Ограничувања од страна на родителите

Дискусија во 'Дете' започната од Aurora05, 17 јули 2015.

  1. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Здраво.
    Најпрво се извинувам,ако има веќе постоечка ваква тема и ако е дупла. Но мене мили мои очајно ми треба помош.
    Имам 19 години. И премногу сум ограничувана од страна на родителите. Сеуште ме сметаат за мало детенце,разбирам дека ние децата во очите на родителите секогаш ќе бидиме нивни деца,но ова нивново е стварно претерано. Моите се воспитувани како порано,сеуште кај нив владеат оние предрасуди и стереотипи.
    Немам некое големо друштво,односно немам воопшто најдобра другарка. Сите што се дружам имаат друштво со кое си се постојано со нив,и на одмори со одат со тоа друштво што си се дружеле.А мене ме бараат само кога ќе им треба нешто.
    И сега е време на одмори. Сите одат некаде на одмор,а јас дома.
    Имам свој пари,и им објаснив на моите дека со моите пари дали ќе ми дозволат да одам неколку дена до Охрид,онака дур се журкиве,со дечко ми и негови другари во кампови.
    И моите одма: Не смееш да одиш,што ќе правиш...Ако сакаш оди ама истиот ден да се вратиш,не смееш со спиење да седиш. Бла,бла,бла. Ќе ми дојдеш после дома со срам,со стомакот до уста и не знам си што.
    Преку глава ми е најсериозно.
    Сакам да им објаснам дека јас таму не одам поради секс,туку одам да се забавувам и дека ако одиш со дечко и друштво не значи дека ќе имаш секс. Божесачувај. Ама не успева.
    Попусто се обидувам да разговорам.
    Разбирам дека се родители и дека моите стварно се грижат за мене,сепак е тоа родителска љубов. Но,јас мислам дека ова е претерано од нивна страна и дека ги преминува сите граници.
    И не само со дечко,туку и со другарки да посакам да одам пак немат да ме пуштат. Ете поради тие нивни предрасуди.
    Имам помал брат на кој што му е дозволено се да си прави и да си ужива во животот.
    Не сакам да се фалам,ама себе си се сметам за паметна и послушна девојка. Никогаш не сум им рекла НЕ на моите за било што.
    Мене не ми се живее најсериозно,сите се забавуваат некаде а јас дома.
    Исто и за излегување,излез имам до 3 часот по полноќ.
    Пепелашка,во 3 морам да бидам дома.
    Ако излезам на пример во 10 часот навечер,и ако се вратам дома во 1:30 и после тоа другата ден цело време ми викаат,еднаш ми се деси и влезната врата да ми е заклучена.
    Им пречи тоа што скоро секој ден излегувам,се обидувам да им објаснам дека ми е досадно по цел ден дома,но џабе и тука не успева.

    Јас се извинувам за долгиов текст и што ви одземам малку време,но очајно ми треба помош.
    Ве молам,секој совет е добре дојден.
    И за крај да напоменам,обично вакви ограничувања има кај муслиманите...
    Да кажам не сум муслиманка.
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    19.697
    Пол:
    Женски
    Koga bev dete im se lutev na moite roditeli za vakvite raboti,a sega sum roditel i razbiram se ama se sto pravele za mene :) blagodarna sum im za se sto sum denes :l:

    Te razbiram i tebe mlada si i sakas da se zabavuvas,oni se grizat za tebe pa zato taka postapuvat so tebe.
    Sepak ti imat dozvoleno i izleguvajna i nojkni zurki,za odmorot pa gledaj da skratis da ne bide dolg(poveke dena) pa mozebi toa ke ti pomogne.
    Dokolku se si pravela kako sto kazuvat i se zadovolni ne gledam pricina za da neveruvat vo tebe.

    Inaku jas sum muslimanka ama roditel e roditel i site se grizat za decata,nemora da se hristijani ili muslimani :)
     
    На cresa-jagoda, MilaP, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Jaс им викам за 3 дена т.е викенд. Ама пак џабе не ме пуштаат. ;(;(;(;(
     
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.746
    Пол:
    Машки
    Здраво!

    Мислам дека е време да најдеш начин да им објасниш на твоите дека веќе си возрасна, зрела и изградена личност и дека нивните ограничувања може да имаат само контраефект на твои години. Воспитувањето со санкции кај деца може да има ефект до крај на основно, после тоа само може да предизвикува фрустрации и кај тебе и кај нив.

    Не мора да настапуваш агресивно, едноставно кажи им дека добро те воспитале, ти всадиле добри морални начела и дека си спремна да се носиш со животот и да донесуваш свои, правилни одлуки, без нивно константно „интервенирање“. На крај краева, ти со „стомак до заби“ можеш да се вратиш дома и ако имаш излегување до 9 саат, тоа не е никакво мерило за ништо.

    Она болдираноно е најверојатно и дел од проблемот кој го имаш сега - некои родители послушноста не ја сфаќаат како твоја добра особина, туку како нешто што треба да се експлоатира, како твоја должност ти да се поклонуваш на нивните мислења без приговор.

    Повеќето родители им мислат добро на своите деца, но исто така и повеќето од нив, иако со најдобри намери, прават погрешни одлуки во воспитувањето (како твоиве).

    Возрасна си (доволно за оваа работа), како што рече и самата, си имаш и свои пари, ако сметаш дека нешто треба да се смени, завземи цврст став, аргументирај го пред твоите и стој си позади кажаното. На крај, ако не ти успее, не мораш секогаш да ги слушаш. Познавам многумина кои слепата послушност кон родителите и на постари години ги одвела во длабоки фрустрации и незадоволство од самите себе и својот живот.

    Родители ти се и имаат најдобри намери, ама и „Патот кон пеколот е поплочен со добри намери“.

    Поздрав!
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Miss.N и 7 други им се допаѓа ова.
  5. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Имаш 19 години кој смее да ти кажи што да правиш ако ти му дозволиш така тие и на триесет така ќе те третираат едноставно кажи му имам деветнаесет години и јас ќе одлучам што ќе правам еднаш спротивставимусе потоа веќе би требало да сватат
     
    На sj *O* и angelche16 им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.857
    Допаѓања:
    112.837
    Сфаќам родителска љубов зошто мојот однос кон брат ми се повеќе личи на оној на мајка ми со мене, ама сепак имам свои граници зошто знам на негови години што сум сакала јас и знам на моите годин што ќе сака тој. Реално сфаќам грижа, ама недоверба ужасно ме нервира. На почеток на летово моите многу ме контролираја, небитно. Седнав да зборам со нив на темава, сега работата е малце поинаква, поопуштени се. Не дека не се грижат, барем малце од малце стекнаа доверба во мене, за џабе не сум потрошила 19 години да им докажам дека не прам некои си големи глупости и дека ако јас решам да нарпам нешто ќе го напрам и во мојот град кога најмалце очекуваат.
    Мислам дека треба да седниш и да разговараш со нив баш како ова што ти го кажав, кажи им дека ако ти сакаш да имаш секс таму и ред др работи, можиш да ги напрајш и сега и тие да не дознаат и дека тоа нема врска ако ти си надвор од градот. Кажи дека можеби ќе студираше странство и дека таму ќе беше самостојна и дека самостојноста ти е неопходна за во иднина.
    Барем кај мене ова успеа, ете сега Август идам 7 дена Охрид со друштвото, вчера бев Пивофест all night. То не значи дека мама не ми се јави најмалце три пати :rofl: ама барем колку- толку има доверба во мене.

    п.с. ако сакаш подетаљно да збораме зошто до скоро и јас бев во иста ситуација пиши ми лп.
    Ај со среќа :*
     
    На sj *O*, Aurora05 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  7. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.417
    Пол:
    Женски
    Јас не сум била ограничувана од родителите и никогаш нема да ѓи разберам ограничувања ниту кога ќе бидам родител а еве и зошто. Целта на секој родител треба да биде создавање на независна особа а не да цело време одиш ти по него и да му браниш. Верувајте дека не можете да го затворите детето дома за да не направи нешто лошо, а под лошо кај родителите се подразбира да не има секс или да не се издрогира се останато е не битно. Доколку им браните само ќе направите контра ефект,ќе ѓи натерате да направат нешто за што подоцна ќе зажалат и тоа само од револт кон вас и стеѓите кои им ѓи наметнувате.
    Значи уште од мали треба да создадете еден таков однос што нема да се темели на забрани туку на доверба, забраните никому не донеле добро без оглед дали се однесува за родител дете или во врска а особено овие вториве никако неможам да ѓи разберам.
     
    На sj *O*, joy1 и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    @Aurora05, не знам дали си од Скопје или од друг град, дали си запишана на факултет и во кој град, ама ајде да претпоставиме дека не си од Скопје, а си тука на студирање.

    Како твоите родители те пуштиле да се запишеш на факултет во друг град? Или дошле заедно со тебе во стан под кирија за не бидеш сама и да не се доведеш во ситуација да ги посрамиш. И тоа „посрамување“ мене ми е својствено за некое минато време или сеуште, за жал, за некои помали места низ земјава.

    Велиш и дека имаш свои пари. Ако си ги заштедила - ок. Ама ако си ги заработила? И на работа да не доаѓаат со тебе да контролираат некој нешто да не ти направи, па после да се „вратиш со стомак до заби“ дома? А ако си доволно возрасна да се образуваш и да работиш (под услов да работиш, нели, на тој начин да си обезбедуваш свој џепарац), зошто да не си доволно возрасна да одиш на одмор со дечко и со друштво?

    Како ти воопшто се гледаш со твојот дечко? Тој доаѓа кај тебе дома само кога твоите се присутни? За да вимаваат на вас? Или? Ако е за „правење беља“, и сред бел ден да е, и на факултет да си, ќе се најде време и место да се направи таа беља. Дали можеби си им објаснила дека знаеш како да се заштитиш од несакана бременост?

    Само полошо може да ти направат со тие ограничувања што ти ги поставуваат. Може да си останеш без друштво, а и со потешкотии да си најдеш партнер, па после неколку години да мора да слушаш попување од нивна страна: Ајде, девојка за мажење си, кога ќе има свадба? Кога планираш да си најдеш маж?

    Ем шуто, ем боде. На крајот на краиштата, полнолетна си по закон. Е од ваков однос имаме после „деца“ кои до 35 години живеат со свои родители, наместо да се самостојни личности.
     
    На Lolo5, sj *O*, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  9. photograph

    photograph Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека ти се родители и како секој можен родител кој што се грижи за детето, пошто има и такви на кои што не им штима што прави детето, имаат сеуште право да се секираат за тебе што е нормално. Но, имаш 19 години и сметам дека треба сама од сега дури и тие да не ти пречат да си одлучуваш што е најдобро за тебе и што те прави среќна/задоволна. Колку што излегда тешко треба да поразговараш некако со нив, смирено. Раскажи и им како целава ситуација те прави да се чуствуваш, убаво ти е кога си со друштво. Доволно си голема да размислуваш за вакви работи, посебно за излегување. Не верувам дека може да ти се случи нешто доколку си во друштво, не е ова некој хорор филм :) . За се е потребно време, сето ова што го кажа тука некако пробај пренеси им го на нив со други зборови. Ако вистина ти мислат добро, како што прочитав, треба да те сватат и да го превземат тоа твое мислење за себеси.
     
    На Aurora05 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    48.851
    Пол:
    Женски
    Моите си имале некои такви строги моменти во моето воспитување, ама тоа обично било поради мојата безбедност (како ќе се вратам, со кого, да не одам пешки сама навечер и сл.), никогаш заради бесмислени причини како: "да не се вратиш со стомак дома".
    Мора некако да им објасниш дека ако ти си решила да имаш секс со дечко ти (што е сосема нормално за 19 годишна девојка), тоа можеш да го направиш и преку ден, во истиот град кај што живеете.
     
    На Rama, joy1, Val-Dim и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    74.193
    Пол:
    Женски
    Tripati preprocitsv i me mi e jasno...ova do tri casot po polnok ko zakana i zabrana go dozivuvas?!malku e?!ili preci ohranicuvanjeto?'!
    Moze jas ne razbiram....
    Se se resava so razgovor...moze se slucilo nesto sto ja raznisalo nivnata doverba vo tebe...sekoj roditel zastitnicki e nastroen kon svoeto dete no ednas mora da mu se dozvoli da ja iskusi slobodata
     
    На cresa-jagoda, LUCERKA, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.049
    Пол:
    Женски
    Хммм, па велиш излегуваш скоро секој ден, ама тоа им пречи ! Проблемот твој е само времето по 3 часот ?

    Заработуваш сама ? Кој ти ги финансира излегувањата секој ден ?

    Ако сакаш да правиш работи што ти си ги наумила, тогаш најди си работа и стан, па прави што сакаш.
    19 год. имаш, не си мала !

    И сигурно тука има нешто со изгубената довербата кон тебе. Сигурно не туку така решиле твоите родители да ти ставаат забрани.
     
    На cresa-jagoda, joy1, Val-Dim и 4 други им се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    48.851
    Пол:
    Женски
    И мене ова ми падна во очи, ама затоа што рече дека има свои пари, претпоставив дека девојката работи.
     
    На Abrakadabra и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  14. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.049
    Пол:
    Женски
    Па нека каже и нека се изјасни. Доста често под „имам мои пари'' велат и за џепарлакот од родителите !
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    Мене друга работа не ми е јасна. Не ми е јасно како не им пречи на нејзиниве родители до 3 часот по полноќ да биде излезена (и дали и тогаш се тресат да не остане трудна, очигледно дека само со тоа се оптоварени)?

    А и грешка да направила, со која им ја разнишала довербата, сепак некогаш треба да се остават децата и да згрешат, за да почувствуваат на своја кожа како е, за после да им дојде памет. (Нормално, не да ја остават да се влече по абортуси, или да влегува од една во друга грешка, ама понекогаш нашите сопствени искуства ни се најдобра лекција.)
     
    На cresa-jagoda, DVAANGELA, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.380
    Допаѓања:
    54.749
    Секој родител му сака само најдобро на своето дете!!! Секој родител до максимум се грижи за своето дете!!! Мислам дека не постои родител кој не би направил се за среќата на своето дете!!!
    Но, понекогаш постојат ситуации кога родителот е малку „построг“ во очите на своето дете, но верувајте за тоа секогаш има некоја причина!!! Причината може да биде поттикната од однесувањето на детето, од однесувањето на друштвото во кое се движи детето или едноставно „сваќањата“ на родителот се такви (што би рекле младите - заостанати родители) !!!
    Мила @Aurora05 дали ова го знаат твоите родители? Дали воопшто знаат колку ти си осамена и без вистински другарки??? Ако досега не го знаеле, мислам дека сега на 19 години е крајно време да ги запознаеш со тоа!!!
    Но, велиш излегуваш секој ден... Три часот по полноќ и не е некое страшно ограничување!!! Значи, за тоа не ти ставаат забрани... Но, со кого излегуваш секој ден ако немаш другарки??? Само со дечкото???
    Многу работи од твојот пост се недоречени... Објасни ни малку подробно дали ограничувањата постојат од секогаш или се појавиле по некоја случка!!!

    За секс не треба да одиш некаде далеку од дома!!! Тоа го знаат и твоите родители!!!
     
    На cresa-jagoda, girl-miri, WORRIED.BT и 2 други им се допаѓа ова.
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.930
    Допаѓања:
    6.399
    Пол:
    Женски
    Искрено разбира родитеска заштита и љубов ама ова веќе е претеризам твоите да не живеат во пештера?
    Таткоми од секогаш бил построг ама кога кажува еднаш нешто тоа не го пофторува,во смисла на воспитувањето и никогаш моите родители не кренале рака на мене...На одмор прв пат сама отидов во на 14 години со другарките во Охрид во капм,тоа дружење ќе го памтам цел живот,каков секс бе какво пустење такви работи не ми паднале на памет тогаш,и секогаш ми зуеа зборовите на таткоми во уши што смеам а што не,услов за да одам сама на одмор беше само да знам да пливам како што треба,и паметот во глвата,на таткоми условите ги исполнував и од тогаш све до денес или со другарки или со дечко одев на одмор и не се вратив со стомакот до заби|(...
    Бог да чува каков е тој издраз од татко каков е тој муабет,за заштита моите ми имаја кажано уште од 14 години,исто така и за сексуално преносливите болести,и фала богу дека и имав читано и се имав едуцирано од таја страна никогаш не се пострамотив ни самата па ни нив,но тие знаеја дека јас сум добро информирана за све иако мајками како родите пред секое патување а некогаш и излегување ме потсетваше на тоа...
    Секогаш за тоа што бев одличен ученик бев најмалку наградувана со одмор еднаш во годината и знаев да го ценам тоа...Затоа и ти треба сериозно да поразговараш со нив,ако треба и ќе се скарам родител за родител ок,почит за почит ама ти имаш 19 години и имаш право да го живејш твојот живот и да престанат тие да го живеат за тебе,треба да сватат дека насекаде има опсност ако гледат тие толку површно,само треба све да правиме со памет во глата и господ да не чива...Мора да го пресечич еднаш и јас сум се скарала со моите родите и секој, ваквото нивно понашање спрема тебе не е во ред,и да му се спротиставиш кавги ќе има,нека има еднаш можиш да се ослободиш од нивните синџири, побогу па ти си полнолетна личност бе,можиш да правиш што сакаш имаш право на тоа,нека престанат едноставно да те гушат,и да одиш на одмор не гледам причина зошто секогаш да биди по нивно и да ги исполнуваш нивните каприци.Доволно е доста е време е да те пуштат да одиш по својот пат и да порасниш на вистински начин...
     
    Последна измена: 17 јули 2015
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    48.851
    Пол:
    Женски
    Јас имам другарка што до 18 години смееше до 10 да излегува навечер, нејзините и ги контролираа повиците, дури го праќаа брат и да ја следи на излегувања, дечко никако се уште не смее да има (на 22 години), цело време и се закануваа.

    Не знам какви биле тие најдобри намери што ги имале со такво однесување, ама еве сега девојчево е на студии во друг град и нема контрола, цело време прави глупости, пробува да изживее се што пропуштила.
    Така што, не држи вода дека баш секој родител го прави најдоброто за своето дете. Секој може да погреши, ако си родител, тоа не значи дека мора да знаеш што правиш.
     
    На Lolo5, sj *O*, cresa-jagoda и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Не реков дека ми е малку излегувањето до 3 часот,толку се задржувам за викенд кога сум излезена во дискотека.
    Инаку имам пари од сопствена заштеда што ми давале пари баби,дедовци...Таква сум едноставно знам да зачувам пари,и плус уште си ги чувам парите од матурата што ми ги носеа парите.
    А онака на кафиња ко ќе сум навечер излезена,најкасно до 1 и пол останувам. Не сум баш секој ден излезена,туку пример во неделава 3 пати сигурно излагам.

    Инаку да знааат моите дека немам другарка најдобра,дека дечко ми ми е се и другар и дечко. Само не знам дали можат да ја сфатат мојата осаменост.
    Имам и анксиозност. Мислам дека тоа немање на друштво и некој недостаток ме доведе до степен да имам анксиозност.
    Што се однесува до темата секс,сеуште сум немала и моите знаат едноставно не се чуствувам спремна за тој чекор. Мислам дека е нешто како голема промена.
    И нормално дека ако одам јас,нема да одам со таа намера таму да имам секс.
    Ама ајде тоа,мајка ми била така воспитувана од нејзиниот татко и била ограничувана за се. Дури не е пуштал да оди на работа,и самата кажува дека и било грдо.
    Сакам да и покажам дека и мене ми е грдо и да се стави на мое место,дека и мене ми е грдо како што и било нејзи.
    Инаку имаат моите доверба во мене,живеам во мало место каде што се случува се и се што.Едноставно сакаат да бидам зашитетна и да не бидам излажана,внимаваат на мене.
    Јас сум доволно зрела...
     
    На macedonec15 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.049
    Пол:
    Женски
    Девојко,сама си одговори на сопствените прашања...ти си ги знаеш одговорите, само не ти се допаѓаат.
     
    На Aurora05, WORRIED.BT и crimson им се допаѓа ова.