И да не тие гледана сега да ја гледаш ќе се вклопиш. Ништо ново се нема случено и работите се вртат во круг и само се влече серијата. Сега точно не знам од која епизода немаш гледано но јас до каде што гледав е дека Пурви нема да се омажи за Винај ја раскинаа свршувачката. Поточно Арчана ги слушна мајка му и татко му на Винај каде зборуваат за тоа како ќе земат снаа која што нема да работи. Арчана си го врати филмот во минатото каде и неа не ја сакале заради тоа што немала работа и образование и ја раскина свршувачката пред сите. Потоа Манав дозна дека Теџу е во Индија. Савита не можеше да ја добие Теџу на мобилен и се јави кај организаторот од нејзината екипа и така дозна дека натпреарот не се одrжувал во Лондон туку во Индија. Му кажа и на Манав. Теџу почна да работи како таксист а Манав се качи во нејзиното такси, кога таа му враќаше пари тој го виде прстенот што и го подарил за роденденот. И така се присети на сцените кога ја стретна и се јави на мобилен се видоа и разговараа. Манав многу и се налути но и Теџу муе лута него затоа што тој живее со Арчана а не им кажал нив. Манав не сакаше Теџу да работи како таксист но Арчана го убеди дека и тој така почнал во животот и не треба да зборава од каде потекнува. Па така тој прифати да работи Теџу како таксист. Пуни се вработи во фирмата на Арџун. Тој ја удри со колата додека мислеше на Пурви ја одведе во болница и за таа да не го тужи побара да работи кај него во фирмата. Г-дин ДК дојде во Индија ненајавено и ќе приреди забава за роденденот на Манав. Има изненадување а тоа е да ја покани Ови ќерката на Манав. Арчана нема да сака да присуствува на забавата бидејќи Сачин ќе го слушне како разговара со Теџу и и вели дека се ќе стори за Арчана да не биде на забавата и дека Теџу требада присуствува. Г-дин ДК ќе и се јави на Арчана и ќе настојува таа да оди на забавата. Таа ќе му каже дека меѓу неа и Манав нема ништо се е сменето. Но тој ќе инсистира и ќе и вели дека тоа е стара врска која треба да се одржи и дека не сака да ја принудува да дојде и дека изненадувањето е Ови на роденденот. Пурви и Арџун треба да одат на конференција во Пуна, но Сулочана не сака да ја пушти бидејќи ќе оделе само мажи на таа конференција па Пуни тоа го користи за и таа да оди да може да му се доближи на Арџун. Така Сулочана ќе прифати и тие ќе заминат. Арчана ќе и се јави на мајка и да и каже за тоа дека и Ови ќе присуствува на роденденот за Манав и таа ќе и рече да не оди, да не страда поради тоа што тие ја мразат. Но потоа и рече да оди дека нема да ја спречи таа да ја виде нејзината ќерка. На Пурви и Арџун ќе им се расипе колата. Ќе пешачат тој ќе и го даде палтото да не и студи По патот Пурви ќе влезе каде што едни танцуваат и таа ќе му се придружи, Арџун ќе ја гледа и ќе ја слика, потоа ќе ги сликаат и заедно. Дури ја чекаат колата ќе седнат да јадат. Луѓе на спротивната маса ќе коментираат како тие се сакат многу но Пурви ќе ги слушне им каже дека тој и е само шеф. Теџу ќе дојде на роденденот на Манав (Сулочана ја советуваше да му прости). Ќе му купи поклон со парите што ги заработила. Арчана ќе дојде на роденденот и Теџу ќе извика по неа Теткоо и ќе го повика и Манав. Ќе го запознава со неа и ќе му каже дека живее кај него. Ќе му раскажува дека е многу фина, како и помогнала да оздраве кога била болна и дека се чувствувала кај неа како дома. Манав ќе ја праша зошто се чувствува така. Таа ќе му рече се чувствувам како нејзина ќерка ме третира исто како и Пурви. Манав ќе ја праша Арчана зошто дојде тука. Тој не сакал да ја лаже Теџу и ветил дека нема но заради неа морал да ја излаже. Манав нема да се однесува убаво спрема Арчана. Г-дин ДК ќе речи дека мило муе што ги гледа како семејство и дека и тој се чувствува како дел од тоа семејство. И ќе им даде совет на Арчана и Манав добро да размислат пред да се разведат. А Манав ќе и рече на Арчана да си оди. Арџун и Пурви навреме ќе стасаат на конференцијата. Пуни не е многу среќна дека Пурви и Арџун беа заедно. Пурви ќе презентира а Арџун ќе биде многу задоволен од неа. Арчана кога сака да си замине од роденденот ќе се изгаснат ламбите и Ови ќе ја дадат како испратила видео порака и како му го честита роденденот на Манав. Арчана тоа го гледа и очите и се исполнети со солзи. Пуни ќе оди во трговски центар да си купи алишта, со кој наводно ќе го заведе Арџун. Со неа се и Пурви и Арџун. Тие заедно одбираат подароци и имаат ист вкус. Потоа Арџун ќе и купи многу убава облека на Пурви и ќе и рече дека не треба да ја одбие да ја земи. Пуни ќе се облече многу провокативно за на вечера. Арчана и Манав повторно ќе се расправаат. Тој е многу гурб спрема неа. Многу работи ќе и изнакаже на Арчана. И толку сега ќе виде во наредните епизоди што ќе биде. На најавата имаше дека на Арџун ќе мусе расипе лаптопот и дека ќе побара помош од Пурви. Потоа дадоа каде што таа лежи на креветот и Арџун е по крај неа а Пуни ги слика со мобилниот без тие да ја видат. И толку
мене денес ми беше најубавата епизода од целта серија се согласувам со sweet.cookie дека арчуун и пурви се преслаткии
Вака ја гледав серијава на јутујуб ама без превод и колку што сватив: Денот кога Пурви и Арџун ќе треба да се венчаат,Ови ќе сака да си ги пресече вените,во тој момент ќе и се јави Пурви за да се сретнат,и ќе се сретнат.И како ќе се случи незнам ама на свадбата место Пурви ќе се појави Ови.И Арџун ќе раскаже дека се вратиле од храмот и се венчале бидејќи Пурви му рекла дека не го сака ( Ови и рече да се отакaже од него,инаку ќе се убие) ,после тоа на првата брачна ноќ Ови ќе и се јаве на Пурви и ќе и се заблагодарува,и што ти не.И Арџун ќе слушне,ќе и се развика на Ови и ќе си замине.Иначе на денов на свадбата тие знаат дека Арчу му е мајка.После тоа ќе има прослава и тогаш Сачин ќе раскаже на се што го терала Савита,и Манав ќе се разлути и ќе и вика,и Ови и Теџ.Тогаш Манав и Арчана ќе се смират,а децава сите ќе појдат кај Арчу и сите ќе се гушкаат И Сачин и Пурви Ете така по нешто ви раскажав,колку што видов и колку што разбрав
Девојки што се чудите.. Spoiler 970 епизоди не се ништо, малечката невеста над 1100 има и сеуште се снима
Како што прочитав во темава, изгледа ќе се подобрат. Дај боже А ќе ми каже некој што се случи денес? Морав итно да излезам и не гледав