1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оглас за вработување полицајци

Дискусија во 'Барање работа' започната од HappyG1rl, 7 октомври 2013.

  1. HappyG1rl

    HappyG1rl Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Верувам дека повеќето сте запознаени со штотуку излезениов оглас

    За прием на 400 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи.

    -Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од (1) една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.
    -По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат договори за вработување во Министерството за внатрешни работи.
    1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
    -да е државјанин на Република Македонија,
    -да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот,
    -да има завршено најмалку четиригодишно средно образование,
    -да е здравствено и психофизички способен и
    -со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
    2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
    -потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена), и
    -висока лична физичка подготвеност.
    3. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
    -уверение за државјанство,
    -извод од матична книга на родените,
    -диплома за завршено четиригодишно образование,
    -доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, и
    -две фотографии во големина на патна исправа.

    Ме интересира дали некој има конкурирано на претходниот оглас и ако има и сака нека сподели искуство?
    После колку време од поднесувањето на документите следуваат тестовите за физичка подготвеност?
    Колкави се шансите да се успее без врски?
    Колку се запазени критериумите при изборот или се е само формалност?
    Мислев да конкурирам па секоја информација ми е добредојдена...
    Благодарам однапред.
     
    На peperutka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jani4ka

    jani4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали има некој што е бил на ланскиот конурс и да појасни каде се седи,кога се оди дома,кои им се дневните активности...? :)
     
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476
    Хаха кога веќе дојде ред да се поставе прашањево,најверојатно веќе знаеш дека си примена :D
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Здраво

    Имаа конкурирано, една братучетка и една другарка.

    Братучеткава отсекогаш спортувала, има висина, ама нема кондиција, нема снага, дебелка е со сало, како ѓуле. Извините на изразиве, но да опишам поубаво.
    Имаше огромни врски (со кои се изнамачија да ги средат, само јавувај се, моли се, прашувај) и ја примија.

    А, другаркава за 2 цм не ја примија (требало да е над 165 цм висока), а е физички премногу спремна, издржлива, цврста, борбена, не плашлива. И секако, немаше врски.

    Но, пак ќе речам, кој сака, нека проба. Може ќе има среќа.
     
  5. jani4ka

    jani4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0





    Го поставив прашањето бидејќи се двоумам дали да си ја пробам среќата и да аплицирам, па ме интересираше што и како е било лани. :)
     
  6. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    3.102
    Пол:
    Женски
    и јас сум заинтересирана и сакам да се пријавам,единствен проблем ми е што не можам да издржам да направам 27 склекови како што е наведено на огласот и не знам што да правам,а многу ке ми е жал ако не се пријавам ...
    паа споделувајте информации :)
     
  7. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    Доколку имаш партиска книшка и дебели врски тогаш надевај се , се друго е џабе надеж.
     
    На NeVeruvajVoNikoj му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Се надевам дека свативте нешто од огласов на македонски шуми,ако имате пари секако ќе бидете примени.
    Така да ако одите без врски не се трошете џабе не патувајте за квалификациите залудно е секако.
    Сакав само да ја знаете реалноста не ми замерајте :tmi:
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.206
    Пол:
    Женски
    Еден мој другар беше на ланскиот конкурс, спремен дечко, сите критериуми ги исполнуваше, освен нели, најважниот. И нормално, не влезе, па каде бе дечко, немаш книшка.
    Не се лажете, ако немате дебели врски и книшка џабе е. Јас немам ни слушнато некој на право да влегол.
     
    На NeVeruvajVoNikoj, EMA2 и anggell им се допаѓа ова.
  10. bibi23

    bibi23 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    конкурсот е гола вода, бидеќи пред време се знае кој се примени ова му е колку народот да рече ги избраа најдобрите :^) јас бев пријавена на ланскиот конкурс, ги исполнив сите критериуми физички способности, писмени тестови, интервју и здравстевни прегледи но кога дојде време за потпишување на договорите за обука излегоја некој сосема ни видени ни чуени кои не биле ни на прегледи туку фатиле врски од после :| и нормално јас која немав никакви врски си останав сто би рекле на цедило :@
     
  11. HappyG1rl

    HappyG1rl Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Какви се прашањата на тој општообразовен тест?
    Се пријави ли некоја феминка?

    Инаку знам дека и со сите исполнети критериуми да те примат без врски би било 8мо светско чудо... :wasntme:
     
  12. bibi23

    bibi23 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    прасанња од општа култура :rofl: јас бев на ланскиот конкурс пријавена небеја воопшто тешки ;) памтам дека имаше кој е првиот збор од македонската химна :lol:
     
  13. Hana01

    Hana01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    ако имаш врски и добро сума на пари да ја понудиш на правилниот човек,тоа е услов за прием на полицаец :)
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476
    Цитирам другар,кој беше конкурирал на претходниот оглас и веќе е вработен:
    'Дебели врски фанав,и дебело ги платив'.

    Што понатаму да кажеме.Ретки се тие кои се вработени,поради нивните физички и образовни способности.А уште поретки се тие кои не посегнале по врски.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bibi23

    bibi23 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    не да се ретки тие со немаат врски и немаат платено туку воопшто и ги нема, се само некој внуци на функционери или платиле голема сума на пари тоа ти е наша чудесна МАКЕДОНИЈА :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. chiquita1

    chiquita1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Дали некој знае на која адреса може да се поднесе приговор во врска со конкурсов?
     
  17. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Каде би поднела приговор? Кој уствари би ти го разгледал приговорот, кога уште пред да се објави конкурсот се знаеше кои ќе бидат примени? Не знаеш божем во кое срање од држава живееш...!
     
  18. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    На ланскиот конкурс брат ми се пријави,али многу напорно тренираше сабалјето станува и одма оди да трча по 20 и нешто круга,после доаѓа па зема ранец го напуни со песок и трк на Пеленица :tmi: потоа се враќа оди у подрумот прави згибови,доаѓа дома прави по 60 склекови и различен вид на вежби и останува вечерта ако го викне другар му да тренираат бокс,е вака секој ден му беше..
    Али заслужено..го примија,влезе леле живи радости беше :D
    А нема некој што е влезен таму,мислам што го примиле а е без врски :)
     
  19. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    Јас скоро 1 година напорно вежбам,и од мала сум имала желба да работам ваква работа..Па дај Боже да има пак конкурс за 3 години :D :D
    Министерството за внатрешни работи, ќе распише Јавен оглас за прием на нови 400 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството, трет ваков конкурс кој што ќе се реализира согласно веќе стандардизираните и исцрпни критериуми.

    Исто како и при распишувањето на претходните два конкурси за прием на полициски службеници, кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, а да не наполниле 25 години, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да се здравствено и психофизички способни и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
    Освен овие општи, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови: телесна висина од најмалку 175 сантиметри за мажи, односно 165 сантиметри за жени, како и висока лична физичка и психичка подготвеност за извршување на полициските задачи.
    Општи и посебни услови:
    Државјани на РМ
    Да не наполниле 25 години
    најмалку 4 годишно средно образование
    здравствено и психофизички способни
    да не им е изречена правосилна казна забрана за вршење професија

    За мажи:
    висина најмалку 175 см
    60 стомачни склекови
    55 градни склекови
    трчање 3200 м за 13,30 мин
    10 згибови на вратило

    За жени:
    висина најмалку 165 см
    60 стомачни склекови
    27 градни склекови
    трчање 3200 м за 16,30 мин
    [​IMG]
     
    На Lepotajce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.817
    Пол:
    Женски
    И овде ако немате врски џабе ке конкурирате.
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.