Јас поднесов документи, меѓутоа ми кажаа веќе се знаело од партија кој ќе биде избран.Значи џабе опишано колку тестирања ќе има кога однапред се знае кој ќе биде избран, барем од градот кај што јас потекнувам
Јас бев да поднесам, иако после тоа ми кажаа дека веќе се избрани луѓето, огласот само формалност бил.. Како и да е, ги оставив документите, ми дадоа картонче со бројче и тоа е тоа. Ако некој поднесувал предтоа нека каже барем дали ќе ми се јават да си ги земам документите што ме чинеа тон нерви додека да ги извадам и заверам по нотари
Ц ц значи и кај вас исто, зарем би не тормозеле со тестирања, па здравствени, па интервјуа а се избрани И по нотари и извод и уверение од суд
Да, па и јас се вадев, плус уверение од судот вадев во друг град бидејќи сум родена во друг град а не кај што живеам... ама тоа е, барем на време да знаев дека партиски се веќе избрани, да не се мачев толку
Документите заедно со едно писмено известување дека не сте избрани на огласот и охрабрување да ги следите понатамошните огласи ке ви бидат доставени по пошта одреден временски период по завршување на целата процедура.
Фала ти, барем да ги имаме за нешто друго. @Mia...Mia или да легнеме на брашното и да викаме вмро/сдс are life ?
Исто значи, и јас одев во друг град за документи, се маткав по нотари, триста глупости. Јас ги носев во Карпош документите едно обични ливче со архивиски број ми дадоа само, без печат и потпис. Беа толку некултурни, мене ме фати срам од нивото однесување.. Не знам само кога би почнале да не бараат за тие проверки, дали пред или после изборите.. Искрено не се надевам оти секако ќе влезат само тие со најдебели врски посебно за со високо образование али ајде, да се проба. Секаде е така, за во секој град се знае кој ќе влезе, битно оглас има колку да се каже дека не се така влезени..
Па и јас така велам, да се проба ама ете се разочарав. Не мора да бидам јас (иако мислам исполнувам условите), ама нека влезат луѓе што се квалификувани за тоа работно место, а не партиски. После ќе крекаме не чини државата, е не чини де, како да чини кога вака се вработуваат скоро сите ?
Затоа кога и да се пријавам на оглас за во државно само 2-3тројца конкуренција има, општопознато е дека само се бламираме тие што се пријавуваме