Ако имаш јаки врски и да те турнат тоа специјалците што ве оценуваат, над нив шо се го потпишуваат документот, наместо турнат ќе те пишат положен. Иначе машки склекови се прават т.е. стандардните, е сеа за машките не знам колку беше, ама за женските помалце требаше да се нарпават мислам 5 или 6. Правете ги склековите првин на коленици, а не на цела нога, или првин пробајте да ги правите на нагорнина т.е рацете да ви бидат на нешто повисоко од нозете и подот и со тек на време спуштајте се надоле и со среќа.
Тие шо имате конкурирано а немате книшка од власта спремете си 5000 евра само да ве пуштат на обука 9месеци Идризово ама после обуката никој не ви гарантира дали ќе ви даат решение и дека ќе работите полицаец/ка.
Успеав да направам скоро 3 склека, што за мене е како Монт Еверест да сум го искачила хахахах. Ама сеуште се мислам дали воопшто да се појавувам на проверки
Тие со врски што беа у мое време не идеа на вакви припреми . Директ ги вработуваа. Ние магарињата само ко Глупи Август трчавме, згибови и склекови правевме. Кога подигав у Карпош док џандарите се смееја. Викаа тебе ако те одбиле со 180 висина, гарант им сметаш на тие шо чешаат муда од трева со висината.
Не знам што да кажам у пичке материне е цела работа отидена, затоа и се мислам дали воопшто да одам оти веќе знам 4-5 души што се сигурно примени и која е поентава воопшто на моево пробување.. само да ме ругаат таму Имам прашање..Дали ќе направат проблем бидејќи се пријавив нели веќе, а кога ќе се јават да не се појавам на проверки?
Јас не знам ова ама би ти рекла да се појавиш, освен ако имаш оправдана причина. Ништо не губиш, не му се плаши на склековите. И само во Северна треба да платиш за да добиеш работа, обично прво ја добиваш па тие те плаќаат.
Па немам оправдана причина, освен фактот што ми е страв да не се обрукам пред сите. Они да си ги прават вежбите, а ја да препаѓам таму за воздух хахахах Многу се мислам, оти сум таква што потоа ќе седнам и ќе си ја тупам главата со денови. Ние се обратно...
Не. Зашто би . Тоа е кој сака... Јас лично не би идела. Чисто од што знам 10384782 примери каде обични без врски луѓе знаат се' , физички се многу спремни и не ги примаат... Тоа е. Не сум јас песимист, туку најголема желба ми беше полиција и ете од партиски војничиња не дојдов на ред...
Оглас за вработување на потрчковци,10% од кандидатите се спремни. Останатото е спремно со пари и партиски книшки. После криминалот,педофилие,манијаци на секој чекор. Па ќе има.
Едно време за да те примат во полиција требаше да исполнуваш некои услови, сега е доволно да бркнеш малку подлабоко у џепчето или да тркнеш до најблискиот штаб.