1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ограничувања од страна на родителите

Дискусија во 'Дете' започната од Aurora05, 17 јули 2015.

  1. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Колку за информација,не сме цело време по цел ден заедно со дечко ми и секој ден.
     
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ja citamtemava i strav me faka.
    Na 19 godini ako davale roditelite izlez do 3 bile frikovi.
    Tuku aj se tesam,ne se mnogumina so vakvo razmisluvanje na tie godini.

    Ne bi sporeduvala kako bilo nekogas i deka taka treba da bide i sega,ama znam deka onaa "Se sto leta ne se jade"ke vazi zasekogas.
     
    На jacqueline.s, Annath, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  3. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Ако се дружам со некоја од 40 одма морам и јас да имам толку? :D Напредна сум и со постари се дружам, скоро па дупло сум помлада, со моите стојам супер и финансиски ги помагам, два факултета завршив и заработувам прилично добро (не сум пимп ни спонзоруша, а богами ни дилер. Уште нешто?

    А за другите што се као против тоа да е жена со машко друштво што е иритирачки банално, демек сметате дека оргии ќе прават? Или ќе ја силуваат? :D Цел живот сум едино женско ни ми текна групно сексуално да ги користам другарите, ни на нив им текна мене да ме искористат, иако прилично добро изгледам. :$
     
    На Lolo5 и sj *O* им се допаѓа ова.
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам и да дадам совет.
    Кажа дека си од мало место, такада не е многу веројатно дека ќе најдеш работа,барем не за брзо..Знаеме дека е многу густо, па за плаитите и да не праиме муабет.Да беше од скопје ќе беше барем малце од малце подруга ситуацијата, али тоа е тоа.
    И не, не е решение да избегаш од нив за да им докажиш дека си станала човек.Седни, направи муабет со нив, покажи им малце заби, бог да чува.Јас на мои 16 години стојам цврто зад мојот став, и ако сум во право не попуштам, додека тие не попуштат.Мајка ти ти рекла да не се враќаш дома ако заминеш на одмор, па искарај се, не и зборај.Праи се како да не постојат двата.Како тоа бе, брат ми може да праи што сака, а женското дома за туршија ќе се чува, оти нели шо ќе кажат луѓето.Абе кожа ми се ежи од вакви глупи и застарени сфаќања.(facepalm)
     
    На sj *O* и NovusOrdoSeclorum им се допаѓа ова.
  5. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе не сите родители се ко нашите. Новиве генерации се одраз пред се на родителите и тоа што очигледно "фрустрациите" си ги испукуваат на нив прерано и најпогрешно. Мислат живеат некој амерички стајл, а уствари тоа ти е македонски циркуз. Облечени ужасно недолично, таков вулгарен речник не сум слушнала до сега ко нивниот сочни зборови мислиш се тетки со изживеан стаж па не губат ништо доколку кажат се! Ужас невиден. Во основно по вецињана се тииит. Еве и да не е до родителите, нели сами ќе бараат да се во согласност со друштвото. И нормално после сите ти се криви освен ти! Како и да свртам е лошо, а коа ќе помине адолесценцијата остануваат некој белези. Мора да се има контрола, разбирање и насочување врз детето, тоа е најголемата одговорност на родителите ако сакаат да го насочат кон прав пат. Среќна сум што сум меѓу последните генерации со нормално, достоинствено и најсреќно детството кое ден денес со сеќавањата ми ја топли душата.
     
    На Annath, ivi1987, WORRIED.BT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски

    Џабе објаснуваш , моралот на луѓето е веќе на мн. ниско ниво ! Дали сме ние паднати од Марс или они , ја стварно незнам ?!?! До 92,93 генерација , можеш да најдеш пак нешто ок воспитано и културно, за понатака незнам ! Ми е жал само што мајками е жива ненаспана секоја вечер ,ради вакво незадоволно ,размазено слободно можам да кажам ДЕТИШТЕ , ама пак кога ќе ја споредам со околината нејзина , сепак се двои , уште сама не мрднала , како и ја до 22 , што е најбитно ме радува што и самата не сака , ваљда сфатила што не штима и им се чуди на некои постапки.Сосема сме различни , ама сепак супер функционираме и покрај 6 год разлика ,што значи се се сведува на воспитување!Ако е само до шетањето ете , нека и се опрости некој ден излез до 3:)
     
    На Rama, galapce, Lotus-14 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сме растени ние во друго време по други принципи и поинаку сме функционирале него денешниве деца ама неможе некој да ме убеди дека е нормално на тие години по цели ноки да скитаат по улици,дискотеки и кафичи. Коа ке искочам у град веке не се знае кој е кој измешани меѓу возрасни рамо до рамо со нас на се личат само на тинејџери не.Ние скоро 30 години имаме начукано па ретко коа до 3 у град остануваме а не па 19 години коа сме имале.Абе се знаело Џуниор у диско и у 12 дома си. Се знаело каде искачаат тинејџери каде возрасни а не минатата сабота мене да ме убедува 20 годишно дете како не било голема разлика 8 години што сум била постара од него сум требала да го имам у предвид за дечко.Море марш таму млеко да пиеш !! Опрчени у миничи со стриптизерски штикли и пијани после еден испиен џин тоник се тртат на се што има 2 нозе да ти се згрози призорот. Пак ке кажам родителите се оние кои треба да постават граници.Ама ете ке се најдат неколку што глумат модерни родители што им дозволуваат се на своите деца па останатите неможат да им воведат ред на своите пошо нели како Петко го пушаат на дрво да се беси а мене не ме пуштате. Абе се знаело ако мајка и татко кажат биди дома у 12 ,у 11-50 си се прибирал да не случајно закасниш па да те мислат кај си и недај боже нешо да не ти се десило.

    Место да се дужат на тие години они дома затворени живи депресии ги удараат дечкото не им титнал на телефон.После се чудите немате другарки ако ви раскине шмоглето дома у 4 зида ке останете затворени. Епа нормално дека ке немате кога во тие години коа треба да остварувате пријателства и да го ширите својот круг на познаници што од средно што од факултет вас очите ви се само у дечкото искачање само со дечкото,одмори само со дечкото и после оп нема другарки.

    И не не сум за тоа да бидат држени под будно око на родителот 24/7 децата и врзани за ланец у двор ама дека треба да се има ред и граници тоа треба. А кој друг да го стори тоа ако не родителот.Утре може да биде во мода бесење по дрва па зарем треба и тоа да се дозволи зошто ете се менуваат времињата и треба да бидеме во чекор со трендот. Гледам па ние што израснавме поинаку од денешниве генерации нит детство имавме,нит дечковци имавме ,нит искачавме нит па се изнаживеавме.
     
    На cresa-jagoda, jacqueline.s, darcy и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Девојки, мислам дека побајаги се забега од темата. Прочитав и некои навистина добри совети и мислења, ама прочитав и... па, да речеме и други работи. :)

    И јас сум бил тинејџер во некои други времиња, кога многу работи биле поразлични, ама мислам дека споредувањето на тоа време со денешново нема резон и не гледам потреба од такви мислења. Времињата се многу сменети (на подобро или на полошно, не е битно, да не навлегуваме во таква дискусија) и тоа е факт.

    Смешни сте ми со ваквиве мислења, „Благодарна сум што до 22 год. ме чувале под клуч“ (парафразирам малце, секако). Родителите треба да си ги воспитаат децата со време - значи до предпубертетска возраст, да ги научат на тоа што е добро, а што лошо и да им всадат правилни морални вредности, за да кога ќе станат повозрасни (полнолетни, да не речам) можат без грижи да ги пуштат да си го живеат животот. Не гледам како тоа што твоите до 22 не те пуштале на одмор со дечко ти (или што и да беше, ме мрзи пак да се навраќам на точното мислење, не ми замерај) е добра или нормална работа. Во секој случај, ми се допаѓа твојов "coping mechanism", со кој си се убедила дека тоа било за твое добро, па дури и тест за твојата врска.

    Треба да сфатиме сите една работа - родителите се само обични луѓе, како и сите останати. Немаат некое 6-то сетило да осетат кога е некој созреан или секогаш да знаат што е најдобро за сопственото дете. Самиот факт што некој станал родител не го прави автоматски способен и подобен за воспитување на тоа дете. Иако е неоспорно дека родителите им мислат најдобро на своите деца (повеќето, барем), и тие во воспитувањето често прават грешки, а некои од нив им оставаат последици на децата за цел живот. Намерите се најдобри, ама резултатот е многу често спротивен од посакуваниот.

    Девојко, ти честитам на успехот во животот (навистина, без сакразам)! Да не го напиша ова инаку, од твоиве претходни постови мене ми изгледаше како невоспитана тинејџерка која е во бунт против целиот свет (како што бевме нели и повеќето кога бевме тинејџери - најпаметни од сите и несфатени од светот :)). Една работа не ми е јасна - од твоево напишано, ти би требало да си прилично среќна и задоволна со самата себе и со својот живот. Од друга страна, од твоиве постови, од секој збор извира бес и фрустрација, па се прашувам, зошто ли е тоа така? Ако навистина годините ти се тие (~20 год.), мислам дека е време на пораснеш и да се однесуваш како што ти доликува на годините - ако на форумов сме сите анонимни, нема потреба да се вреѓаме едни со други, мислам дека дискусијата може да се одвива на пристојно ниво.

    @Aurora05 - уште ова би сакал да ти го кажам. Меѓу луѓе кои живеат во заедница мора да има почит и разбирање (независно од тоа дали се работи за семејство, цимери и сл.). Бидејќи живееш со родителите и си финансиски издржувана, и покрај своите години, на некој начин си осудена да „играш по нивните правила“, така да речам.

    Не би се сложил со некои совети кои ти ги дадоа дека ти како полнолетна сега смееш да правиш што сакаш и никој ништо не смее да ти пререче - се додека си во таа куќа, мора да го почитуваш нивниот став и мислење. Еве и кај мене кога ќе дојдат гости (на еден или повеќе денови), дури и возрасни луѓе, се придржуваат кон мојов куќен ред, а не прават „што сакаат“ затоа што се полнолетни.:) (Малце е глупа аналогијава, ама мислам дека сфаќаш што сакам да кажам.)

    Според мене, најубаво би било да се најде заеднички јазик со нив - за доброто на сите. Е сега, кај некои родители „пали“ разумен разговор, кај некои малце „покажување заби“ и сопствено јас - во секој случај, како што и во претходното мислење реков - ако сметаш дека нешто вреди, бори се за тоа! Начинот како да го оствариш мислам најдобро ти ќе го знаеш, сепак се работи за твоите родители. :)

    Поздрав.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, glosipgirl и 16 други им се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не ги читав коментарите, ама и мене на 25 години би ми сметало да одам сама со машко друштво и нема потреба никој да ми го забранува тоа, сама знам дека не е во ред.

    Очигледно не си зрела да процениш дека на една дама не и местото во камп со куп машки, па затоа твоите родители сакаат да те насочат правилно.

    Ете зошто не одите сами на одмор со дечкото некаде, донеси го дома испијте едно кафе да знаат со кого ќе одиш и дека ќе бидеш безбедна. А вака твојот дечко сака да си е со другарите, ама и да си има девојка со него.(facepalm) Искрено ми делува како и да не му е гајле за тебе многу.

    Родителите не ви мислат ништо лошо, јас живеам сама, заработувам и сама си плаќам сметки, храна, облека и се по ред ама мислењето на моите секогаш го почитувам и неретко им се обраќам за совет оти навистина тие се едниствените кои несебично се даваат за нас и го сакаат најдоброто за нас иако некогаш посебно кога сме помлади не можеме да го увидиме...
     
    На cresa-jagoda, jacqueline.s, glosipgirl и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    543
    Само ќе кажам се што е претерано е лошо! Сум имала прилика да видам со свои очи,што се може да се случи кај деца со големи ограничувања,така речено чувани во еден меур,и не дозволување сами да го осознаат животот.Конкретно во овој случај ќерката ја имаше направено истата грешка која мајката ја направила и поради која била толку заштитнички настроена,грешката овој пат заврши со абортус.
    Не сум родител,свесна сум дека некој пат родителите незнаат како,ми се има случено дур бев во оние полуди години,бев лудо детски да не речам заљубена,и не сакав да признаам дека лошо се одразува врз мене таа врска,за среќа моите некако ми помогнаа,на почетокот ми забрануваа и слично,ама видоа дека ниту тоа не делува,на крајот сама си сфатив доволно беше што отпатував на еден месец во странтсво и одма почнав со други очи да ги гледам работите.Што значи постојат многу начини на кои ти можеш да му укажеш на тоа дете што е во ред а што не,или да му дозволиш само да увиди кај е грешката,проблемот и слично,и тоа треба да се прави од најмала возраст.Исто така мислам дека некои од тие родители што се однесуваат толку ограничувачки дека се исфрустрирани поради нешто од нивното минато,мислам дека се си има некоја своја позадина.А може и едноставно да изгубиле доверба,или пак да се со такво воспитување - конзервативно.Во секој случај тоа не е решението ни најмалку,кога тогаш ќе се одрази негативно.
     
  11. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    60.967
    (y) (y) (y)
    Браво!!! Твојов случај е еден на илјада... Млада, два факултета, ги помагаш родителите :clap:... Тоа што си го напуштила домот без да се свртиш како им било на мајка ти и татко ти се поништило со тоа што покасно си станала успешна :clap:...
     
    На sj *O* и galapce им се допаѓа ова.
  12. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Ко прво има разлика од машки до женски мозок (ова без навреда ). Благодарение на сето тоа искуство не направив непромислени глупости , ретко кој дечко е степелив 2лета да ги помине со тебе у пеколов у Скопје,ретко кој чекал 2год да му се предадеш во секоја смисла на зборот. Сето ова се должи на домашно воспитање, па и да раскинам не ми е криво што ме имал,знам не сум изгубила невиност на 15,16 па дури и порано ко шо праат денес,незнаат колку им се редат па уше и се фалат за пехар да им се даде(зборам од тоа шо го глеав околу мене,пуштени деугарки со зелемн картон од дома). Се злоупотребува сета добрина на родителот! Бев и ја така малце олабавена ,направив некои грешки,не којзнае шо ,ама доволно ако не беа спречени ,немаше да не бидам она сум денес. Најверојатно ќе бев со средно 3год,што е брука денес со сите услови што ги имам и ќе завршев набрзина у брак со кретен шо фала богу се мавна,ваљда ќе му бев Пепелашка дома,слушаајќи вака од муабети од блиски.
     
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Не знам каква врска имаат мозоциве, ама ајде (не се секирај, не се навредив). :)

    Сакаш да кажеш дека ако твоите не ти забраниле да отидеш на одмор, тогаш ти ќе си морала да го направиш тоа, па можеби дури и порано да му „дадеш“ (извини на глупавиов израз)? :^)

    Од напишаново мене ми изгледа како ти самата да не си можела да резонираш и одлучуваш, туку твоиве морале да те чуваат „под клуч“ 2 години додека да ти дојде памет. Се прашувам, како одлучиле дека 2 год. се доста? (А да, заборавив - родителите може да осетат кога некој е созреан.) Може требало уште некоја, за секој случај - башка и дефинивно да се потврди љубовта на твојот дечко - пошто толку време те чекал.

    Ај, да не забегувам и ја премногу надвор од темава.

    Не се сложувам со тоа дека децата што имаат слобода од дома после испаѓаат вакви или такви. Напротив, најлошите примери кои сум ги сретнал биле од семејства со „војнички режим“. Во секој случај, постојат исклучоци и кај едниве и кај другиве, ама повторно на крај се се сведува на воспитувањето. Забранувањето укажува на недоверба на родителот во сопственото дете (зборуваме нели за „дете“ од 18+ години). Но, родителите треба да бидат свесни дека тоа е нивна грешка и вина - што израснале и воспитале дете на кое не можат да му веруваат, па ете сега мислат дека со забрани ќе го решат проблемот на недостаток на доверба и воспитување. Типичен пример за тоа како родителската најдобра намера ги води една во друга грешка... Ама ова не е тема на муабетов.

    Сите сме правеле грешки во тинејџерските денови и продолжуваме да правиме грешки, до крајот на животот. А родителите треба да ни бидат секогаш тука за искрено мислење, совет или разговор во таквите моменти.

    Апсурдно е на грешките на 19-годишна девојка (или уште полошо, за секој случај, да не направи некоја грешка) да се реагира со забрани, ултиматуми и затворање по дома.

    Ако вакво нешто навистина упалило кај тебе, знај дека ти не си правилото, туку исклучокот. Кај повеќето девојки во таа возраст забраните може само да предизвикаат фрустрации и огорченост кон родителите.

    Поздрав!
     
    На sj *O*, 1209, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  14. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez ако е некој деструктивен, тоа не значи дека е фрустриран, незрел, невоспитан или глуп. Значи, нема само лево десно како што мислиш, туку и други конвенирачки крајности.
    Плус не вреѓам никој туку реагирам кога некој некого или нешто става во глуп кош со некои си негови лични сфаќања. Ако девојката се смета за доволно зрела, не го разбирам моментот да биде роб на родителите.
    @Val-Dim Никогаш не сум ги напуштила родителите само сум се делела од нив кога ми бил потребен мир, а тие ме притискале и се мешале во моето саморасудување. А тоа дека е чудно што сама сум се снашла, грешка си. Нема ништо помоќно од човечката воља. Поздрав
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Очигледно не ме разбра , а и ме мрзи да пишувам.Поентата беше да ме пуштеле на 19год со тој сељак и тој мозок шо го имав,немаше да бидам тоа шо сум денес ,зашо мислев се знам и можам ,ама некој од страна го скенирал тоа подобро! Го обожавам мојот строг татко , сакам и сегашниов дечко еден ден да ги воспита исто нашите деца! Шо да ти кажам поише нз, секој има свое мислење. Сакам 3ќерки лепотици да имаш и да видиш како е!
     
  16. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    А само ќерки за туршија чуваш? Машко ако е, пушти го кај било?
     
    На Lolo5 и sj *O* им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Da be, da. Da izleze od doma kade znaejkji gi deneshnite roditeli nishto chudno i da i sluguvaat tie na nea :D, pa da raboti kako kelnerka za max bedni 12.000 i da zhivurka so cimeri vo tesno mestence, i zasho site tie promeni, za da mozhe da odi na letuvanje so dechko i, da ja nosi vo nekoe grchko selo ili ushte polosho vo nekoja dupka vo crna gora ili Bugarija, hahah. Koi gluposti se iznachitav.
     
    Последна измена: 18 јули 2015
  18. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
     
    Последна измена: 18 јули 2015
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @NovusOrdoSeclorum

    Хеј! :hai: Искрено, очекував да ми реплицираш, да бидам искрен.

    Ај, да се корегирам - твоиве „реакции“ на туѓите мислења мене ми делуваат како навредливи, а и не гледам зашто би правеле „десктруктивни“ муабети, кога може да имаме конструктивна дискусија? :)

    Можеби не е во прашање фрустрација или лутина, не знам, но мене твоиве постови никако не ми одат со онаа претстава за успешна и образувана личност (со 2 факултети, no less!). Не знам, можеби во приватниот живот си фина, културна и воспитана, а ова овде ти е издувен вентил. Не ме сфаќај погрешно, не осудувам.

    Не како се доживуваш ти самата себе на форумов, ама еве ја можам да ти кажам дека со „деструктивниов“ стил на пишување не си ни оригинална или уникатна - само некултурна кон другите членови. Што е штета, зашто ми изгледа дека имаш што да кажеш.

    На крај, да знаеш дека не сакам да се расправаме и убедуваме (особено не на темава, каде не е место за тоа) - ова ти е моето мислење, а ти секако, терај како мислиш.

    @Iggy.A

    Мислам дека прилично добро те разбрав и дури и ти одговорив. Како и да е, не би сакал да се натегаме повеќе на темава. Сепак, целта на темава беше нешто друго, нели.

    Инаку, фала ти, би сакал да имам ќерка, поише неголи син (за 3 не знам, да сме живи и здрави)!

    Поздрав до двете!
     
    На sj *O*, 1209, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.749
    Допаѓања:
    60.967
    Никаде не напишав дека е чудно дека сама си се снашла... Дури го поздравив твојот успех :clap:!!!
    Јас првенствено те цитирав во делот каде што на @Aurora05 и советуваше да си оди од дома бидејки родителите и се „мешаат“ во животот со тоа што не ја пуштаат на одмор со дечкото и неговите другари... Од тоа што го напиша ти, можеше да се заклучи дека во моментите кога советите од родителите не ти се допагале едноставно си заминала од дома!!! И не сум само јас кои твоите постови „погрешно“ ги чита!!!
     
    На Jordanovska-K и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.