Пааа...Се сметам себеси за убава,но понекогаш кога имам bad hair days...I feel ugly. Ама и тоа ми поминува за кратко време
Па ајде ќе бидаам самобендисана....не мислам дека сум убава туку сум убава мајтап...па си велам дека сум убава ама незначи дека сум совршена нормално имам мании
сакам да бидам глупава и убава,зошто на овој век не вреди да си паметен......мислам дека сум убава по душа а надворешно па и не сум нешто посебно,повеќе сум паметна отколку убава (самобендисана )
Убавината железни врати отвара само да знае секој добро да ја користи.Инаку лично си се сметам за убава
Јас не се сметам за убава ни за грда онака другарките и роднините ми викаат убава си ама јас правам фаци што знам не сум толку убава бар јас така мислам...
Седев на предавање и професорката го постави „деликатното“ прашање: Дали е подобро да си убав, а глуп или паметен, а не толку убав? И јас од овде: Па паметен, а не толку убав, и таа ми вели: Па секако колешке, кога вие веќе сте убава! blushing, blushing... Јас себеси се сметам за златна средина. Ни многу убава, ни многу грда. Сепак, другите велат дека сум убава, а јас кога и да се погледнам во огледало, секогаш, ама баш секогаш си наоѓам маана. Но, мора да си кажам дека има и денови кога „случајно“ ќе поминам покрај огледало и ќе се погледам и тогаш ќе си речам: Еееее Ма4о4 сува лепото! Секој си е убав на свој начин, а на крајот на краиштата ако човек е добар и мил секако ќе ти биде убав, без разлика на неговите физички неправилности.
Пф убава... Дефиниција за совршенство сум! Шала, не можам да бидам совршена, но да, се сметам себеси за убава и малце повеќе од тоа. Во однос на она другото прашање, со сигурност би избрала грда, а паметна. Затоа што досега не сум запознала убава, а глупа девојка која отишла далеку. А имам прост пример за паметна грдотија, која сега се шета на Хаваите и има тон пари, секако плод на нејзинот ум. А за убава- ни била ни ќе биде. Ја исмевале нејзината грдотија во градот, ама сега е среќно омажена, со две деца, прекрасна кариера..
Кога сакам да видам нешо убаво , погледнувам во огледало.... Хаха Се шалам . . . Се сметам себе си за убава , а не за совршена ... Секој си е убав на свој начин ... Но убавината не е се во животот , и со неа неможеш се да имаш
не сум најубава а камоли совршена. па веќе сум посамоуверена од порано и не се сметам за грдоња али не се сметам ни за лепотица.
Далеку сум од најубава, но далеку сум и од она другото. Поубави секогаш имало и ќе има, но има и примероци и од обратното. Сметам дека сум убава, имам убави црти, водам грижа за себе и за својот изглед, а од тоа нема поважно. Има денови кога ми е опадната самодовербата драстично, има денови кога е до небо. Константност нема, а би сакала.. А, што се комбинацијата убава, а глупава и паметна и понеубава тиче, НОРМАЛНО, ја бирам паметната. Убавата е убава некое време, како што минуваат годините таа станува понеубава, додека пак истите тие се во корист на паметната, учи многу повеќе, успева многу повеќе, просперира во животот! И секако, далеку е попочитувана.
Дали сум убава тоа другите треба да проценат бидејќи нели секој си има различен вкус. Мислам дека е поубаво ако си грд а паметен бидејќи ако сум паметна ќе го употребам мојот ум и ќе се збогатам.А потоа со сите тие пари ќе се разубавам и си купам различни препарати па и некои операции ако сум жива грдотија..
Па задоволна сум од изгледот и мислам дека сум убава, (малце сум си нарцис, али нема везе. ), но јас сеуште сум во развојниот период, ќе се менувам и верувам дека ќе бидам многу поубава.
Секое утро кога ќе се погледнам во огледало си викам ,,кај си бе Цацко сува лепото,, си мавам еден шамар да побргу се освестам Не сум нарцис ама си верувам дека сум лепша половина , ако јас не верувам тогаш и другите нема да можам да ги убедам дека зрачам од лепота
Па и немам некој сексапил во мене. Чувај боже 15 имам. Освен симпатично лице се е отидено у 3 лепе. Ама дека сум самоуверен,сум!
Па се сметам за убава,зошто да не? Кога некои грдосии (без навреда,не посочувам на никого) се самобендисани...а,јас? И јас си сум убава,и самоуверена си сум.За моите годинки си сум слабичка,симпатично лице,и солдино добра височина.
Не се сметам за многу убава...Ама мислам дека сум шармантна и самоуверена. А тоа ми е многу битно чисто поради тоа што, јас, секогаш сум паѓала на шармантност. Има машки, лепотани - џабе им е. Со шарм се раѓаш и со шарм умираш, не се стекнува тоа... и ондак то
Не се сметам за убава воопшто, ама за паметна и забавна да Што се односи на тоа паметна или убава, во секој момент би ја избрала паметната