1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ограничувања од страна на родителите

Дискусија во 'Дете' започната од Aurora05, 17 јули 2015.

  1. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    @Iggy.A Ми се има случено да ме разочараат луѓе, ама не разбирам каква врска има тоа со не одење на одмор на 22 години? Што ако отидеш на одмор со дечко и после раскинете? Не го гледам проблемот сериозно.

    Нема потреба за грижење за тоа колку сум јас сигурна и на кого верувам, гледај си за себе. Исто така нема потреба од семе синапово слики на форумов во дискусии. :)
     
    На Lolo5, Bender Rodriguez и mirandaa им се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.424
    Пол:
    Женски
    Ти навистина мислиш дека 12-13 годишни е нормално да излегуваат до 6 наутро :o

    На 12 години уште барбики ми купуваа.
     
    На Dream-Girl, sj *O*, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Па нема потреба и од твоја страна за прашање "зашто сум им била благодарна на моите родители за тие 2 год",ама сепак фала ,ете и ја ти одговорив , сликата е чисто информативна , не глеам забрана за прикачување слики никаде . Ако ти не си приметила разлика од 19 до 22 год во твоето созревање ,тука јас неможам да ти објаснам никако... Очигледно само ти си во право ,еве ти го отстапувам местото за коментари, пошо сите горе грешат. ;)
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Откако прочитав се уште еднаш, заклучокот ми е дека претерана строгост на родителите е непотребна ако детето знае да процени што е добро, а што не. Јас никогаш на пример не сум имала точно време за враќање дома, ама знаејќи ги моите, си се враќав во пристојно време. За одење на одмори сме преговарале со недели, ама моите никогаш не мислеле дека јас одам на одмор за да се пијанчам и легнувам со сите. Не излегувам во работен ден, зашто ако излезам сама ќе си ја сносам одговорноста и ќе бидам ненаспана другиот ден. После 3, па и 2, ретко сум се враќала, затоа што знаев да си го организирам времето, да излезам малку порано за да не си го пореметам спиењето за цела наредна недела.

    Ако детето мисли дека 3 саат е рано за враќање, а па родителите се екстремно строги и му прават проблем на неколку дена да отиде до Охрид, тоа ќе резултира катастрофално. Родителите ќе се нервираат и ќе казнуваат, детето ќе се бунтува и едвај ќе чека малку повеќе слобода.

    Да, 19 годишни тинејџери се полнолетни, ама ако не ги почитуваат родителите кои ги израснале, како би почитувале било кој? Како некој што не знае да си постави граници за обично излегување, ќе знае како да се однесува на работа со скроз непознати луѓе?

    А па од друга страна родителите за да се заштитат себе од претерано замарање за детето и грижење кај е и со кого е, обично го решаваат проблемот со секакви забрани, и го чуваат цел живот покрај себе.

    Те прашав затоа што не мислам дека одење на одмор игра толкава улога во воспитување на дете. А 22 годишна девојка не е дете, и веќе не треба да биде воспитувана.
    Каква врска има дали јас сум приметила разлика од 19-22 години во моето созревање? Нормално дека сум приметила.

    Ниту реков дека сите грешат, ниту барав да ми отстапиш место за коментари. Кога пишуваш на јавен форум, некогаш ќе се најде некој да ти реплицира. :)
     
    На sj *O*, Annath, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Јас не мислам дека е сосем нормално да бидат до толку излезени.
    Мислев дека за нивните родители,тие што ги воспитувале тоа го сметаат за сосем нормално.
    Јас на 12 мижаница пред зграда играв,и во 10 часот го имав испиено млекото и си бев легната в кревет за спиење.
     
    На Lotus-14 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Нормално ,секој со свое мислење . Ќе бидеш или може си мајка веќе незнам , ќе имаш ќерка ете 19 годишна , ме интересира дали би ја пуштила сама ,еве исто вака како овој случај со дечко и машко друштво?
     
  8. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    И тие за инает нема да те пуштат нареден викенд и целата ситуација така си се врти до бескрај и во секој случај, ти си на губитничката страна. Еве и да излезеш кога ти рекле дека нема да те пуштат, кај ќе најдеш пари ако не работиш? Ќе ти даде баба или дедо? Колку пати тоа ќе се случи пред и тие да престанат да го прават тоа? За некој родител да почне да му дозволува "се" на своето дете, прво треба да види дека е зрело и знае да се справи со различни ситуации. Нормално, тоа не е оправдување за да те изолираат целосно, ама читајќи ја приказната на девојчево, па таа и не е толку ограничена. Си знам по себе, јас машко сум па до 16тина-17 години не ме пуштале да се вратам покасно од 12 или 1. Излегување и тоа со 150 денари најмногу. 200 во нивните дарежливи денови. На одмор, нема шанси, и не сум се согласувал со тоа нивно однесување, уствари не се согласувам со многу од нивните размислувања и однесувања спрема мене и ден денес, ама тоа не значи дека не ги почитувам, сепак тие ме изгледале и благодарен сум им на тоа.

    Каков совет е тоа замини од дома? Уствари не може ни да се нарече совет од што нема смисла... Кај ќе одиш бре ако заминиш од дома? Имаш стан на лагер? Имаш работа? Или ќе седнеш кај Камени Мост или најфрекфентната улица во твојот град и ќе скрстиш нозе, пружаш рака и чекаш? Работа, макар и за келнер/ка не се најдува така лесно, а и не е лесно да преживееш без никаква помош со 10000 плата. Како што спомнаа погоре, тогаш ќе си среќна и ако излезеш 2 пати неделно до 1, не до 6 сабајле.


    Пак да нагласам, да не ме разбра некој погрешно. Не сум на страна на родителите кои те контролираат цело време, ти дишат во врат, ти забрануваат се и сешто ама па не сум ни на страната на родители кои те пуштаат да правиш што сакаш без никаква грижа. Се си има граница, самите треба да сте свесни до кај е таа граница.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Па да, ако е се во ред со дечкото и ако ќерката не ми ја изневерила мојата доверба претходно, не гледам проблем зошто да не оди. :)
     
    На Lolo5 и sj *O* им се допаѓа ова.
  10. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е ! Браво ! :):handshake:
     
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ама зошто не би ја пуштила?
    Што мислиш дека ќе прави таа ако е со дечко и другари? И каква е разликата во тоа дали би имало други девојчиња таму?
     
    На Lolo5, Jordanovska-K и mirandaa им се допаѓа ова.
  12. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Незнам , ја на пример сум седела со дечко ми и неговите другари на кафе 3h , не се пронајдов у нивен муабет,освен за фудбал ,на утакмици сум прва , а не па на одмор 10 дена,покрај алкохол,нивните години и др. срања ...
     
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Тоа веќе зависи од друштвото. Јас ни сама не би сакала да одам десет дена со луѓе со кој немам муабет. :)
     
    На Lolo5, sj *O* и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    @Aurora05 на твои години не би требало веќе да те ограничуваат. Не знам како ќе ме сфатите ама на 19 години нејзините треба веќе да ја гледаат како возрасна личност. Ама тоа некогаш не зависи само од родителите, туку и од самата личност. Ако тие гледаат дека ти се однесуваш се' уште детски, нормално и дека така ќе те третираат. На 19 години има девојки што работат, студираат, па дури и мајки стануваат. Така што, таа возраст не е нешто многу, ама не е и малку. Таман е за веќе да се однесуваш како возрасна, да размислуваш како возрасна и така да те гледаат останатите. Три часот по полноќ па и не е малку да ти кажам, само проблемот е што тоа време мора твоите да ти го кажат, а не дека си ти свесна дека е доволно. Јас сум 4 години постара од тебе, па се' уште не ми се случило да се вратам подоцна од три ипол дома. И тоа ептен во екстремни случаеви. Така што, сепак доаѓам до заклучок дека се' уште не си доволно зрела штом не си свесна кога е пристојно време за враќање дома и се бунтуваш како средношколка за поголем излез. Тоа јас во прва година средно го правев.

    Сум секогаш за умерени работи. Ни премногу допуштање, нит па премногу затегање. Тешко им е на родителите да балансираат и да најдат некоја средина зашто колку и да не поминало многу време, сепак нивното време било едно, а сега е друго. И тоа е реалноста. Треба некогаш родителите да "раснат и созреваат" заедно со детето и светот воопшто. Мајка ми имала излез до 10 навечер, ама тогаш па сите до тоа време имале излез. Сега во 10 излегуваат од дома. Како на дете да му речеш да се врати дома во 10. Автоматски со тоа правите да не може да се социјализира. Не дека треба да ги пуштаат до 6 сабајле, туку да бидат свесни дека стегањето на детето може да донесе сосема спротивни резултати.

    Јас сметам дека претераното затегање може да донесе многу полоши последици не само моментални, туку и многу полоши долгорочни последици, како физички, така и умствени, отколку претераното допуштање. И никој не може да ме убеди во спротивното. Тоа сум го видела преку многу, многу примери. Не сакам да генерализирам ама обично е така.

    Мене лично сметам дека ми допуштале толку, колку што навистина требало да ми допуштат. Никогаш не сум била одвоена од своите врсници, ама секогаш се знаела граница. Се знаело кое време треба да се вратам и никогаш, никогаш не сум задоцнила, сум го почитувала тоа што моите ми го кажале. На одмор прв пат сама отидов на 16 години. Факт е дека моите не сакаа да ме пуштат, ама сите од моја генерација веќе одеа сами и не сакаа да ме двојат. Ама исто така факт е и дека никогаш не сум направила ниту една глупост со која ќе ги разочарам или ќе ја изгубат довербата во мене. Ме пуштале и да излегувам, ме пуштале секаде каде што оделе моите врсници. Ама пак ќе кажам, се' со граница. Во средно со другарките секој викенд во различен град бевме. Па никогаш ниту цигара немав запалено, а не па друго. Дечковците на една рака ми се бројат. После 18 години, а може веќе и пред тоа, моите не ми кажале кога да се вратам дома или што да правам. Јас сум свесна кога е пристојно време да се отклучи врата навечер. И не сме имале апсолутно никаков проблем за тоа. Со дечко ми прв пат отидовме на викенд сами кога имав веќе 20 години. Не дека претходно не можев или дека моите ми забраниле, туку јас лично сметав дека тогаш е време, а не пред тоа. Така што, зависи од самото дете и најбитното нешто, пристапот на родителот. Тоа е најбитното нешто. Со закани, забрани ништо не правите, само револт се ствара и никаков резултат. Единствено ќе постигнете позитивни резултати со разговор. Многу, многу, многу зборење, објаснување. Лесно е да се стави забрана, сакало или нејќело детето ќе мора да ве послуша, ќе се бунтува ама на крај ќе ја свитка опашката, ама ништо не се постигнува со тоа зашто тоа не сфаќа зошто е тоа така, туку само дека родителот така сака. Исто како во случајов на аурора. Таа не сфаќа дека 3 по полноќ е и повеќе од доволно, туку сака уште само зашто нејзините се' уште и забрануваат. А не дека навистина којзнае што ќе прави. Јас гарантирам дека да ја пуштат до 5 сабајле, ќе и' биде интересно еднаш, два пати и после ќе почне и во 2 да се враќа.

    Туку друго нешто, мене од цела тема една работа ми падна во очи. Драмење за тоа дека девојчево сака да оди со дечко и' на одмор И неговите другари со нив. Што е толку ова погрешно? Не, навистина не знам зошто за ова драмат нејзините родители, а и овде гледам некои. Биле многу машки. Па таа не оди на одмор со сите тие машки, си оди со дечко и' со кого е во долга врска, а тоа кој друг ќе оди со нив е небитно. Да нема дечко, а да оди со десет машки сама на одмор, па ајде некако да сфатам. Јас си одам со дечко ми на одмор, а дали со нас ќе дојдам уште сто негови другари, ама воопшто не ме интересира, јас не сум со нив, со мојот дечко сум. Што е погрешното тука? А и што е погрешно што веќе на 19 години сака да оди на одмор со дечко? Полнолетна, возрасна, со долга врска. Дај да не претеруваме.
     
    На Lolo5, sj *O*, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    и тоа шо викаш ,евентуално ако некој е геј меѓу нив, ќе си има муабетче ... Е тогаш и ја би ја пуштила !
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    38.199
    Пол:
    Женски
    Iggy стваρно муабетот "ти е на место" Еве јас бев на 19 со дечκо ми пρв пат на одмоρ, во еден апаρтман, а неговите дρугаρи беа над нас, се дρужевме цело вρеме, дуρи јас бев на плажа еден ден со нив κога тој имаше неκоја ρабота ...супеρ ми беше се дρужевме и исκρено ме гледаа κаκо пρинцеза и вечеρта ми пρавеа дρуштво, мубет, пиво и помфρит сосема ноρмална дρужба.Од κај знаете она κолκу е блисκа со негово дρуштво?Аκо смета деκа е доволно зρела и одги
    одговоρна зошто да не оди?Вие го напρавивте муабетот κаκо таа оди и се е*е со сите нив оти дρуга интеρаκција меѓу машκо и женсκо на одмоρ не е возможна.
     
    На Lolo5, sj *O*, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    Не сум била ограничувана од родителите, како што е случај со некои мои другарки.Едноставно допуштено ми е скоро се во границите на нормалата.Тука вклучувам излегувања, шопинг, облека и сл.
    Единствено ме нервираа за времето кога треба да се вратам дома, али со оглед на тоа дека и другарките мои не скитаат до 1/2 после полноќ, мене ми е таман.Да имав другарки кои шетаат до покасно би се бунела нормално, али сеа вака се прифаќа.
    Единствено татко ми е малку така со позастарем ум(незнам како да се изјаснам) и за него спиењето кај некоја другарка е неморално, штознам.Сум отишла два/три пати на спиење кај пријателка, али тоа со триста молејнци и прашања.И тоа многу ме нервира.Исто и за други работи е малце така построг, и е она човек кој не знае да направи некоја лудост понекогаш.Ептен си се држи до некои негови принципи, по некој свој ред и нема кај него лудување или кикотење за безвеза.Додека мајка ми е поинаква и коа ќе се клештиме буквално за глупости он преврќа очи.
    А и да, ми префрлаа кога дознаа за првиот мувач, ијас не знам со кој памет и кажав на мајка ми, па потоа таа да пренесе на тато.Замислете, мама ме прашуваше што праиме заедно.(facepalm)И срамота било на 15 години да се мувам со некого, вака ми рекоа замислете(Иначе двата не се престарени, татко ми едвај 40 има, мајка ми 38), али јас по свој памет си терав.Веќе 15 за сама да одлучувам.Сепак мувањето со некој не е којзнае што, да не набројувам што се не прават девојките на таа возраст., али немаше потреба од бунтувања, ионака по една недела го шутнав.Сепак, памет за друг пат, да не кажувам ништо додека не прерасне во нешто поголемо, ќути си дупи си.:P
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Јас мислам да земеш и да си најдеш работа, нешто за летово.... Како тоа ти бранат да работиш? Знам за слично такво нешто, девојчето си најде работа, дојде дома и им кажа, вака и вака, само привремено е, и работеше, 2-3 месеца мислам. Размисли, еве уште месец и пол имаш фора, да си најдеш занимација и да немаш многу слободно време и малце да се олабавиш од мисливе. Овој тогаш се враќал, оној тогаш, ааа тие до 4 седеле, абе гајле ти е, ти гледај убаво да си минеш... мислиш па најдобрата журка е после 3 и пол, да беее...

    Олабави го дечкото, и ја добив впечаток дека сте цело време заедно, малце пронајди се сама, помини време сама, размисли што и како сакаш од животот, па ќе правиме муабет пак во темава.

    Со еден збор, пробај да созрееш. Родителите можат да осетат кога некој е созреан, а кога уште се однесува како балавица, барем според мене.

    А кога ќе имаш работа, ко бајче, 9-10 и во кревет, топ. Ни време за нервирање, ни бутур.

    Е така. :)
     
    На cresa-jagoda, SV1911, glosipgirl и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Никој не спомна за тоа дека девојчето со сите .... не додавај ! Јас лично за себе реков не се пронаоѓам , не сфаќам и ја да сум и родител истото би го напраила . Топ за тебе де, неможе секој секаде да се вклопи ...Нека не ми е на место муабетот ете ;) Така сум воспитана ,задоволна од се до сега , благодарение на моите дома така научена и истото здравје ќе го применам и јас во иднина .
     
  20. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    ****Родителите можат да осетат кога некој е созреан*** - ете тоа е !
     
    На stetoskop и Doozy им се допаѓа ова.