Нова индиска серија на Сител Pavrita Rishta или "Огнови на љубовта" е индиска теленовела која излезе од продукцијата на Zee TV. Публиката во Индија за првпат ја виде оваа серија во 2009 година на 01 јуни кога всушност беше закажана и нејзината премиера, поради големата популарност која ја постигна, Pavrita Rishta беше една од сериите на кои не им се гледаше крајот, продуцентите снимаа без прекин се додека не одлучија да ја заокружат оваа љубовна приказна со последната 458-ма епизода која премиерно се емитуваше минатиот петок, односно на 05 февруари, 2011 година. Како продуцент на оваа серија се потпиша Ekta Kapoor, истата онаа која ја продуцираше и "Бандини". Pavrita Rishta не е оригинална приказна туку е римејк на популарната телевизиска серија Tamil, и е добитник на награда Special Jury Award која и беше доделена на Seoul International Drama Awards 2010. "Огновите на љубовта" ќе се концентрираат на девојката од средната класа чие име е Арчана. Таа не е доволно едуцирана како останатите девојки од нејзината возраст, но затоа се грижи за куќата на своите повеќе од сите. Сите зависат, и чекаат се од неа, но освен нејзините брат и мајка никој друг не ја цени и третира како што таа заслужува. Арчана страда поради таквото однесување на оние кои ја опкружуваат. http://www.youtube.com/watch?v=ZSmdT0zk ... r_embedded
Мене искрено ич не ми се допаѓа. Ова индискиве серии некако ми немаат интересни приказни а имаат и по 500 епизоди. Освен тоа не ми се допаѓа и како глумат актерите. Значи стварно безвезално. Талент - own: И да не заборавам незнам што се случува со камерата кога прават некоја забавена снимка.Изгледа стварно непрофесионално и аматерски.
Ја фаќам кога можам, кога сакам да го опуштам мозоков од проблеми и стресови шо не би можела уз некој комплициран филм. Не е како другине индиски шо напињаат ептен пример Бандини (шо мојата свеки ја обожаваше ) Не ја ни знам целосно приказната, ама типот и типката ми се ептен сладок пар и двајцата ми се убави. Се на се имам едно 5 епизоди гледано. Башка тоа време мм се враќа од работа така да и да сакам не можам.
Единствена Индиска серија што ја гледам. Само многу епизоди се бе години ќе поминат додека да заврши. Се уште се емитува во Индија.
серијава е супер арчана и манав се создадени еден за друг срамежливи се единствено ме нервира мајка и на арчана сулочана
Навистина ми се допаѓа серијата ја гледам редовно интересна ми е само ме нервираат онаа расика и аџит
Серијата е супер, најдобрата што некогаш сум ја гледала, редовно ја пратам..само што премногу епизоди има, никогаш нема да заврши дури и ден денес се снима..
Имам гледано само 2-3 епизоди, не е лоша серијата, само што скоро сите песни се истите што ги имаше во Бандини. Зарем не можеа да снимат други?
Не ја гледам серијава, само 1 на 3 месеци ја гледам. И од првиот месец до оној третиот кога ќе видам сеуште за истото се работи. Ауффф кога ќе видам абе ми иде да го фрлам низ тераса телевизорот ! Глупи индиски серии ! А иначе така 2-3 епизоди да си излгедаш една по друга интересна е..
ОГНОВИ НА ЉУБОВТА!! па вака.. интересна серија е ама не ми се допаѓа тоа што Манав е секој пат во една иста кошула хахаха ај за свадбата на Арчана ја смени ама пред тоа една иста цело време носеше хаха
Глупава индиска серија!Најважно е што ќе речат постарите,луѓето од улица,оние што ништо не ти значат и ти треба посекоја цена да им удоволиш.Тоа се индиките приоритети.И ако имаш 25 и не си мажена мора да ти се најде маж на кој ќе му бидеш роб,ако не, за срамота,ќе останеш стара мома
незнам зошто но мене серијава ми е тотално тапа да не речам глупава !!! Важно било што другите мислат..со секој да си добар,незнам што а инаку оној Манав многу ми е антипатичен ич не ми се свиѓа.Па какоо можеш да се вљубиш во таков ??? не ми е јасно..хаха . Не ме сваќајте погрешно луѓето не ги проценувам според надворешниот изглед.не сакам да го потценувам според изгледот но овој човек нема ни карактер.Прво се омажи со Арчана од "љубов" па после се разведе.Така требало да биде незнам што.. ма ако некого вистински сакаш сигурно нема така се однесусваш. А инаку да признаам понекогаш ја гледам бидејќи сакам да ја запознаат и индиската култура имаат многу убави бои и поззадина..
Мислење за серијата: КАТАСТРОФА (исто како и сите други индиски ср**а) Глумци, сценографија, дијалози... И што раса ќе беа ова Индијците бре ?! Медицински феномени, затруднуваат жени само со една прегратка Spoiler Сега случајно ја погледнав најавата за утрешната епизода и заклучив :geek: Индијците и Македонците се „речиси“ исти. И таму комшиите мора се да знаат и тука е исто. Само со таа разлика што таму барем си се директни „Комши ти си ни проблем, кажи што имаш со балдската ? “ , а од овие нашиве цел град ќе дознае што си правел и пак нема да ти кажат во лице