Мене многу не ме замараа, после ручек дојдени Што имаш завршено, кај би сакала да работиш, зошто мислиш дека си добар кандидат и тоа беше. Добив оценка Позитивно, толку, 10мин се на се.
Чекај нека почнат да викаат прво, многу е тесен кругот за лекарски. Обичен преглед, како за кола кога полагаш што се вади.
https://www.dw.com/mk/димовски-со-р...то-за-тн-тајни-полиции-е-затворено/a-56570379 Спојлер: Безбедносни проверки -Надлежноста, правилата и процедурите за безбедносни проверки се дефинирани во Законот за Агенцијата за национална безбедност, Законот за класифицирани информации и подзаконските акти од областа на заштита на класифицирани информации. Целта на безбедносните проверки е давање на оценка за евентуално постоење безбедносен ризик при пристап и ракување со класифицирани информации. При оценката за постоење на безбедносен ризик за лицата за кои се бара издавање на безбедносен сертификат, се проверува дали истите сториле или се обиделе да сторат самостојно или заедно со други лица некое од кривичните дела содржани во Глава 28 од Кривичниот законик; дали соработувале или сѐ уште соработуваат со разузнавачи, меѓународни терористи, саботери или лица за кои постои сомневање дека се во врска со странски разузнавачки служби или организации кои би можеле да ја загрозат безбедноста на државата; дали биле членови или приврзаници на организации кои насилно, со субверзивни средства или на друг противзаконски начин дејствуваат против безбедноста на државата; дали намерно задржувале, погрешно интерпретирале или фалсификувале информации од важност за безбедноста и одбраната на државата; дали имале сериозни финансиски тешкотии или брзо се збогатиле; дали постои зависност од алкохол, дрога и/или други психотропни супстанции; дали биле или се инволвирани во активности кои можат да доведат до ризик за попуштање пред уцена или насилство; дали преку постапка демонстрирале нечесност, нелојалност, недоверба и индискретност; дали се обиделе или презеле неовластени активности во однос на комуникациските и информатичките системи; дали постојат болести или ментални/емоционални состојби што можат да предизвикаат неправилности во проценувањето и да претставуваат потенцијален ризик за безбедноста, и дали се способни да го издржат притисокот на роднините или блиските соработници за оддавање на класифицирани информации кои би можеле да ја загрозат националната безбедност. По зачленувањето на нашата земја во Северноатланската Алијанса се наметна потребата од сеопфатен ветинг со специфични побарувања за одредени позиции согласно високите НАТО стандарди. Во овој контекст, Агенцијата заедно со останатите надлежни авторитети во земјата ги применуваат посочените критериуми и на сите останати категории на проверки.
Замисли одиш на приправнички стаж 9 месеци после огласов, и не те примаат после на работа. И тоа може да се случи
Па да де, затоа се држи со партија народот, затоа имаме неписмени секаде и се случува се што се случува во државава.
На самиот оглас ти пишува од тие за полицајци, дека влегуваат на обука 10% плус приправници, и најслабо рангираните не ги викаат на работа (или по нашки, тие со послабите врски)