Shto najmnogu prashuvaat na intervjuto od tie shto ste bile pa ako pamtite da kazite I dali intervjuto go sproveduva eden covek ili poveke lica se vo komisija
Според законот за внатрешни работи: Безбедносна проверка Член 68 (1) Пред засновање на работен однос во Министерството, се врши безбедносна проверка на лице заради утврдување на безбедносен ризик. (2) Безбедносната проверка од ставот (1) на овој член, се врши врз основа на претходна писмена согласност на лицето. (3) За лицето кое ја одбива безбедносната проверка се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството. Степен на безбедносна проверка Член 69 (1) Безбедносната проверка на лице се врши како безбедносна проверка од втор степен, согласно прописите од областа на класифицирани информации. (2) Со безбедносната проверка Министерството добива податоци непосредно од лицето на кое тие се однесуваат, од други лица, државни органи, јавни претпријатија, установи и други правни лица и од постоечките евиденции што ги води Полицијата согласно закон. Безбедносен прашалник Член 70 (1) Безбедносната проверка започнува со пополнување на безбедносен прашалник. (2) Пополнетите податоци претставуваат дел од содржината на безбедносната проверка.