Огласите со високо образование траат долг временски период. Претходниот оглас што беше објавен на 28 мај 2018-та година заврши во месец април 2019-та година. Вракањето на документите траеше уште подолго поради големиот број на документи и спорото работење на пошта и затоа некои ги добија документите назад дури Јули 2019-та година.
Би имало ли оглас за инспектори за 2,3 години? Знам дека е се со врски но ете да си прашам. И кои факултети од областа на безбедноста ги уважуваат? Дали тој на УКИМ што е за одбрана ,како и тој на приватниот важат или само безбедност во идризово?
Мислиш инспектор во СВР или горе во МВР? Ако мислиш за СВР, прво конкурираш на редовен оглас за полицајци, ако те примат, обука 9 месеци во центарот за обука во Идризово, ќе те вработат како полицаец а подоцна ако имаш високо образование ќе напредуваш со функциите. А за горе во МВР е друга процедура. Ама за се треба врски и плаќање, ако немаш врски тешко декае влезиш а не пак да напредуваш. Најавено е дека сега ќе има конкурс за полицајци, за специјални единици а највероватно и за горе во МВР.
Тие со потпис од министер завршија договор на дело е тоа... Јас пишав за огласот тоа е веднаш на неопределено . Се надевам дека конечно ке заврши
Да ве замолам некој/а што има конкурирано за последниот оглас со високо образование нека ми пише пп ако може