Огледало (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ludamaja10, 11 април 2020.

  1. ludamaja10

    ludamaja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    730
    Девојки и момци, многу ми се допаѓа серијава Огледало што ја даваат на Канал 5 само за викенд моментално, неможам никаде на google да ја најдам да ја гледам, знаете ли вие случајно нешто повеќе да ме упатите? :)
     
    На Jacobana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.169
    Допаѓања:
    124.131
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледам ептен интересна ми е.
    А и Украинците ептен згодни некако. :$:$:$
    Обручка з рубіном знам дека е оригинал насловот ама кај ја има да ја гледам не знам... И јас барав ама ништо не најдов. :(
     
    На Jacobana, smile:), cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ludamaja10

    ludamaja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    730
    Леле фала ти многу за информацииве, ајде ако најдам некако ќе пуштам линкче. Инаку, серијава е прилично нова ама квалитетот на снимките па и не е..
     
    На Nightwish11 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  4. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    zasto se raboti vo taa serija? ne sum ja gledala
    ako e ko tie turskite, indiskite ne me iinteresira ako e nesto krimi ili sci-fi opisetena kratko
     
  5. Кена Рис

    Кена Рис Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    @ludamaja10 @Dream-Girl На YouTube ги има ама без превод, ако сте за challenge да учите украински :D Јас пробав, некои зборови се малтене исти како нашите, се сфаќа суштината на муабетот.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.169
    Допаѓања:
    124.131
    Пол:
    Женски
    Јас сум за :)
    Прати линк кај ги има целосно епизодите. Ќе си ги гледаме таман у карантинов. :D
     
  7. Кена Рис

    Кена Рис Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што не се на еден channel сите туку раштркани на различни канали. Еве еден линк ќе ставам, па после наредни епизоди ќе ти излезат во recommended.

    By the way, @magnolija09 еве што се работи во серијата: (копирано од Канал5)
    ‘Огледало’ е возбудлива играна серија која ги следи животите на Ања и Јана, две сестри чии што животи, по ненадејна сообраќајна незгода, се менуваат од корен.

    Девојките беа на пат кон Киев. Ања наскоро требаше да се омажи и одеше на проба за свадбата. Јана, која сонува да стане популарна телевизиска водителка, брзаше на аудиција за телевизиска емисија. Во некој дел од патот, автомобилот во којшто беа сестрите, удри во камион.

    И покрај сите лоши прогнози, сестрите преживеаја. Меѓутоа, во времето на сообраќајната незгода, Јана го носеше прстенот на Ања. Поради сериозните повреди, лицата на сестрите се непрепознатливи, и ниту докторите, ниту семејството не можат да ги разликуваа Јана и Ања. Прстенот со рубин, подарок на Ања од нејзиниот свршеник, ја одигрува главната улога – идентитетите на девојките се заменети.

    Откако се опоравува, завидливата и амбициозна Јана сфаќа дека сите околу неа мислат дека е Ања и таа решава да лаже и да го земе сето она што го има нејзината сестра – нејзиното лице, човекот што го сака, нејзиниот живот. Јана наоѓа оправдување во фактот дека Ања никогаш нема да се разбуди зашто има многу потешки повреди и се наоѓа во кома. Дури ни лекарите не веруваат дека Ања ќе се разбуди. И зошто тогаш некој би се откажал од шансата да си го промени животот?

    Меѓутоа, и лекарите и Јана грешат. Ања буквално се враќа од мртвите и од тој миг започнува конфронтацијата меѓу двете сестри. Ања е подготвена да си го врати сето она што било нејзино. Јана е подготвена да се бори за среќата што ја украде од нејзината сестра. Заплетот е брз и непредвидлив. Секој ден Јана ја игра улогата на милата и добродушна Ања. А Ања, за првпат во својот живот чувствува вистинска омраза и се бори да ѝ се одмазди на сестрата-предавничка.

    Ќе успеат ли да си ги вратат идентитетите и љубовта?
     
    На PoisonGirl, Nightwish11 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. smile:)

    smile:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    2.045
    Пол:
    Женски
    А се чудев зошто нема тема за серијава, интересна е.
    Инаку многу ми се допадна серијата, вообичаено не гледам на канал 5, ама серијава ми се допадна.
    Инаку јас на украински цела ја изгледав, ама не е тоа тоа, речиси ништо не сфатив.
     
  9. babaDara

    babaDara Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Во принцип не сакам нереални теми. А нереално ми е да се променат лицата со естетска хирургија. Лимонатка ми е. Затоа и не ја следам. Сакам филмови од реалност.
    Затоа и турските серии не ги следам. Како ниту оваа.
    Во реалноста општеството е многу посурово. На пример, богат скоро и НИКОГАШ нема да земе сиромашна девојка колку и да се сакаат. Со цел во тој егоизам да се натрупа богатството и да се дополни и да се сочува.
    Сиромашните девојки во реалноста служат за забава, не и за брак. Браковите им се досадни, имаат љубовници но сепак за јавност се среќен пар.
     
    На Lolli, Nightwish11, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Jacobana

    Jacobana Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    I jas edinstveno ovoj go gledam. Znam deka mnogu situacii ne se realni ama interesen mi е. Inaku odese sekoja vecer. Ama pred skoro mesec go pomestija samo vo vikend.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ludamaja10

    ludamaja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    730
    Даа , а има доста епизоди подобро беше кога ја пуштаа работни денови
     
    На smile:) и Jacobana им се допаѓа ова.
  12. Jacobana

    Jacobana Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Па сега, во споредба со други може и не се толку многу. 92 се.
    Ама има премногу серии, незнам како одлучиле терминот од овој филм да го препуштат на друг.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ludamaja10

    ludamaja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    730
    Таа ранети птици да ја заменеа со оваа...
     
    На Jacobana и smile:) им се допаѓа ова.
  14. day

    day Нов член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Знае некој што ќе се случува понатаму, како ќе заврши?
     
  15. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    10.715
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае кога и како ќе се дознае дека Јана и дека ги има измамено сите? Пошто нели Ања се сети на се, секако дека нема да си молчи.
     
    На PoisonGirl, Nightwish11 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    10.715
    Пол:
    Женски
    Оља некако дознала дека Ања е Јана или јас погрешно сфатив? И како дозна ако е така?
     
    На ludamaja10 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. ludamaja10

    ludamaja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    730
    Да дознала! Ама не знам ни јас како дознала
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Турман

    Турман Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Мислам дека им го слушна разговорот на Јана и Ања ама не ме држете за збор.
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.