1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ограничувања од страна на родителите

Дискусија во 'Дете' започната од Aurora05, 17 јули 2015.

  1. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Истото се трудев да го објаснам ,ама остај,има 19год. и мисли дека се може,имам сестра,еве гледам од неа,а и самата го поминав , не се доволно зрели да го сфатат ова не па да преживеат сами ! Има среќа што Бог и дал здравје и фамилија околу неа,ама не е свесна и незнае да цени ! Ајде ќе порасне , ќе има се што сака,ќе се омажи па ќе плаче за назад :rofl:
     
    На cresa-jagoda, Oscar Lady, ivi1987 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Луѓе, мене ме запрепастуваат други работи. Живееме во време кога се' е дозволено и допуштено, а наидуваме на случај кога на 19-годишна девојка и' се забранува да оди на одмор со друштво.

    Мене и на повозрасните не ни е сфатливо што се случува во 21-виов век, затоа што, ете, од себе ќе тргнам, ние живеевме во некои други услови и повеќе почитувавме и родители и професори и повозрасни луѓе од нас.

    Денес децава на 13 и 14 години одат по дискотеки и остануваат надвор до ниедно време, одат на одмори на 15 години сами, со друштво, имаат врски и сексови на таа возраст, се однесуваат безобразно на училиште (а родителите уште и ги поддржуваат), се „понашаат“ со повозрасните од нив (не одете подалеку, погледнете на форумов кога некое девојче ќе побара совет, како потоа се кара со оние кои дале одговор што не му се допаѓа).

    На 19 години, повторно ќе кажам, се оди на факултет, голем дел од Македонијава студира надвор од својот град и луѓето на оваа возраст сами си го уредуваат времето и обврските. А не секој студент работи, што значи дека зависи од родителите, но таа слобода за излегување и дружење не е ускратена на овие луѓе.

    Не знам дали ми ја разбирате поентата.

    А што се однесува до тоа дека девојкава сака да оди со дечкото и неговите другари на одмор - не гледам тука ништо страшно затоа што сигурно некои од тие другари имаат девојки кои би ги понеле со себе. Како и да е, верувам дека истиов проблем би и' го правеле и да сака да оди со женско друштво.
     
    На Lolo5, sj *O*, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  3. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Лепотице, на 15 години ќе прашуваш и ќе слушаш, мада мене никојпат не не ограничиле со време. На 20 години не смее никој да те ограничи во ништо. И не мешај почит, очигледно не го разбираш тоа. Почитта обострана треба да биде, како возрасен кон возрасен. Од такви родители како ти што браниш, излегуваат наркомани, криминалци, трудни кога не треба, спонзоруши и психопати. Кога не ти бранат, а само те советуваат, знаеш што и кога да направиш.
     
    На Lolo5 и sj *O* им се допаѓа ова.
  4. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Е ОК де! И мене до 22 не ме пуштаа сама со дечко,до тогаш бев 2год у врска ,го знаеа и се тоа,па еве ме нишо не ми фали,уште сум у среќна врска ,имав разбирање затоа што и он има сестра ,па и неговите и го правеле истото. Плачев,се лутев,вреѓав ама сега ги разбирам многу и фала им за се што ми забраниле ! Си ги сакам премногу и еден ден се надевам ќе бидам добар родител како нив , знам дека ќе ме пцујат скришум децата ама еден ден ќе ми бидат нај благодарни!
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.538
    Пол:
    Женски
    Прво не сум тинејџер за да ми се обракаш со лепотице .Мајка сум на две деца,сум поминала се и сешто и може сум дупло постара од тебе.

    Второ:на дотичната кој што и забранува освен самостојно одење на одмор со машка банда?Како нема другарки а искача до 1 навечер на кафиња скоро секој ден?Со кого искача?Ние зборуваме врз основа на само 2-3 реченици нејзини.Вистинската страна на приказната никој не ја знае нели?Се што се прави треба со усул со разум да се прави.И јас сум родител па никогаш нема на керките да им речам дојдите кога сакате и правите што сакате.Да им дозволам издрогирани,испијанчени,и*ебани дома во 7 наутро да ми дојдат??
    На се треба граница да има.А демешнава младина ја нема.Затоа темата за Дали сум трудна е фул со глупи прашања.Бидејки сите се понашаат ко распуштена банда.И никој нема стравопочит кон родителите.Мисли оти има 18 год Господ за такво го фатела и може се што и се сака да праи ?

    И трето:имав две познанички.Керки и двете на воени лица.Држени строго строго неможам да ти опишам колку.До претеризам беше нивното.
    Едната заврши сеа на факс во Романија со највисок просек.Се омажи и има мн интересен сопруг,и живеат мн убаво.

    Другата заврши со највисок просек.Сега раб во фејбук компанијата во америка.Нема место каде не го прошетала.Ниту се дрогираши ниту психопатки ниту трудни останаа пред брак.

    Самата ти кажа кој е способен на 20 ке биде и на 50.
    Епа и Кој е паметен ке си остане таков.Кој сака распуштенички живот ке си го живее па макар ги имал најдобрите родители на свет.
     
    На Nightwish11, Dream-Girl, cresa-jagoda и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Боже, @Iggy.A, не мораш да ми се дереш. На секој родителот нешто му „правел“ за негово добро, ама очигледно ти мене не ми го сфати постот, а ја божем преку примери да биде појасно... Во ред е, смирете малку страсти и дискутирајте на ниво, особено со некој што не се однесува дрско со вас.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    А зошто си им толку благодарна што на 22 години не те пуштиле со дечко на одмор?
     
    На Lolo5, sj *O*, Jordanovska-K и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Општо за сите години зборам , не само за тие 2 ... Може пукав од досада , ама сето тоа ми беше и еден тест спрема дечкото,колку тој ме цени ,почитува мене и моите најблиски,за разлика од бившиот што ми раскина заради мала"казна" ако можам да ја наречам,викенд без терање шема,дечкото без грам разбирање ,а истото го трпеше и сестрата негова...
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lavina :)

    Lavina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Се е до довербата. А тие изгледа ја немаат.
    Цел живот се дружев само со машко друштво. Вистина е дека и брат ми беше во друштвото ама нормално е дека и сама излегував со истото.Како и ти доооолго време женски другарки немав,а камоли пак НАЈДОБРА некоја да ја издвојам..пфф..Е сега , разликата е во тоа што уште на почетокот кога бев пубертетлија ме седна мајка ми и имавме еден убав доооолг разговор. СИТЕ теми ги поминавме! И од тој момент не можам апсолутно ништо да сокријам од неа било тоа да е ново пријателство ,мување,дечко,школо...Така изградена ни е врска која не може ништо да ја раздрма.Не знам, колку ти си им влеала доверба? Постои ли причина (освен општа родителска грижа) тие толку цврсто да те чуваат?
    А, за темата СЕКС мислам дека тоа "ќе се вратиш со стомак до уста " само за враќањето од одмор не држи вода. Таква можеш и од кафе и од дискотека да дојдеш.Мислам хелоуууу, ај прашај ги дали тие само на одмор се ..... ? :lol:
    Разговарај, имај добри факти, убеди ги...докажи им дека си совесна личност;)
     
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Иги, дефинитивно си ме помешала со некого. :lol: Инаку сум доста повозрасна од девојкава која ја отворила темава, изгледа си сакала на некој друг да се обратиш. :$
     
    На Iggy.A му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Пардон ,грешка моја :) Од мобилен враќамСе и
    Ја длабоко се извинувам ,од мобилен вратив , се помешав со девојката која ја мачи проблемов. :mm:
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Многу во крајност отиде темава,ама ајде да ви појаснам.
    Ни на крај памет никогаш не сум помислила да се селам од дома,затоа што ме обвинувате да сум земела да сум работела.
    Да и тоа сум го пробала,сакав да работам летово и работа дури си најдов,и на крај моите рекоа- НЕ СМЕЕШ ДА РАБОТИШ.
    Ние доволно заработуваме и ти немат потреба да работиш,доволно е за тебе да си го гледаш учењето.
    И се изначитав тука се и сешто.
    И многу почнавте да ме критикувате за излегувањето. И тоа еве ќе ви го кажам,темава излагање е доста дискутабилна.
    Јас со 19 години имам излез до 3 часот во дискоетка по полноќ? Јас сум задоовлна не реков деека не сум,но верувајте има девојки со 12-13 години што се задржуваат до зори.
    За тоа со кафињата,па шо знам од моја страна за мои години мислам дека е сосема океј.
    Стварно не знам како е по другите градови,секаде е различно....
    12-13 годишни е сосема нормално да бидат излезени до 6 сабајле,и истите тие одат на одат на одмори со друштво.
    Јас стварно не знам,се е до воспитувањето од страна на родителите.
    Некои ми напиша дека сум била НЕ БЛАГОДАРНА.
    Не реков дека сум не благодарна,ни најмалку од тоа. Задоволна сум од она што го добивам од родителите,дозвола за излегување и се останато.
    Мене ми пречи само нивното да го наречам заостанато размислување во однос на одредени теми. А најмногу,размислувањето на мајка ми.
    Сакам да го сменам тоа конзервативно размислување кај нив. Не сакам да мислат така,иако се постари луѓе 40+ години,доволно се социализирани и образовани...но ете тоа останало кај нив уште од времињата на нивните родители.
    Доволно сум свесна и зрела за се.
    И нема никоја друга приказна како што кажа некоја феминка погоре,ова е сета вистина. Сигурно нема да пишувам тука со намера нешто да измислувам. Не ни најмалку не ми беше тоа на памет,кажав се она што ме мачеше. И мило ми е и ви благодарам за тоа што одвоите време прочитавте и советувавте.
     
    На Val-Dim, crimson, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    @Aurora05 сега не ги разбираш постапките на твоите родители, ама како што ќе созреваш со годините, така ќе сфаќаш се повеќе, колку имале право за некои работи. Тоа сите сме го поминале низ кое поминуваш ти.
    Сега ти изгледаат како крај на светот со тие нивни ''несфатливи забрани'', ама кога ќе имаш некој ден свои деца и кога ќе бидеш и ти родител, тогаш се ќе ти биде кристално јасно.
    Биди среќна што се грижат за тебе. Од родителите немаш подобри пријатели,макар да сега така не ги гледаш. Сите кога ќе ти го свртат грбот, и дечко и другарки, кој ќе ти остане ?
    А какви родители има сега, јас да ти кажам би им забранила деца на нeкои воопшто да имаат.
     
    На Rama и Aurora05 им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Довербата е многу битна работа во однос родители и деца.Јас ќе си кажам за мене, до некаде 13-14 год бев држана доста строго од дома, не смеев да доцнам ни минута зошто потоа ме казнуваа и не излегував нареден викенд, имав излез колку што имаа и другите, но ме фрустрираше тоа што не смеев да доцнам, а реално се случува тоа не е некоја филозофија зошто си доцнел, а имав излез до 11 некаде.За други работи немав забрани, ама некои работи не смеев да ги кажам дома, ама искрена ќе бидам, колку повеќе работи имаше што не смеев да ги правам зошто мислев дека ќе бидам карана и казнета, јас повеќе ги правев, прва од друштво имав дечко уште мала, прва имав секс и такви ствари, не бев распуштена, ама бев љубопитна, тоа се случуваше се до моментот кога тие престанаа да ми забрануваат, од тој момент јас станав поодговорна.На 16 се фатив со дечкото со кој уште сум заедно и сум прилично мирна и примерна од тогаш до денес.Сакам да кажам дека забраните и строгото држење не се мерило за тоа кој каков ќе биде во живот.Мене од дома никогаш не ми рекле не треба да се дрогираш, да пиеш секоја ноќ, да бидеш со различни мажи и сепак јас тоа не го правев, се е до карактер и самосовесност.Кога не си ограничен некако сам си ставаш ограничувања и нема кавги и фрустрации.
    Еве не мене не ми забранувале скоро ништо да речам од 15 па наваму, па сепак пораснав во одговорена и примерна личност, со одлично школување, со манири, не пијам многу, не пушев до скоро, не се дрогирам, не спијам со кој стигнам(мада ова јас го сметам за личен избор да не се навреди некој), имам дечко и почитување за сите постари лица од мене.
    Со ова не сакам да се фалам туку да кажам дека некои ваши коментари дека ако не и се забранува девојката ќе прави урнебес, не се на место.
    Забранувањето од страна на твоите родители не е правилно според мене за годините кои ги имаш.Сфаќам грижа, но тие немаат доверба во тебе, или си ја загубила или воопшто не ја ни стекнале и тоа е голем проблем во вашиот однос.Разговор е единствено решение, но најдобро ќе биде ако со нив разговара и друга возрасна личност, ако имаш близина со некоја, пример тетка или сл.Тие веројатно нема да се сменат но ќе омекнат.На крај краева ако ништо не помага, веројатно за година ќе тргнеш на факс, ако студираш некаде настрана, тие нема да можат да имаат контрола па тоа ќе го реши проблемот до некоја мера.
     
    Последна измена: 17 јули 2015
    На sj *O*, eloves, Aurora05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Јас ќе си кажам за мене -Значи кога почнав да излегувам со другарки,завршена 3 година средно,останував до 22 ч.навечер.Кога фатив дечко (сегашниот мм-прв и единствен дечко) повторно до 22 ч.
    Ниту јас барав повеќе да останувам(сега се чудам ,зошто сум била такво теле ?),ниту пак родителите нешто не се потрудиле на времето да ми спомнат онака уз пролаз дека можам и подоцна да се враќам.
    За одмор да барам да одам со дечко ми -на крај на умот не ми паѓало.
    Како и да е...моето се завршило.
    Сестра ми....8 години помала од мене....почна со излегување некаде 2 година средна кога беше...На факултет веќе до 3-4 наутро беше излезена...Моите освен што мене ми се жалеа дека многу доцна останува,неа ни збор не и имаа промрчено за истото.
    Трета приказна ...син ми -17 години...Одличен ученик,со положен возачки испит,мотор и ептен откачени другари.
    Не го ограничуваме со сопругот ниту во време,ниту во места на движење.
    Излегува до 1.30-2.00 часот (времето сам си го определува).Ако планира да се задржи повеќе од ова ми праќа порака.
    Јас?Мајка...дремам ноќе додека да се прибере...као гледам „многу интересен филм“.
    Сега за некој ден ќе оди за Охрид ,на наше убедување дека треба да оди со другарите.
    Ќе си помислите сега оваа или има многу пари или баш и е гајле за синот?
    Го правиме сето ова со мм баш затоа што сакаме да го подготвиме за живот.
    Сакаме едноставно да застане на свои нозе,да сфати на тој одмор дека ручекот не доаѓа сам на маса,да плаќа на каса и да почувствува како изгледа кога одредена сума пари полека ја снемува и ред други работи.
    Еве ,и јас сакам малку да се подготвам(Господ нека ми е напомош овие 10 дена)како ќе останам кога ќе отиде на студии во странство(за мене ќе биде тоа голем шок,мм ме зеза да си земам неплатено отсуство од работа и да го „држам за рака“.
    Ама тоа е живот,треба децата полека да ги одвојуваме од нас,да ги пуштаме сами да се снаоѓаат,а не само “чекај сине,мама ќе направи“.Утре кога ќе се ожени,да може да мисли со своја глава,а не за секој проблем кај мене да „трча“,да бидат самостојни со неговата сопруга.Незнам,можеби грешиме со мм што му даваме толку слобода,но ние едноставно го правиме најдоброто за него,како и секој друг родител.
    И фала му на Бога што досега не ја изневерил нашата доберба кон него.
     
    На sj *O*, sparklie, cresa-jagoda и 24 други им се допаѓа ова.
  16. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Ограничувањата кои мене ми ги правеле, се исплателе! Во мојов случај неважи правилото куче од ланец, напротив некој работи ги искусив кога бев позрела и можев да разграничам што е добро а што лошо за мене. Да им се лутев тогаш, но сега повеќе сум им благодарна. Не брзајте да изживеете некој работи пребрзо и прерано, остајте секоја година да ви ги носи оние работи кои се нормални за истата. Родителите кои се створители на самите вас никогаш неможе да ви мислат лошо. Поздрав.
     
    На Rama, WORRIED.BT, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    WTF???????
    Упс...Малку некултурно!!! Нема ништо лошо да имаш само машко друштво ако така ти се ЌЕЈФА!!!
    Секако дека не е исто да ти се „мешаат“ родителите на 20 и на 40!!!
    Мила, ако имаш другарка од 40 години, значи и ти си приближно на таа возраст... Значи, ти бидејки не сакаше никој да ти се меша во животот го напушти родителскиот дом оддамна и денес имаш или немаш маж и деца... Но, што е со твоите родители? Дали животот по твоето напуштање на домот продолжи како ништо да не се случило???
     
    На WORRIED.BT и joy1 им се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Мила @Aurora05 мислам дека по осум часовно дискутирање на темава свати дека ти сепак немаш кој знае колку големи ограничувања од родителите!!!

    Од првичниот „проблем“ - не пуштањето на одмор со дечкото и еден куп негови другари (најверојатно заради тоа што ти ке бидеш единствена девојка, па „чаршијата“ ке оговара), дојдовме до твоето „признание“ дека родителите ништо друго не ти забрануваат - излегуваш кога сакаш, па дури и финансиски те задоволуваат со желба ти само книгата да си ја гледаш!!!

    А со тоа што се постари луѓе :D, над 40-тата (мои врсници 8)), очекувај дека за некои работи ке се „разијдувате“!!! Истото ова, еден ден, ке ти се случува и на тебе со твоите деца... Здравје, по 20-30 години... Не се твиоте родители конзервативни, не живеат во минатото, не се „заостанати“!!! Едноставно кога си родител имаш друг „агол“ на гледање на работите!!!
     
    На jacqueline.s, WORRIED.BT, MilaP и 3 други им се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ако дечко ти е кретен, и во твојот град ќе е кретен.
    Тие треба да те научат како да ги проценуваш луѓето, а не да те затвораат дома и уште повеќе да те дистанцираат од нив.
     
    На Bender Rodriguez, eloves и mirandaa им се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    @Aurora05 Чекај чекај малку,па ти сакаш да одиш на одмор со сите машки другари на дечкото само ти женско?
    Е малку пардон за ова и јас да сум на местото на твоите родители нема да те пуштам и нема да одиш без разлика колку и да си примерна,тој дечкото твој малоумен е?Кај ја пика девојката со сите мажи околу?Свашта...Не дека ќе се случи нешто ама тоа на ништо не личи,дај соберисе во тоа паметот...
    За на кафе ако имаш преку недела дозвола до 1и30 е сосема ок па за викенд до 3 сабајле дури и многу ти е,јас не смеев да закаснам од 2 повеќе,ти навистина си барала преку лебот погача...Ако немаш другарки на крај краева твоите не ти се криви,ете доволно излегваш за да стекниш,или се имаш залепено како секундарен лепак на дечкоти па и за тоа се твоите криви,фактички цмирзиш овде оти каприцот за одење со дечкоти на одмор не ти е исполнет е пардон малку,според ова сега што го прочитав ни јас нема да ти дозволам да одиш доколку е таква ситуацијата... И алооооо што ти е тебе никаде не е нормално девојки од 12 13 години да излегуваат до 6 сабајле,каде ви отиде вас паметот бре,очигледно на денешните деца родителите повеќе време седат на фб...До 6 сабајле излез?и ти се споредуваш со нив како тоа ок да е?Ужас
     
    Последна измена: 17 јули 2015
    На cresa-jagoda, jacqueline.s, Oscar Lady и 3 други им се допаѓа ова.