Како прво и прво секој е убав на свој начин! Неможеме да се делиме на убави и грди ! А за мене, што знам, не сум најубава дефинитвно, али сум самоуверена. Сум имала моменти кога ќе сум се погледнала во огледало и ќе сум си кажела -Вау, ми се допаѓаат очите, или устата или што било, а имало и моменти кога сум си набивала комплекси, имам клемпави уши, лицето не ми е совршено бла бла. Сеуште е така, ама не ми е главна преокупација
Задоволна со изгледот (се ставам во категорија привлечни луѓе), но не и самобендисана. Имам убаво лице, убава насмевка, колку толку добро тело (не совршено), но најважно имам самодоверба. Доколку би менувала нешто на себе, повеќе би било од карактерот отколку од изгледот.
секако дека се сметам за убава,паметна,самоуверена,забавна, воопшто не се замарам другите како ме гледаат арна сум си,си ги знам мојте мани,но и мојте доблести
Ма не убава, туку НАЈУБАВА! Да, сметам дека сум најубава. Не сум нарцис, далеку од тоа, ама си се сакам себеси. Си ја сакам конструкцијата на телото, си го сакам лицето, косата, очите, се сакам себеси! Знам дека имам несовршености, свесна сум за тоа, нели никој не е совршен? Едноставно си ги сакам несовршеностите и токму тоа ме прави самоуверена. А во врска со дали е подобро да си глупава и убава или паметна и грда, за мене не постои таква поделба. Има убави и паметни луѓе, еве на пример јас !
Огледалце, огледалце морам за брзо време да ја променам сликата која ја гледам во тебе инаку отидов јабана....
Па добро се сакам себеси и тоа е факт, затоа и би рекла дека сум убава (не најубава) и дека имам недостатоци и мани повеке во физичкиот изглед али тоа е. Се прифакам каква што сум, но никогаш не престанувам да „работам“ на мене!!
Точно е дека секој си е убав на свој начин ама длабоко у себе си го криеме тоа што ни смета ... Јас лично си се сакам покрај све што сум направила , можда се каам за некои работи ама сепак тие се минато и не се враќаат, се гордеам со фактот што имам срце кое знае да сака за разлика од некои имбецили на кои најважен приоритет во животот им се парите и ги декларираат луѓето според тоа какви се како изгледаат што имаат..точно дека треба да си убав ама има една добра реченица ...Изглед ствара, ал карактер разочара, така да може некој и да е лепотан, кога нема понашање џабе му е , се сакам затоа што сум искрена и самоуверена ..а за изглед , не викам дека сумнајубава ама за некои други па сум измислена , би сакала само да ослабам малце и да биде све како што треба
Па јас си се сметам за убава иако сум свесна за некои недостатоци ама па кај и да е ставам протези па уште тоолку ке се запустам... шала на страна навистина сметам дека сум убава и многу тоа и ми го имаат речено ама па и памет е потребен не дека не ...може некоја да е бомба ама па кога ќе ја седнеш да не знае да сврзе две реченици....ама па и тоа е релативно !! Луѓето кои мене ми се најубави ретко на некој му се убави и така.... вкус до вкус !
Многу сакам да си ја гледам лепотава, освен коа сум несредена па ме нервира и ме тера да се средувам и за по дома! Е затоа го тргнав тоа големкото од бирово, ме демнеше. Сега се гледам само пред излегување, и чат-пат на поминување по дома.
Се сложувам во потполност со тебе И мене исто така не ми се допаѓа носот, НО секој има маани и недостатоци. Никој не е совршен!
На ова прашање секој е мудрец со изразот „Секој е убав на свој начин, важна е внатрешната убавина“ итн. Јас себе се сметам за убава. Се ценам себеси и не сум нарцис, иако многумина ми викаат дека сум Едноставно водам грижа за својот изглед и како девојка сакам секогаш да сум средена и убава каде и да сум. Огледалото ми е најдоброто пријателче, пред него си се фрцкам, уживам во глетката , си се смеам и се сакам. Не ми е гајле доколку другите мислат дека сум грда, одвратна, смешна...важно ми е дека јас сум задоволна од тоа како изгледам. „Убава, ама глупава. Грда, ама паметна“. Ја мајкатаааааааааа, како да неможе девојката да е убава и паметна истовремено. Зошто за жените го зборуваат ова? Зошто за мажите никој не вика дека се убави, но глупи и грди, но паметни? Ама ај, кога веќе би се избирало помеѓу двете би го избрала второто. Во денешно време со пластичните операции и шминката многумина се разубавуваат, а паметни не се станува со тоа.
Јас сум многу променлива, во некои моменти се сметам дека сум убава во некои не Сепак јас мислам дека е побитна внатрешната убавина отколку изгледот. Јас луѓето ги делам според карактерот. Џабе ако некоја е убавица а карактерот и е нула!
се пронаоѓам во твојот пост богами да ви кажам убавината надворешна многу лаже. имам другарка беше мис незнам што и освои прво место за убава еднос девојка..верувајте во нејзиниот речник нема реченица што не завржува со пцовка и никогаш кон постари не се обраќа со вие, вас не персонализира. а еве брат ми..не е многу лепши..т.е си има некоја убавина плав е плави очи ама тоа што ти е дома никогаш не ти е убаво нели..ама затоа многу е цврст на карактер борец е и пошо е постар од мене сите ме заебаваат дека кога барам дечко барам некој што ќе биде со таков карактер. малце забегав од тема ама простете морам да кажам.
Искрено некогаш сум толку голем нарцис што по цел ден можам да не се тргнам од огледало а има и денови кога не сакам да се видам...