Убавината е во главата и во карактерот. Секој е убав на свој начин, само е прашање на вкус. Сепак себеси се сметам за убава личност, макар што како и секој човек и јас имам недостатоци, никој не е совршен
Сметам дека сум убава,ама не нарцисоидна де не ги сакам комплиментите кога некој ќе ме пофали,не фалам ни јас не сум од оние луѓе кои се изгорени да ги фалиш како се убави и средени секој човек си има своја убавина кој надворешна кој внатрешна,и на крај ако си без оваа втората не ти вреди ништо
не сум баш-баш задоволна со изгледот,да не набројувам сега што ми се допаѓа,што не. Би рекла дека 50% ми се допаѓа мојов изглед...инаку,сметам дека поубаво е да си неубава и паметна,бидејќи во животот не е толку важна убавината,карактерот е најважен бидејќи останува за цел живот.
Огледалце, огледалце ... Секој човек сам за себе си мисли дека е убав, во спротивно нема да се сака самиот себе!!! А, богами непознавам човек кој не се сака самиот себе - тоа ни е во гените на сите луѓе!!! Општо познато е дека убавината е ралативна работа - се менува со годините, а за секој човек (па бил и најгрдиот) постои барем еден човек кој што ќе мисли дека е убав!!! Исто така познато е дека секој од нас различно ја перципира убавината - за некого се убави полните усни, долгите нозе, бујните гради... но за некого се поубави умите девојки со кои што може да се дискутира за најновите технолошки достигнувања, спортот, политиката... Кај секој од нас постои НЕШТО што е убаво - физички или карактерно - само треба да знаеме тоа да го истакнеме!!! Затоа, секогаш кога ќе се погледнете во огледало речете си ЈАС СУМ УБАВА, и секако сакајте се самите себе
Огледалце огледалце... Јас себе си се сметам за совршена девојка...секоја девојка би посакала да има барем една работа што ја поседувам јас...се гордеам со се што поседувам и досега немам запознаето девојка подобра од мене...додека не ја запознаам ( што не верувам дека постои) јас сум совршена во се ама баш во се!
Јас мислам дека секој човек и секое животно и се што постои на оваа планета си има своја убавина и ништо не е грдо. Мене сепак совршеното не ме привлекува, ме привлекува нешто што има некоја специфилна црта. Инаку, за себе сметам дека сум просечна. Задоволна сум со себеси. И друга ствар е што карактерот ми е побитен од надворешноста. Често велам - цицки има секоја, но карактер не.
Заеднички ни е профилов со мајка ми,ако прочита нека прочита имам 20 години убавината наследена од мама ми е она има 46 кој и да ја види вика дека има 30 Шетам по улица,сите во мене гледаат и се вртат Одам на факултет 4ца се степале ради мене а ка вака ги гледам им се смеев и си фатив магла овие чекај чекај не си оди хахахаахахах Не знам ваљда сум убава не знам
Конечно најдов слика еве вакви очи имам абе буквално имам вакви очи,полни усни,природна смеѓа коса и брановита ми е ,насмевка убава прави заби,слабичка,памет во глава,си имам и малце облини висока сум 167cm, студентка на медицински факултет,сите машки трчаат по мене ама за инат ги одбивам нека трчаат уште,кој и да ме види "леле ама си убава,кукла ова она" Си седам во кафич пијачки ми праќаат ама не ги прифаќам им ги враќам и така Убава сум си,што повеќе ми треба во животов само си се фокусирам на учењето не ми треба врска Јас сум среќна онаква какva што сум <3
не се сметам за посебно убава, но ако треба нека бидам и најгрозната жена во светот, паметот и интелигенцијата не ги давам за ништо, премногу ми значат.
Богами, не знам дали ти се отворени толку колку што си замислила. Си смота филм дека си мажена со не знам колку деца, дека имаш години и години искуство како дерматолог, а толку си провидна во сето тоа, што дури и сама се издаваш низ темите со евтиниве приказни, чудо некое. Еве сите ти поверувавме. Тешко со ваква глума во Холивуд - ова чисто информативно, за да не си даваш толку лажна надеж дека луѓе ти веруваат.