Не знам дали гледаат, ама јас гледам од претходните генерации дека се примени и пониски од мене, плус машки па сега ти види кој и што гледа
Нема учичиште за полициски службеник како порано. МВР во зависност од потребите распишува јавен оглас и секој може да се пријави. Кандидатите се избират по пат на селекција и проверки, постојат повеќе фази на селекција итоа, проверка на физичките способности, општо образовен и психолошки тест, интервју, општо информативен разговор од Агенција за Национална Безбедност и лекарски прегледи. По завршување на сите овие, комисијата за избор ги избира најкомпетентните кандидати и истите се испраќаат на обука-курс во времетраење од 9месеци во центарот за обука на МВР. Услови кои треба да ги задоволиш за да се пријавиш е да имаш завршено четири годишно средно образование. Исто и висината е клучна во селекцијата, килажата не. За женски потребна висина е 165см, за машки 175см. Иначе, да не знај некој кога ќе почнат лекарските прегледи? Јас разбрав дека оваа недела требало да почнат.
Кај се тие што бараат 5к евра? Само партиски, не знам поинаку да влегол некој во МВР евентуално да е син/ќерка/внуци на тој некој погоре
Не знам, разбирам лепење плакати порано, во двеилјадитите години имаше страшна сиромаштија и невработеност од околу 40%, оние кои беа вработени во приватниот сектор немаа никаква заштита и мкд газдите се иживуваа со голем дел од вработените како на пример недавање плата, давање бонови/сокови/зеленчук наместо пари како плата, неплатени часови, непријавување, недавање одмори итн. Тогаш имаше смисла тепачката за државна работа на која се гледаше како сигурна во смисла загарантирана плата (иако некои сектори каснеа) и немаше ризик да те избркаат бидејќи така му текнало на шефот итн. Денес платата во државна администрација е мизерна и во некои сектори касни со месеци, за да се вработи човек треба да се продаде на партијата и да му шефува некој неписмен муџа од некое село од Косово. За оние со сина крв друг муабет, они одма ги ставаат за директори така да не ги бројам.
Па нема врска што е платата мизерна кога им одговара на многу да клатат врата што би се рекло. И сега многу е тешко за асална работа во приватен сектор, така што многу се продаваат за партија ко што велиш ти. И не е само да си зачленет во партија и да трчаш, туку треба да си платиш за работно место. Ако не платиш, ќе чекаш за работа. Имам блиска, оди за избори, но не работи државно. И што дека трча?
Е да, заборавив на овој менталитет, тоа е рак рана на многу општества, неамбициозноста и краткогледноста. Тогаш другарка ти нека смени стратегија бидејќи евидентно оваа сега што ја има не функционира. Нека смени дрес, нека го потплати вистинскиот човек, нека заврши курс, нека почне свој бизнис, нека отиде во странство...
Добро, со ова странство кога ќе почнете... Мислите така е тоа, таму е мед и млеко. Другаркава работи, но не е по струка, трча пред избори, но што дека. Чека да ја вработат.
А јас би рекол секој да е среќен и исполнет и да си ја работи работата што ја сака ... Тоа што го дискутирате се факти за жал,но секој има различна перцепција на работите,на некого му е желба да работи во полиција,но ете условите и околностите се такви какви што се,тоа не значи да демотивираме и плукаме по некого што сака да работи таму,иако би било добро да ги знаат и негативните аспекти,но ако е добронамерно и конструктивно,а не сега мене не ме примиле па удри со камења. Не само во полиција туку за било која државна работа така иде вработувањето,и тоа е аномалија на системот и општеството... Познавам другар што моментално е во специјална единица,и морал да го помине истото бидејќи за да си дел од таа единица мора да влезеш на обука за полицаец,така да не може да се генерализира.
Другар јас се помирив со одредени работи, и не, не удирам со камења по оние што се примени ако се луѓе што ги бива а некој ги подгурнал, затоа што кажав сум помирена со ситуацијава, ама примено е ќоро и сакато секаде, не само во МВР, има полицајци да ми простиш да ги плукнеш ќе паднат е тука е кривото