Ич не ми се свиѓа,а и не ми се свиѓаат индискиве серии! Многу долго траат,а и прочитав еден статус .." Љубов е кога вашата врска трае подолго од "Малечката невеста"
Што се случи во серијава???? Која е улогата на Арчана?? Извесен период не ја гледав но неможам да сфатам што се случува ајде ве молам некојa што ја гледа да ми објасни што се дешава во серијава
хехех сега Арчана е стара баба и живее во Канада, додека оваа младолика девојка која ја глуми Арчана е од поколението на нејзиниот син Сохам, кој инаку е мртов хехех и од син од Сохам па керка е сега Арчана хехехех ова ти се вика тешка глипост, невиден размер. Ми се одмиле да гледам од толку глупости.
Ја гледав вчерашната епизода (долго време ја немав гледано серијава) и не ми се допадна тоа што го видов. Настаните се многу измешани. Треба да престанат да ја емитуваат серијава.
Последно што се сеќавам ја гледав до епизодите кога Сохам правеше проблеми заради тоа што докторката незнам како се викаше таа се вери со Сачин нели и од тука наваму не гледав ништо до сега брзо кога видов дека Арчана е во две улоги и ништо не сфатив. Пурви е во Канада што прави таму и тоа не мие јасно. Нешто подвидов дека Ови има пак дете со Арџун и така се мие измешано а баш ме интересира до каде отиде серијава на почеток ми беше интересна онака за време пополнување
На денот на свабата на Сачин и Гаури, Сохам ја киднапираше Гаури и со неа скокна во река (слично како и првата целина што ја завршија). Арџун беше во Канада, Пурви отиде по него да се смират, но таму установија дека Ови имала ќерка со Арџун (???). Тука ја завршија сезоната, новата сезона почна после 18 или 20 години (пак!). Пурви и семејството се во Канада, Арџун и Ови во Индија. Пари не го познава воопшто татка си и не сака да го види, а Пурви нон-стоп мисли на него. Сохам го спаси некоја жена, тој се ожени со неа и имаа 5-6 деца. Таа е почината, Сохам пие, а најстарата ќерка е всушност Арчана. Таа заврши некое школо и се запосли кај Арџун во фирма. Арџун кога ја виде му дојде позната и ја пратеше до дома. Сохам го виде Арџун и му дојде познат, па после во весник прочита и се сети кој е. Сачин е женет со една лошотилак, таа и децата сакаат другите да ги исклучат и само тие да си го земат наследството (а Сачин па и не е син на Манав). Друго не знам што се случи, ама сигурно ќе го исповторат стопати, па ќе си укапираш.
Ја пратев одмана..пред едно 2 години кога се си беше нормално, и кога уште не ми беше смачена.. После ги сменија и глумците, а тоа за мене значи крај. Штом ги сменат не можам веќе да пратам, не ми е тоа тоа.. ај од било која друга серија нека ги сменат, демек пораснале...едноставно не е тоа тоа... и башка забега серијава скрос... Аман нека завршат индискиве, не ги можам најсериозно...Арчана рука под рука со Ананди и марш во Индија
Ја упропастиле серијава како од почеток да се емитува само со некои плус глумци. Крај тешко дека ќе има уште едно 10 години. tace73 бидејќи ја гледаш ти ме интересира уште каде е Пари керќата на Арџун и Пурви?
Во Канада е Пари, заедно со целото семејство, сем Сохам и Ови. Мислам дека студира нешто. Ептен серијава е кога доаѓам од работа, па додека се спремаме за ручек гледаме др.Оз и ова го ѕиркаме, па после тргнуваме по активности со децата
Бидејќи долго време не ја гледав серијава,може некој накратко да ми објсане што се случува? Фала од напред..
Досега не ја покажаа, ама не е чудно да „долета“ во некоја епизода. Јас немам појма со Ови што се случува, ни ја видов, ни во она што го гледав не разбрав. Ако некој разбрал нека каже!