не сум совршена но сум доволно физички атрактивна карактерно цврста личност задоволна од себеси се сметам за вистинска реткост со тоа што немам компекси , секако дека кога би можела да одбирам би променила нешто на физички план , но тоа не го сакам доволно очајно за да го направам ...се гледам во огледало и ми се допаѓа тоа што го гледам
Се сметам себеси за убава и згодна, но далеку од совршена Највеќе сум горда што ги знам вистинските вредности во животот(семејството и љубовта) и што сум образована Меѓутоа неколку мои карактерни црти што ги поседувам , а свесна сум за нив и воопшто не си ги сакам(избувлива, конфликтна и многу емотивна личност, по малку агресивна во дадени саитуации )..Тоа прави за луѓето што прв пат ме гледаат, да оставам лош впечаток, а тие што добро ме познаваат... , тие ја знаат вистинската ЈАС, која себе си се жртвува за луѓето што ги сака и..............
Не сум некоја лепотанка .. но сум си задоволна со својот изглед Но сепак мене поважна ми е внатрешната убавина отколку надворешната ..
Не се сметам за совршена но задоволна сум од својот изглед,не се преценувам,не се правам еве што сум како некои и не донесувам заклучоци за луѓето според нивниот изглед.Внатрешната убавина е сепак поважна.
Не се сметам за совршена, но сепак сум задоволна од мојот физички изглед и од тоа каква личност сум. На моменти имам свои мушички, па си помислувам дека не сум доволно атрактивна, но тоа поминува. Најважно е да се сакаш самиот себе си, затоа што сметам колку и да има неправилни црти некоја девојка, ако знае да го истакне она што е убаво, недостатоците нема ни да и се приметуваат. Секако дека и внатрешната убавина има улога.
па задоволна сум со својот изглед, ми кажуваат дека сум имала многу убава фаца и убава насмевка .. иако не сум некоја Андријана Лима во телото задоволна сум, кога ќе погледнам некоја побуци велам добра сум си бе и карактерски се сметам за одлична .. многумина прво гледат надворешен изглед а после внатрешен ама Убавата жена е добра една недела, а добрата жена е убава цел живот
Не се сметам себеси за премногу убава, меѓутоа задоволна сум од моите облини. Подобро е девојката да биде неубава, а паметна. Џабе и е на некоја ако е убава, а нема ни грам мозок.
Самодовербата е она што го прави човекот убав, кога ќе се погледнеш во огледало и ќе си речеш „леле колку сум прекрасна денес„ целото расположение ќе ти се смени, ќе зрачиш со енергија и ведрина која ќе ја забележат сите околу тебе и ќе те доживеат како убава и самоуверена девојка, јас така правам кога самодовербата ми е на ниско ниво, а верувајте дека тоа многу се забележува, треба прво себеси да се доживееш како убава за да те гледаат и другите така, мислам дека се е до енергијата без разлика на вкусовите. Гледам дека скоро сите девојки кои што пишале на темава се доста самоуверени и баш ми се допаѓа тоа. Лично за себе мислам дека сум доста убава девојка, а имам добивано и такви комплименти, но пред се сметам дека тоа е така затоа што се чувствувам убаво во својата кожа. Имав еднаш разговор со дечко ми т.е. расправија, јас му реков дека гледам секој нареден дечко да ми е подобар од претходниот а тој тоа го сфати како поубав, па ми рече па и јас мислев дека и јас така ќе правам па не е така, со тоа всушност сакаше да каже дека имал девојки кои се физички далеку поубави од мене и јас баш се налутив и ми вика, а ти што сакаш да имаш повеќе внатрешна или надворешна убавина... ова баш ме замисли. Значи според него не сум најубава од девојките кои ги имал, но ја имам најубава внатрешна убавина досега... значисепак карактерот и вистинските вредности, харизмата и ПАМЕТОТ се оние работи кои вистински вредат, балезси му на оној кој ги поседува и двете во изобилство и убавината и паметот, јас сепак би сакала да сум грда а паметна, денеска се може да се реши со физичкиот изглед за жал уште не измислиле решение за пресадување на памет
Не се сметам за некоја лепотица. Но задоволна сум со својот изглед ( секој си е убав на свој начин). Проблем ми е само телото, дека имам некое килце повеќе, но затоа имам облини кои ги сакам. Има и моменти кога си се допаѓам како изгледам(најчесто пред излегување) Но не е се во убавината, битен и е карактерот.Мислам дека немам некој лош карактер,со секој постапувам добро, (може на моменти сум срамежлива, ама поминува) и се гордеам со карактерот.
Има една кинеска поговорка: Цени се дури и повеќе од колку што вредиш, за да луѓето те ценат колку што вредиш реално!
кажуваат убава сум била абе вака, секој си е убав на свој начин, вака така ... убав си е. си се сакам самата себе, знам да се истакнам , да ја соединам надворешната со внатрешната убавина и тоа е тоа. како викаат - надворешната убавина привлекува, но внатрешната задржува
огледалце, огледалце...кази им на светот најубава која е...? огледалото проговори- "таа што ке ја засакаш вистински, ке биде најубавата во очите твои-батали чаталење, нарцисоидности и преценети бисери-затоа што се што свети не е бисерно"
Aко самиот не се почитуваш и сакаш,како да очекуваме дека другите ќе не сакаат и почитуват? Јас себеси,да,се сметам за убава,но не залетувам многу...Додуша,воопшто не залетувам... На пример,јас имам крив нос. Порано си го сметав за комплекс,но веќе не. Многумина ми имаат кажано дека ми стои убаво со лицето,дека имам срцевидно лице,а и тоа ме прави поразлична...И ако самиот си сваќаш некој дел од своето тело како комплекс,така идругите ќе те сваќаат... На пример,тука ме знаат Багуфчето и Докторката...Еве нека кажат...
Па се сметам за убава затоа што многу личности ми го кажале тоа. Кога бев помала бев многу грозна и незадоволна од мојот изглед но сега признавам сум се разубавеала и сега сум задоволна. Добро сега слабичка сум си и тоа малку повеќе но сепак не ми е некој голем проблем, важно си ручкам редовно.
па задоволна сум со својот изглед и ништо не би менувала, што значи убава сум сепак далеку од совршена нели сите имаме некои маани Инаку би се одлучила за паметна а неубава, мислам џабе ти е убавина ако немаш мозок
Заоволна сум со својот изглед но не сум нарцис (недај Боже). Па не може баш сите да бидат совршени, гледано од страна секој си има своја убавина некој од надвор некој од внатре. Јас сум повеќе за внатрешната убавина...
Порано премногу се потценував. Сметав дека секогаш може подобро и не бев задоволна од својот изглед. Но, сега се сметам за врло привлечна девојка. И физички и психички Задоволна сум од лицето, од телото, е сега уште косата да ми порасне и ќе бидам туто комплето. А богами и вака не сум лоша. По искрено од ова - здравје Сепак повеќе ценам комплименти кои се однесуваат на мојот карактер и психата, отколку на сметка на изгледот. Навистина, секојдневно слушам комплименти за изгледот.....а многу повеќе ми значат оние за паметот Што би рекол еден мој другар: Нормално е да ги цениш повеќе оние кои се однесуваат на твојот интелект, бидејќи 22 години си се изнаслушала комплименти за изглед. Жива вистина.
Зависи дал ме мава блага депресија.... е во моментов на пример ме мава и еве го мојот одговор: Нешто што си сакам најмногу на себеси е косата. Таму немам утка. И заби убави имам. ...Но... За висината не патам, но по доаѓањето тука се подздебелив и некако се обидувам да си се вратам на старата убава килажа. Заклучуваме: сметам дека некое кило вишок иам. Е добро сеа, г‘зот ми е прилично оформен од секојдневно пешачење, ете светла страна. Лицето... имам некоја просечна фаца, обична, каква што често се среќава. Фаца која не би ти привлекла внимание. Скроз обична: очи МАЛИИ (едино трепките им вредат), боја кафеава, усни - и тие мали и тенки тенки, абе линии. И некојпат таква депресија ме фаќа што ми доаѓа да ги пуштам друшките сами да излезат (оти лични пустинските тие, не им се уклапам во друштво) И сега ме фаќа депресија.... Ај во друго расположение ќе ви пишам пак. Тогаш друга слика имам.
Па, секогаш сум скромна во однос на моите квалитети, така што повеќето коментари кои ги добивам се поврзани со скромноста, ама што можам против таа моја понекогаш претерана скромност (на моменти искрено и на нерви ми оди) ... Инаку да, свесна сум дека сум убава, имам убаво лице, убави заби, висока сум, ама кога ќе се видам такво слабичко се разочарувам по малце и сакам-нејќам се тешам - абе ај cheer up, луѓево какви диети прават и пак ништо, јас и без диета т`нка сум Мислам дека ми фали и малку самодоверба, ама тоа веќе друг муабет врти. Па кога ќе подразмислам убаво, никогаш не сум им давала толку голема важност на коментарите за изгледот, не дека не ми значат - секогаш ми е пријатно да слушнам нешто убаво, дека некому сум пријатна и убава.