Нема точен законски определен временски период до кога мора да се заврши јавниот оглас, но може да се увиди врз основа на претходните. Последниот јавен оглас за 600 полициски службеници беше објавен на 16.12.2024 година и беше завршен за околу 7 месеци. Има некои претходни што траеле и подолго, меѓутоа и тие биле за поголема бројка од 600 полициски службеници, за разлика од сегашниот за 150 полициски службеници. Зависи секако и колкав број се пријавиле, дали помала или поголема бројка на пријавени има.
Има шпекулации дека тие 150 се надополнување на тие 600 и тие што паднале на физички ги вратиле пошто многу фалело кадар ама како што кажувате вие многу е краток временскиот период да бидат поминати сите фази на селекција
https://infomax.mk/по-25-години-пов...bQZjNkbCnqQeilfYew_aem_hc0zr669tKed4sWYiejlPQ Еве од 2026 септември се враќа средното полициско училиште така да овој изгледа беше последен оглас.
Го изгласаа законот, ќе биде училиштето во склоп на центарот за обука така да според мене ќе нема место и за други кандидати, изгледа беше овој последен оглас за со средно образование.
Mene na prethodniot oglas za so visoko obrazovanie dokumentite mi gi vratija posle 2 godini taka da ne ocekuvaj za skoro
Здраво сакам да прашам дали некој откако дал отказ во полиција има шанси повторно да се врати како полицаец
Доколку бил член на некој полициски синдикат нека се обрати кај нив, а и да не бил нека отиде до кај нив лично и нека праша.