плашат годините кога излегувате на пазар на трудот. Имајте си во предвид дека не за џабе се нарекува пазар. Како успешно да се „продадеш“ се научува. Возраста е таа што ја имаш, тоа треба да си го прифатиш и согласно неа треба да конкурираш на огласи и согласно неа треба да се презентираш прво со ЦВ-то а после и на интервјуто. Реално не би ни требало да ти е криво зошто не исполнуваш услов за некоја работа, ти заштедиле труд и време во барањето работа. Ти кажале однапред што да очекуваш. И треба да си реален што бараш од една работа а што нудиш како вработен, и да конкурираш таму каде што стварно би се вклопил.
     
    Последна измена: 28 декември 2021
    На Mikha4, supergirlmb и Tanjamm им се допаѓа ова.