никој не е совршен, сите си имаме мани. но сепак сметам дека секој е убав на свој начин, а и на крај краева убавината е релативна работа мене ми велат дека сум убава а и јас се сметам за убава (воопшто не сум нарцис). свесна сум дека и не сум некојси топ модел со перфектно тело и беспрекорна кожа, но немам комплекси. инаку, јас мислам дека е најдобро и да си убав но и паметен. каква е таа убавица без карактер и ронка памет? не и вреди убавината воопшто. еве и нешто што го прочитав за убавината: „Beauty is a curse on the world. It keeps us from seeing who the real monsters are.“
Па искрено задоволна си сум од својот изглед и можам да се декларирам како убава,но имам секако и мани и недостатоци за кои одвреме навреме си се комплексирам Не ми се допаѓа носот Само да ми беше голема коса убави алишта (мода по све) ама слабаа слабаа е тое! Ич не сум убава.
Знам дека сум малце офф топик ама многу се изнервирав кога едно дете го има прасано мој добар другар што мисли за мене и дали сум била убава и он рече не! А што е уште пострашно рече дека мојата најголема непријателка што знае дека немам добри односи со нејзе рече дека е поубава и подобра од мене па девојки и момчиња што мислите за таа негова поубава? http://img7.ask.fm/assets/026/770/079/normal/ask.jpg а јас иначе не се сметам за фотогенична ама мислам дека сум убава ( секако со маани ) а мислам дека најдоброто мислење е мислењето што си го имаш ти дадено за себе такада девојки ако мислите дека сте убави не ги слушајте другите што ви викаат
немам појма каква сум еднаш се восхитувам на мојот изглед - додека друфпат стојам пред огледало и плачам а околу прашањето - убава и глупава или грда и паметна имам премногу размислувано и сепак немам дојдено до заклучок , но би избрала грда и паметна пред се зошто нели, убавината е минлива а паметот неможеш да го купиш
Задоволна сум од својот изглед, но секогаш оставам на другите да кажат дали сум убава или не ...мислам дека подобро е неубава но со памет во глава, затоа што денес постојат многу начини за разубавување, пластични операции и слично ...така да доколку имаш памет, многу лесно ке си заработиш и ке си дозволиш такво нешто. Но доколку си убава али без памет, нема начин на кој ќе можеш да си стаиш памет во глава
Не се припотресувам за нешто специфично, гледам само јаболкниците да ми се у реду. Да се рече дека имам складно тело, иако имам комплекси поради гзот и стомакот, ама кога-како ме фаќаат, најчесто 3-4 попладне, тогаш сите огледала ги одбегнувам, појма неам зошто. Сосем просечно изгледам и не сакам да се испуцавам дека сум некоја лепотица. Просечна фаца-чпртав нос, крупни очи, просечна уста, крушковидна форма на тело иако во последно време рамениците ко да ми се зголемиле, или само си замишљам. Не се доживувам као фем фатал или нешто такво, единствено стапалата што си ги сакам.
Јас сум задоволна од мојот изглед. Се осеќам прекрасно и стварно мислам дека сум убава и ако не се оптеретувам превише со тоа.Но мислам дека подобро е да не си толку убава а сепак да имаш памет,зошто како што кажа HEARTBREAKER555 денеска постојат многу начини на разубавување.Но во денешно време според мене мислам дека тешко може да се просперира на работни места ако не си убава сепак на многу личности им е битен прво физичкиот изглед па после све.
.........мислам дека сум симпатична....имам темнозелени очи прекрасна уста,е сега носот ми е малку неправилен ама во глобала ќе помини....едно време сакав да праам пластична операција да биде мал и прчаст и да имам изглед на фотомодел...ама сепак си останав ваква...бојата на косата ја менувам онака на 6 месеци како и обликот на фризурата ,сакам да сум секогаш различна.....
Пааа, може да се рече дека сум задоволна. А би била уште позадоволна газот да не ми е како ударен со штица и другркиве да ми се помали. Ќе си напраам корекција на ушите, така да ова не се брои. И забиве уште мааалце ќе ми се наместат. Устата, веѓите многу си ги сакам. Носот ми е чпртаво такво, ко лизгалиште, фиууу. Не сум толку нарцисоидна како што звучам. Има далеку поубави девојки од мене. Да, задоволна сум. Како да не бидам задоволна од овие зелени очишта и јаболкчичи?
Да.. сметам сека сум убава.. Да не излезе дека се фалам подоле: Спојлер Имам прекрасни очи и усни.. Имам убава форма на лицето, убава коса.. Многу сум убава..
Секој си е убав на свој начин. Едниот повеќе, другиот помалку. Никој не е совршен, сите имаат некои недостатоци кои сакаат да ги сменат. Да убаво е чувството кога некој ќе ми рече дека сум убава, имам недостатоци, но сепак сметам дека ако не се сакам и ценам доволно самата тоа од никого нема ни да го очекувам. Така да си се сакам каква што сум, на недостатоците некогаш не им придавам ни значење.
Па мислам Т.е секој е уабв на свој начин Инаку би одбрала да сум паметна ама грда, дека ако сум убава а немам грам мозок, џабе
Нема девојка која што не е убава.Знам дека никој не е совршен, секој си има свои недостатоци, па дури и јас. Но, некогаш е поважен карактерот на човекот, отколку изгледот. Може некој/а да има убаво лице, тело... али тоа паѓа во вода, важен е карактерот. Ова е моето мислење (може малку забегав од темата ... )