па, се сметам за убава, средна висина, слаба, смега коса и зелени очи. Е сега, имам многу недостатоци како и сите други, и во карактерот и во надворешниот изглед. Но и покрај тие недостатоци јас се чувствувам убава бидејки ми е убаво од внатре. Кога ке се размислам малку, се додека ми е ваков животот, нема потреба да бидам некоја си лепотица. Се додека сум срекна и имам личности покрај себе кои ме сакат за она што сум, не ми треба да бидам којзнае колку убава. Порано повеке се замарав за убавината, имав комплекси за носот, за нозете... сега е сето тоа минато бидејки имам луге околу мене кои ме прават да се чувствувам најубава на свет. Што ми треба повеке? п.с. нарцис сум 70 % од времето, дури и дечко ми ми вели дека сум позалубена во себе одколку во него јас не гледам ништо лошо во тоа, во граници на нормалата е.
Јас се сметам себеси за златна средина. Не сум некоја лепотица 1ва класа од списание, а не сум ни некоја запустена(пу пу сачувај боже) Средничка сум, со убави очи и усни(имам и недостатоци) така да со тоа многу не се замарам. Се сметам себеси за премногу интелелигентна личност. Барем за тоа сум искрена, и други имаат потврдено. Инаку луѓето во никој случај не ги делам на убави и грди !! Соговорникот мора да е на исто ниво на интелигенција. Неможам да водам нормален муабет со глупи луѓе
Се сметам за убава.. и кога ќе се погледнам во огледало прилично ми се допаѓа она што го гледам.. мислам малку нарцисче си сум... ама секако и јас си имам мои мани и недостатоци.. мислам никој не е совршен.. знам понекогаш толку да се искомплексирам што запаѓам со денови во депресии ама после како нова си сум, пак заљубена во себе .. а за паметна се сметам дека сум.. знам да си тропам бисерчиња и не сум Паметњакович али имам повисок коефициент од нормалниот.. па сега со право си сум нарцис Спојлер ова последното мала шала
Сметам дека сум убава! Оние шо ме познаваат ме нарекуваат нарцис но истите и ми кажуваат дека сум убава xD А сепак сметам дека вистинска комбинација е убава и паметна, бидејќи што ако си убава ако си глупа, или пак што ако си паметна кога од убавината нема ни У
Јас за себе си мислам дека сум убава ( не некоја лепотица ама не ни некоја....) а за тоа дали да се биде убава и глупа или грда и паметна.... мислам дека секој е убав на свој начин
Не можам да кажам дека сум лепотица али не сум ни до толку грдо пајче. Многу добро знам дека не сум совршена и имам мани. Но според мене секој си е убав на свој начин. Имам гледано некаде ја имаа направено како би изгледала најубавата жена на светот составена од најубавите дело на лицето на неколку убави жени. На пример од една ги земале очите , од друга усните, од трета носот...и крајниот резултат испадна наместо најубава жена на светот испадна грда. Што се покажа дека совршенството не е најубаво туку баш тие недостатоци-несовршености што на нас ни сметаат за другите се убави и привлечни. За мене нема убави и грди луѓе зошто ако замене некој/ја е убав/а за друг не е. Би рекла дека има добри и лоши луѓе.
Дефинитивно зависи од расположението во кое сум. Се случува да скокам пред огледало и да си мавтам сама на себе велејќи си Кај си ма најубава, додека некогаш го мислам сосем обратното. Општо гледано, на страна расположение златна средина сум си. Не го сметам лицето за голем атрибут и не поминувам часови гледајќи си во својот одраз. Помината мода ми е тоа.
Па сметам дека сум убава и тој комплимент во последно време често го добивам од дечкоми а тоа многу јасно дека премногу ми годи Фина сум (од Финска )
за убава убава сум,лугето околу мене ми го казуваат тоа, а и огледалцето кога ке го запрашам нема ништо против мислам дека тие девојки кои не се убави однадвор се убави од внатре и сега кога постојано се срекавам со работодавци и огласи за работно место, бараат девојката да е убава, и во повекето фотографија, па според тоа проценуваат дали вреди да и се указе шанса или не (смајли што се крсти)
за надворешно, искрено незнам.. почести се деновите кога се сметам за грда, но има денови кога си велам „е зошто грда? “ .. а внатрешно, се трудам да бидам се подобра личност
Хм... Шо знам, нека кажат другите. Иначе, кога - како. Некогаш си викам дека не сум, некогаш дека сум. Оди разбери ме... Ајде, во лице - ќе пројдам. Добра сум бе. Шо ми фали? Ама во тело... Хм, не. Слаба сум, со мало стомаче. Ама, ептен ме загрижува ’рбетот. Поради него си станувам одбивна во огледало.
секој за себе сие убав мислам дека никој не треба сам да се чувствува дека е грд и дека нешто му недостасува на тој начин само си ја намалува сопствената доверба. Еве јас лично не сакам да бидам нарцис ама сепак се сметам за убава висока сум 177цм слаба имам црна коса и црни очи ама многу сакам да сум имала зелени или плави значи го обажавам луѓето со овие бои на очи, ама надворешната убавина нема да биде комплетна ама шовекот нема внатрешна убавина те да има добар карактер јас искрено имам поголеми мани во карактерот одколку во надворешниот изглед не знам кога треба да пошутам многу сум директна ама што да правам таква сум
Јас сум задоволна од својот изглед, секако би сакала некои ситни промени, но сепак... не е страшно. Доволна ми е оваа убавина со овој памет
Зависи од ден. Некогаш сум убава , некогаш не . Но просек , според мене поубава во лице од тело http://www.youtube.com/watch?v=nPynJIhJvGM Ама мислам ако ја му кажам огледалце кој е најубав на свет ќе ми рече Ај те молам потргни се од тебе нишо не гледам
Убава тема. Има денови кога ќе се погледнам во огледало и ја сакам мојата убавина онаква каква што е. Има денови кога не се сакам, наоѓам мани, па си велам: Па вчера се погледна и беше задоволна... тоа значи дека си убава. Не си совршена, но си убава. Задоволително убава. Удобно се чувствуваш во своја кожа. И тоа е тоа. Продолжувам понатака.