Сега е прекрасна серијава.Секој ден од 16:00 сум пред тв и ја чекам да почне. Утре конечно Манав и Арчана повторно ќе бидат заедно. Вистинската љубов никогаш не умира. А онај Сачин многу се разлошил,згоден е ама ич го нејќам
Што се случи со Варша? И како Манав и Арчана се разделија ќе може некој на кратко да ми раскаже што ја гледа серијата
Епа сега не знам што имаш гледано а што не, ама еве ќе пробам да ти објаснам. Фирмата на ДК го купи земјиштето каде што седеа Манав и Арчана, сакаа да го рушат и да направат нова поголема зграда. Тогаш Арчана се здружи со луѓето од населбата и ја тужеа фирмата и менаџерот, а менаџер беше Манав. Тогаш почнаа да се влечкаат по судови и уште тогаш им се искварија односите. Арчана беше бремена и роди две близначки. Во меѓувреме се врати Варша(нели таа со сопругот беше во друг град) као излечена, пошто нели беше малку полудена по Сохам. Манав цело време беше исплашен и не и веруваше па затоа не и дозволуваше на Варша да ги гледа нивните деца. особено Сохам. Ама Арчана и веруваше. На првиот роденден на близначките Варша избега со Сохам. Ги најдоа, ама почнаа да се расправаат на еден мост и Варша и детето паднаа во река- високо беше и сега сите мислат дека се мртви Spoiler ама живи се Тогаш сосема се скараа Арчана и Манав и тој одлучи да оди во Канада таму да работи. И ги зема и близначките бидејќи сметаше дека таа нема добро да се грижи за нив. Сепак на поаѓање се предомисли и и рече на Савита да оди да и однесе билет на Арчана, ама оваа место билет и однесе документи за развод- не знам од каде ги најде. Арчана не потпиша, ама Савита му изнакажа глупости на Манав, го исполажа дека Арчана нешто барала пари ова-она и заминаа без неа. Ете тоа е...
Е да бе глупости после 18 години се гледаат ове двајца, и ниту една брчка на лицето и кога го здоогледа Арчана Манев надвор зема да истура мене серијава ми е колку време игра 3-4 години
Арџун ќе се вљуби во Пурви. Ќе се појави понатаму, не знам точно кога. Гледав на интернет, ама не знам сега колку епизоди треба да поминат. Денес Арџун ги остави работниците цела ноќ да работат мислејќи дека нема да успеат, ама тие успејаа. Арчана беше изнервирана и почна да ги пали сликите со Манав. Се и раскажа на мајка и и заедно отидоа кај Манав. Сулочана сешто му изнакажа, и Арчана го убедуваше Манав дека таа никакви документи не потпишала, ама овој не и верува. На Арчана дома и текна дека можеби Савита го фалсификувала нејзиниот потпис. Тоа беше главно
Кој сака нека скрола зашто е оф топик, ама многу ме интересираат некои работи па морам да си кажам. Spoiler Мене искрено индискиве серии ми се ко јајце на јајце, сите ми се слични, од почеток ај малку од малку се интересни и после нормално се непотребно ќе искомплицираат и траат по 2-3 години а можда и поише. Од сите индиски серии само Бандини ми беше убава до половина, и Малечката невеста на почетокот. И не ми е јасно зашто на серииве никогаш не прикажале како се бакнува некој? Маж и жена 20 години заедно и само се гушкаат. И таман кога ќе дојде некоја таква сцена, се одоколу покажуваат или ги прекинуваат на сред. Знам на Малечката невеста, таа Сугна уште кога го имаше првиот маж ни за рака не се држеа, се срамеше оваа од него а стигна и негово бебе да роди. Како бре мајката Што се однесува до серијата, ја имам гледано само на почетокот и онака ми беше океј, малку глупичка ама нема врска, ја гледав да си пополнувам време.
На живци ми иде серијава поштено! Мајка ми кога ќе ја пушти уффф Па што се едно исто овие де заедно де разделени еее аман веќе. А и трае едно 3 години сигурно -.-
Тоа дека серијата малце си е глупа - си е. (а може и малку повише) ама добра е за пополнување на времето кога немаш што да правиш а пошто е приказната малку смотана го тера и човек да си се изнасмее (барем така е во мојот случај) поготово кога зборат на англиски со тој индиски акцент (ептен глупаво ми звучат и смешни ми се) “Divorce papers... јас не сум потпишала никакви Divorce papers“ глупо е и за читање и за слушање епа и тие така зборат ама со индиско-англиски (јас само како пример наведов) Поготово тој Арџун кога ќе збори на англиски многу ми иде на живци Арчана веќе претера со тие солзи аман веќе што беше тоа Го гледа Манав на телевизија пушта солза, ќерка и се кара со шефот она само зјапа во него и се прашува зошто дојде тој а не Манав во меѓувреме гледаме како солзата и паѓа, збори со мајка и пушта солзи, се потсеќа на нешто пушта солзи, гледа или пали слики а солзите и капат надоле, ќе збори нешто сосем нормално и пак пушта солзи Па си мислам жената е природна фонтана за секоја ситница или обична глупост гледаме како она плаче па веќе ми се здосади. Остај тоа со солзите кога ќе помисли на Манав во исто време ама баш истиот момент и тој мисли на неа и двајцата ги дува некое развигорче додека се во длабока мисла за нивната љубов Моментално интересни ликови ми се Теџу мислам дека беше (ќерката на Манав и Арчана една од близначките) баш е така слатка и смешна за гледање и Пурви (посвоената ќерка на Арчана) ми се допаѓа што го нервира разгалениот газда Арџун кој е навикнат се по негово да биде.
Блу, сакам да ти се заблагодарам од се срце, ова исто ко ја да сум го пишувала, ми заштеди време! Баш денеска сакав да пишам за Сугна, она ваква цела од една прегратка се презастрами, и оп трудна! Ова индијциве нешо понапредни, со поглед и една гушка забременуваат Исто и овие големиве Ананди и Џагдиш, на почетокот што толку овој ненормалниов се потресуваше, се нервираше. Ке ја земе Ананди за раце и 10 минути се гледаат Веќе не гледам вакви глупости, бетер се од шпанскиве... Пардон за оф-топик.
Толку време ја гледам серијава, ама многу е глупа мајке ми... Веќе на нерви ми иде. Оваа Арчана, мајка Тереза. Цел живот го живее за други. Ја замолил син и да се разведе од татко му и ајдееее, она ќе остаи и маж и две ќерки и својата љубов. Комсиите и рекоа нешто и пак жртва за комсиите се искара со Манав. Преку такво. Ај гитла Арчана САМА ДА ОСТАНЕ ТРЕБА!
Епа не ја гледам редовно и кога ќе нема што да правам пополнувам време и затоа не бев во тек со настаните. Иначе да ја гледав до тука каде што се влечкаат по судовите околу населбата и понатаму не видов ништо. Многу епизоди се и претерано ги влечат работите а не е лоша до толку серијата. Ќе замолам некој што ја следи на интернет каде ја гледа и нека пиши во споилер како ќе се одвиваат работите понатаму
мене многу ми е досадна серијава Арчана постојаноо плачее ај јас не поднесувам вакви таботи затоа ми е досадна !
Многу ме изнервира оваа Арчана сега ја гушка Пурви а Теџ онака не до толку а баш на Теџ и е мајка а на Пурви не. Многу ми беше и жал за Теџ срцка плачеше зошто немала мајка, како бе немаш срце таа Арчана што ти е. Камо да ме слушне. Иначе оној Винај ли како беше свршеникот на Пурви е ТУКУ ДА ПРАШАМ НА КРАЈ НЕМА ДА ОСТАНАТ ЗАЕДНО МАНАВ И АРЧАНА ТАКА?