Огледалце, огледалце мое кажи на светот најубав кој е? Ти си, ВајтЕјнџел, најубава! Без зезање, ќе кажам искрено: да, мислам дека сум убава! И тоа е многу важно за мене! А за тоа дали е поубаво да си убава ама глупава или грда ама паметна, го одбирам првото! Зошто? Па кога некого прв пат го гледаш не знаеш колку е паметен, туку гледаш дали е убав или не е! Паметот потоа доаѓа на виделина и општо внатрешноста, ама прво е убавината! Кога коментираш некој, велиш види го каков лепотан е, а не велиш леле којзнае колку е паметен! Мислам дека надворешната убавина е секогаш пресудна!
^ А што кога ќе отвори уста и е туп/а и незнае да сврзе една реченица? Што ќе праам, ќе ја ставам на во ветрина и ќе ја/го гледам? м? Или иде на интервју за работа убавиица но глупа и интелигентна а грда... која ли ќе ја примат? Сигурно не убавата затоа што е само налик убава.. Според мене грдо девојче нема, секој може да биде убав ако сака и ако знае да си се потсреди, жените се совршени, така да знаете!
Јас мислам дека сум просечна. Ни нешто убава, ни грда. Просек, најдобра работа. Кога би бирала би одбрала убавина, бидејќи памет веќе имам.
Убава сум си А за комбинацииве-дефинитивно убава-џабе гениј ако немаш никаква убавина-и нема да бидеш задоволен сам од себе кога ќе се видиш во огледало,е сеа рековте да не правиме комбинации ама немозе никако Се знае златна средина-просечна убавина со просечен мозок кој правилно ќе знаеш да го искористиш
Можам да кажам дека сум задоволна со својот изглед, иако имаше и периоди кога не беше така. Незнам дали би менувала нешто на себеси, во овој период секако дека не. За мене најважно е тоа што имам доволно самодоверба, свесна сум дека совршенство не постои и никој не е идеален. Постојат работи кои се многу поважни од надворешната убавина, која пред се е минлива работа.
не се сметам за убава,лепотица некоја на гз да пандеш се сметам за симпатична,просечна млада мама,но сепак сум горда на мојот IQ Никогаш не би си го сменила знаењето,снаодливоста,културата,внатрешната убавина за надворешен перфектен изглед.Гласам за второто,подобро помалку убава а паметна отколку убавица а глупава
За една личност да биде убава треба да зрачи со харизма, самодоверба (не претерана секако), сромност. Не постои грда личност, само постојат луѓе кои имаат грдо мислење за себе и тоа ги кочи во многу работи. Тие со својата несигурност и постојаните комплекси и праќаат таква порака на средината и останатите ги гледаат на истиот начин. Не можеш да очекуваш некој да те сака и почитува доколку ти самата себе не си се сакаш и почитуваш. И да се сметам за убава
Сметам дека сум убава, но има некои работи кои ми се комплекси. Би сакала да имам малку понежни и поизразени црти на лицето и "помирна" коса Сепак мислам дека самодовербата е клучна за тоа дали останатите луѓе ќе ве доживеат како убава или не. Бидете задоволни со себе, прифатете ги недостатоците и истакнете ги вашите квалитети....зрачете со позитивна енергија и така ќе бидете најубави Инаку, факт е дека денес убавината отвора многу врати, но не можеш цел живот на убавина да се провлекуваш доколку немаш ништо во главата
порано не се гледав често на огледало, зашто ке нервирав... себеси се нарекував грда ноо со тек на време, со тек на промени, (кои се при крај), мислам дека можам да застанам пред огледало и да се насмевнам, затоашто конечно ке гледам во убаво девојче мислам дека е подобро да си паметна и грда не дека паметот е повреден од надворешната убавина, туку ако човек е паметен, може да се снајде, да превземе нешто за да биде поубава, нели
Па се сметам за убава, бидејќи и други ми кажале. Кога имав 20 години, многумина се чудеа зошто не се занимавам со манекенство Инаку висока сум, со костенлива брановидна долга коса, темно зелени очи, убава насмевка Се на се задоволна сум како изгледам. Ништо не би сменила.
Толку сум убава што неможам од огледалцето да си се одделам Најдобро другарче ми е, дури и кога учам, си се огледувам како зборам На телцето мое слабичко, само малце би си ги зголемила градите, друго се е перфект. Уште и кога почнав да вежбам аеробик си се зацврстив 5ка, баш мераклиски. Косата ми е долга, али треба уште подолга да ми биде, работам на тоа. Убавината не е битна, али мене ми е битна и те како, затоа не оставам ништо на случајноста, па максимално си се негувам и си ја одржувам убавината која ми ја дал Господ (неа сите ја поседуваме)
Како прво, убавината е релативна работа. Како второ, ние сите сме со милион комплекси и цел живот ќе се жалиме и ќе наоѓаме нови, и ќе се гледаме во огледало и ќе се нервираме али ако не прашат (анонимно) дали сме убави сите ќе одговориме ДА, како да е тоа нешто неповратно и како некоја тетоважа. Колку и да сме на моменти несреќни од изгледот, сепак сите си се сметаме за убави. Мислам и дека така и треба да биде. Ајде да не филозофирам многу. И јас се сметам за убава. Треба некои работи да се корегираат, на пр. имам неколку брумчиња али ќе поминат. Но на моменти многу сум нервозна и гласна и мислам дека тоа одбива луѓе. А за паметот неможам да се пожалам. Духовно сум најубава!
Далеку сум од нарцис, но важно задоволна сум од мојот изглед и сакам убаво да изгледам и се грижам за тоа, секако би променила некои работи на мене ама тоа е, никој не е совршен. или има и совршени хмм Ноубади ис прфект... Хај ај ем Ноубади
Па викаат дека сум убава, мојот коментар нормално би бил пристрасен Иначе прилично сум задоволна како изгледам, ама мислам дека секогаш можам да изгледам поубаво. Уствари ја сум ти еден голем нарцис што пола ден го поминува пред огледало, а другата половина со огледалце во рака Изгледот ми е многу битен, без добар изглед ништо не правиш во животот. Иначе малце оф топик... Нормално дека никоја нема да рече дека не е убава.... Мислам дека не постојат убави и грди жени, само средени и несредени. Секоја жена е убава на свој начин, само треба да ја истакне својата убавина со одговарајуча гардероба, добра шминка и фризура...
Пред огледало во спокојството на сопствениот дом, ако не секој тогаш огромен број луѓе ги упатуваат своите најрендгенски и најласерски погледи кон самите себеси и со толку посветеност го анализираат секој милиметар од себеси што е права умешност. Па „стручно„ пронаоѓаат еден мал милион недостатоци од различен тип некои склони кон корегирање некои пак смртно непоправливи и си го задржуваат впечатокот како љубоморен лихвар за себе смајли што злобно трие рачиња вртејќи се на сите страни. Мислам дека огледалата се добар тренинг за физичка самокритичност ама и за фикшн сценарија правење. Само способноста за физичка самокритичност не е еквивалент на поседување и емотивната самокритичност, ама нејсе. Ама ни се неопходни да ни потврдат колку сме згодни, ! Сопствениот лик во огледало најпрво ни е толку зачестен во фреквентност на гледање што по навика ни е мил и е невозможно да го перцепираме како естетски неприфатлив. Иако може да се убедуваме себеси како духовната убавина е најзначајниот сегмент, сепак доколку не научиме да се сакаме себеси во пакет ништо од муабетов. А за тоа не треба да сме Меган Фокс. Јас сум нарцисоидно задоволна од сопствениот ум кој е во склоп на моето тело и од моето убаво тело кое е носител на мојот ум и така хармонијата е бескрајна, . И пак ќе си правам стимулативни сценарија за незадоволство бидејќи тоа е движечки погон кон промени кои се конструктивни. Ако не сум доволно критички настоена ќе заглавам во статус-квото, па потоа наредна фаза е надолница. Ноу, тенкс.
Една моја другарка велеше, не сум нешто посебно убава да кажеш, ама сум ужасно многу симпатична. Па некако ќе пробам да ја цитирам. Немам класична убавина, така ми кажале. Немам димензии и црти на фацата кои се вообичаени, па затоа останувам забележана, така ми кажале. Имам силен сексипил и впечатливи очи, така ми кажале. Имам премногу јако дупе и убаво скромни гради, така ми кажале. Имам нежна и убава кожа, така ми кажале. Имам убаво балеринско држење на телото и стегнато ми е сеуште, така ми кажале. Убаво мирисам, така ми кажале. Све и свашта ми кажале. А огледалцето? Некогаш, да ви кажам право, си велам - среќа што се гледам само сабајле во него, тешко на другите кои мораат да ме трпат денес, затоа што изгледам како гомце И обратно, имам денови кога се осеќам премногу привлечно и убаво. Да ме сликаш! И тогаш се прчам бре како паун во Св. Наум. Со рима плус! Воглавно мислам дека имам здрава самодоверба и не претерувам со ништо. Знам да си кажам што е убаво и што не чини. А сигурно мора да има нешто во мене кога секогаш сум ги ќарила најголемите и најзгодните фраери, дали во основно, или во средно или сега, од пејачи до филмски глумци, па и локални маалски фаци. Па мислам, не дека се фалам, ама така е. Шта је ту је! Сигурно има причина за ова! Ах усто расчепи се па фали ме! Те молам. И да, пред се, ама пред СЕ сум максимално скромна