Јас во огледалото се гледам убава. Е сега секој на свој начин си е убав да, ама па како што вели Виножитце, како се гледаш себеси, така и другите те гледаат. Имам периоди кога застанувам пред огледало и сум тотален нарцис, ама имам добра особина не го искажувам пред други тоа толку очигледно. Себеси се сакам, си имам самодоверба на тој поглед. Е сега не дека сум совршена, ама сите недостатоци се прикриваат или се заменуваат со убави делови. Моето мислење е тоа. Е сега за тоа убава-глупава или паметна-грда, за себе би посакала повеќе првото, ама бидете реални дека денес сите гледаат да си убав, па после паметен, и ако добро извежбаш ќе бидеш и двете. Скромна ич сега, ама себеси се сметам за паметна И се гордеам и со двете работи.
Си се сакам себеси и се чувствувам убава и задоволна од самата себе. Ако самата за себе имаш позитивно мислење и ако се сметаш за убав, така ќе те гледаат и другите. Себеси се сметам и за убава и за паметна.
Море се лепотици сме се збралееееее.... Ама мора да признаете,јас најубава сум !Хахахахаха.... Се имам прифатено каква што сум.Лицето е делот кој не можеме да го промениме...на телото вака или така можеме да му влијаеме.Не на градбата,но на тежината,мускулите,во наши раце е,можеме да смениме.Немам варијации (или многу се ретки,па не се сеќавам) во расположението во однос на својот изглед,секогаш сум константна,само ме нервира тежината кога ми варира,тоа дефинитивно ми влијае зошто е страшно неконстантно,но еве полека прифаќам дека на крајот на краиштата,јас не сум виновна. Сметам дека сум пријатна за себе кога ќе се погледнам во огледало,за околината не ми е толку важно,ако ме судат по изглед,тогаш тоа зборува за нив,а не за мене,значи дека се површни.Поважен е настапот,барем јас така мислам.Често луѓето во мојата околина знаат да ми забележат дека јас наводно не сум била свесна за себе и потенцијалот...Имам складно тело,симетрично лице...мислам дека е доволно и прифатливо. Ај доста ломотите,стајте по една слика,па да бираме мис,чумким сите лепотици!
Прво и најосновно имам многу принципи и високи критериуми и пред се ги ценам вредностите на животот и затоа самата се ценам пред се поради тоа...добро понекогаш и не се ценам т.е. подзаборавам малку и попуштам ама во секој случај НЕМАМ КОМПЛЕКСИ за ништо апсолутно ништо, љубомора во мене нема а искрено не можа да се наречам ни многу амбициозна не се малтретирам ако имам некое килце повеќе а воопшто па не се занимавам со фактот дека имам стрии и целулит без комплекси сум а она лице што го гледам во огледало мислам дека е убаво сите така велат па и јас поздрав лепотици а факт е дека секој си е убав ако не надворешно секој има внатрешни квалитети кои според мене се најбитни така да подобро помалку привлечна а паметна
Реална сум во однос на мојот надворешен изглед,знам кои ми се слаби страни знам кои ми се јаки некогаш можам да згрешам во истакнувањето на истите но се сметам за физички убава не дека си ласкам сама на себеси имам мани фала богу но ништо не би променила пр имам мали гради но не ми пречи на тоа размислувам како на бенефиција понекогаш пр не морам секогаш да носам прслук што ти ја знам мислам дека сум убав лик а на телото пробувам кога можам како можам да влијаам да симнам килце некое ако сум качила да вежбам повеќе едноставно да го извадам максимумот од себе и сметам дека за прв впечаток нема втора шанса но на прва средба сум пријатна културна и фина мислам дека тоа мн повеќе впечаток би оставило него физикусот...задоволна сум како изгледам и без зрнце скромност можам да кажам дека сум лепота хах
Секој си е убав на свој начин.Сепак залудно е ако си физички привлечен,а карактер нула.Затоа е најубаво од двете по малку.Имам недостатоци како и сите но се имам прифатено како личност и си се сакам и почитувам себеси,а потоа оставам и на другите И незнам дали знаете ама имам читано дека сите сме 20% поубави од тоа што ние го гледаме во огледало Така да позз принцези
Да не кажувам се едно исто што сите го имаат кажано тука .........инаку себе си чат пат се сметам за убава чат пат не зависи од расположението.Сепак како и да е не можам да се пожалам и воглавно сама на себе сум си пријатна и убавичка а и приметувам за околината.Задоволна сум комплетно од физичкиот изглед.Е сега нормално си имам и јас свои недостатоци но се трудам да ги надминам и да не ги забележувам.
Сметам дека сум си убава,се сакам и прифаќам себе си таква каква што сум,задоволна сум од физичкиот изглед,а и од самата себе.Убавината е релативна работа,може некој да е убав,а да има лош карактер,колку и да е убава личноста,кога е лоша,џабе и е убавина,сите ќе ја одбегнуваат,а најмалку ќе ја гледаат како убава,има и такви кои што не се баш убави,а имаат прекрасен карактер,па поради карактерот изгледаат убави.Карактерот на човекот,прави тој дали ќе биде убав или не,а не физичката убавина,иако денес и шминката залажува мислам дека некогаш и не е важна убавината кај човекот,туку важен е карактерот.
Како и секоја припадничка на женскиот пол, така и јас се грижам за својот изглед. Има денови кога знам да се испосликам и да си се восхитувам, но некогаш ако не сум расположена се чувствувам грда. Се трудам да ги сокријам маните, а да ги истакнам доблестите. Не се споредувам со други девојки и сум своја. Се чувствувам удобно во своја кожа, но не се оптеретувам толку со изгледот.
Во никој случај не можам да кажам-многу сум убава...тоа ми е многу нарцисоидно.Многу ценам скромност,па така и кога некоја типка што е стварно убава ќе си го кажува тоа пред сите...не знам-не ми се допаѓа.Како ај да си се испофалам сега.А ако некој ми даде комплимент не се дигам до небо.Комплиментите веќе и ретко се искрени.Посебно сега по фејсбуков се по слики коментари:најубава,не знам што.Епа тогаш ај сите сме убави.Па на некој начин и сме сите убави,ама не можам да кажувам-најубава сум си,ко многу други што прават.Инаку задоволна сум си како изгледам,може има некои работи што не си ги сакам на себе,ама ако ги немав немаше да бидам тоа што сум.Но се на се си се сакам себе си,а има и доста други што ме сакаат А од оваа комбинацијава би избрала паметна па и грда веќе ако мора ама битно ми е да имам нешто убаво да кажам отколку да покажам.И се сметам за паметна,не дека цел памет на светов сум го собрала во глава ама секогаш паметно постапувам,барем до сега.А за тоа грда не сум да се разбереме,ама не сум сеа ни Adriana Lima
Па што знам... убава си сум со тоа што знам дека сум здрава, тоа ми е најважно. И јас си имам комплекси како и сите, не се идеализирам, ама секогаш знам да го истакнам она што е убаво на мене, и да ги скријам недостатоците. А во однос на тоа дали е поубаво да се биде убава, а глупава или грда и паметна - се одлучувам за второто. Секако во денешно време постои можност за пластични операции шегата настрана (а стриктно сум против пластиката) секако би го одбрала паметот пред убавината. Не за друго, убавината, онаа физичката убавина е минлива. А убавината на карактерот останува.
Искрено сметам дека сум убава, кога ќе се погледнам во огладало задоволна сум од изгледот, не велам дека сум совршена, но убава сум, мила. Имам и другарки кои често ми велат ти си убава немаш гајле за ништо, па и можам да се пофалам дека многу често убавината ми помогнала, на пр. извадив пасош за еден ден . Сепак најважно е како се прифаќаш, зошто ако не си задоволен од изгледот, колку и да си убав залудно е, затоа сакајте си се девојќи, па сите имаме мани, но и сите сме на различен начин убави
Па според мене не сум некоја си убавица но кога ќе се погледнам во огледало задоволна сум. Не би сакала да сум убава а глупава подобро неубава а паметна.
Што знам... никогаш не сум се сметала за нешто посебно. Не сум ни грда, просечна сум. А можам и многу подобро, со малку припазување, ама ајде де... Сега се имам прифатено со сите маани, а како помала имав комплекси колку сакаш. Ама еден по еден, некогаш бев фокусирана на едно, некогаш на друго... будалаштини, везе нема...
Знам со што можам да се пофалам,имам квалитети и некоја вселенска убавина .Важно за мене е да останам своја и оригинална ,да бидам убава и привлечна а притоа да не копирам никој.За недостатоците,секој ги има ги имам и јас,не се трудам да ги сокријам и тие се дел од мене,тоа го прави целото мое ЈАС ! Би избрала да сум паметна и грда бидејќи знам многу такви девојки кои без проблем се истакнуваат во средината и се одлични на секое поле, а знам глупави убавици осамени и неспособни.Ама кога веќе би била спој од двете нешта тоа е идеал ,а идеал НЕ ПОСТОИ
Најубава сум.. Zz Се сметам, да речеме.. доволно убава. Се сакам со сите маани и недостатоци. After all, кој ќе не сака ако ние самите не си се сакаме?