1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ограничувања од страна на родителите

Дискусија во 'Дете' започната од Aurora05, 17 јули 2015.

  1. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Не ме ставај во празни цитати, please. Си работев, патував сама секаде уште на 18 години. Не верувам дека на 20 некој можел да ми забрани да одам каде сакам. И секако, ги сакам своите родители и ги почитувам повеќе од сите душебрижници што демек ги разбирате зошто „не ве пуштале“.
    Таквиот однос ќе ве направи и вас исти како нив и светот ќе оди во регрес.

    Не знам зошто секогаш поврзувате излегување до доцна со нешто страшно срамно и блудно. Напротив, ако му дадеш доволна слобода на детето, а пропратно да го советуваш, ќе стане зрел човек многу побргу од „Тато, до колку смеам да излезам?“ Токму од овој тип на луѓе, држени во кафез се развиле најголемите криминалци, спонзоруши, наркомани и сл... Затоа што секој човек го прави оноа кое му е забрането.

    Што демек ако не ме пуштат преку ноќ, преку ден не можам да направам беља? Мене не ми ни текнало никогаш да направам нешто многу невкусно, иако сум имала излез до кога сакам, а оние околу мене кои ги држеле „строго до 12“ станаа најлошиот кошмар за своите родители. Секогаш мислеа дека нешто пропуштаат од ноќта, затоа денот го искористуваа до максимум.

    И за крај, @Aurora05 го кажа оноа кое најмногу ме изиритира. Дека има помал брат кому му дозволуваат што сака да прави. Зошто таа полова дискриминација? Разбирам да ги држат и двајцата во строгост, што не оправдувам од горенаведените причини, ама зошто само неа? Дека е женско? Ако може нешто нејзе лошо да ѝ се случи, нему може подеднакво.

    Подеднакво глупав коментар беше и дека не ја пуштале на одмор бидејќи биле само машки и ќе збореле за женски екстремитети и фудбал и ќе ѝ било досадно :D Ако сум избрала да се досадувам на таков начин, моја грешка. Мада стојам на тоа дека побезбедно е да си во машко друштво, него ли во женско, пошто секогаш ќе гледа да ти го смести, ако имаш нешто што нема таа. Овие се добродушни и ќе те чуваат и пазат. Не мора веднаш да си правите оргии во глава или силување.

    Или не ја пуштале со дечко ѝ да спие, @delevingne .Мила, твојот сексуален живот немаш потреба да го споделуваш со никој друг, освен со тој со кој што го имаш. Доколку си решила да имаш секс и си сигурна дека самосвесно го сакаш тоа, слободно имај го, само внимавај многу на веќе познатите работи.

    И сфатете веќе еднаш, дека кога ќе ја поминете 18тата година вие сте веќе свои луѓе оставени на самите себе. Ако сте уште под финансиска закрила, во ред е, но време е тоа да го смените. Ако најдеш работа и имаш свој леб, не верувам дека некој ќе се дрзне да ти забрани да си го поминуваш времето како сакаш, дури и да си под неговиот покрив.

    Поздрав до сите :)
     
    На neno0o, Nigredo Odor, Lolo5 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со скоро се што си напишала, но проблемот е во тоа што поголем дел од младите девојки или не се факлутет или се невработени. (што секако невработеноста не е нивна вина.) И кога некој те издржува и финансира нормално дека ќе играш по негови правила. Секако, секаде постојат исклучоци. Ете конкретно девојката што ја отворила темата, да била вработена може пак ќе и рекле нешто ама таа кога со свои пари би одела на одмор немало да има ниту потреба да се правда со кого ќе оди.

    Ве читам до 12 ве пуштале, за мене 12 часот до лани беше само сон. Да, да ретко излегував баш од таа причина што кога ќе минеше 10 и пол ме бараа да сум се вратела веднаш. А јас си молчев и си трпев. Додека сега излегувам почесто се случуваше и до 3 најкасно да останам, ама пак еднаш два пати и три пати ќе останеш со тек на време се ти здосадува. Сега 12/1 најкасно дома сум си. Така да никако ако некоја останува до доцна никако не значи дека прави недобри работи, истите тие недобри работи може да се прават и сред бел ден. Си имавме малку проблеми со моите додека да го разграничиме ова. Mалку подолго ми требаше да им објаснам дека и да излезам нема да направам ништо срамно затоа што тоа нешто срамно можам да го направам и сред бел ден, и онака ме знаеа од 1 до 8 и пол втора смена на школо најлесно е да си земам оправдание за 50 денари и да фаќам кривни. Па со тек на време попуштија и сфатија дека ќерка им порасна. На почетокот ме бараа демек да ме прашаат клуч дали носам, сега ептен ретко.
     
    На Lolo5, sj *O*, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. bernadett

    bernadett Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    @Aurora05 имаш добри совети погоре... Седни и разговарај со твоите смирено. Не им плескај во фаца кој до колку е пуштен, каде отишол и сл. разговарајте дека ти имаш 19 години имаш дечко, треба да излегуваш и да се дружиш, да создаваш пријателства и другари и време е да имаат поголема доверба во тебе (освен ако не ти памтат некоја глупост од претходно, па не ти веруваат воопшто)
    Стравот да те пуштат со друштво некаде неколку дена го сфаќам и можеби е поради тоа што не им се допаѓа некој од твоето друштво, можеби е поради тоа што им немаш дадено доволно причини за да ти веруваат, а сето тоа се рашава со разговор или нека биде и некоа потскарување, ама се решава уште година - две максимум. Ако молчиш и трпиш уште некоја година, после тие ќе ти бидат „виновни“ за се.
    За секој неуспех ќе почнеш да ги обвинуваш нив, во секоја кавга ќе почнеш да наоѓаш примери како ти забраниле одмор, дружба, излегување...
    Имам комшика која е постара 10тина години од мене (накај 40-42), разведена, татко и се уште ја третира како да има 16, се уште доаѓа кај нас дома да испуши цигара, а во меѓувреме има 2 деца од два брака и во секоја па и најмала кавга таа знае да му каже како и расипал да слави нова година кога била 2ра средно, како не ја пуштал да се гледа со дечко и пред 15 години и уште многу други работи. Вработена е во државна институција а плаќа кирија кај татко и затоа што едното од децата живее со него и жена му. Има и многу полоши работи од ова ама не се за тука :)

    Тоа што на брат ти се му е дозволено е сосема друг проблем/случај и не смееш да го споредуваш со твојот проблем. Мора да се избориш за своето место, не да се споредуваш со местото на брат ти. За жал кај нас се уште може да се најдат вакви конзервативни примери. Имам видено случаи во кои братот ја третира постарата сестра како слугинка а мајката молчи и не смее да му писне затоа што таткото му дозволува така да се однесува.
    Откако порасна малиот и почна да работи и сестра му се омажи сега татко му и мајка му не смеат да му писнат дома и му слугуваат...

    Како и да е не се нервирај, седни и направи муабет, нека прерасне во кавга ама ти контролирај колку ќе ескалира, не дозволувај само да урлате едни на други и после една недела сите љути едни на други.
    Оваа нервоза и фрустрирање може да ти создадат непријатности и несигурност понатака.
    Се се враќа во животот. Затоа направи им кафе на твоите и седнете да поразговарате.
     
    На Lolo5 и eloves им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Da, site shto visat do utro po kafani go odnesoa choveshtvoto vo progres, se nauchnici stanaa, huh.
    Mnogu interesna tema, gluposti na kilo.
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Заради ограничувањата од мајка ми, многу нешта во животот пропуштив, но можеби подобро било така. :)
     
    На Selest и Pcelka94 им се допаѓа ова.
  6. Glorcheto

    Glorcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Па вакаа требаа да се видамм со едноо машкоо али проблемот е што моите не ме пуштаат никаде да одам бидејки сум малечка и сеа ко демек ке одам кај другаркаа а јас да се видам ке одамм знам ова што го правам е лошо ама немам друг избоор несакам вака да биде ама ептен се лошиии и во вц да ме нема 1мин одма одат по мене..и секаде ме срамат а со машкото баш чисто другарски ке се видам ништо не правам ама не ми дозволуваат ниту да се дружам оваа другарка не чини онаа не нзз нзз зашо се такви а во град живеам се ми е пред нос што се вика сите мои другарки па дури и помали од мене излегуваат што викате дали да направам така офф ве молам помошш за утре мии еее
     
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    4.368
    Пол:
    Женски
    Колку години си?
    Зошто едноставно не разговараш со нив и им кажеш дека имаш потреба од социјализација со твои врсници? Објасни им убаво дека нема зошто толку да се загрижуваат и оправдај се со дела, не само со зборови.
     
  8. Glorcheto

    Glorcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Е баш си во право пробав ама не сваќатт неззз веке какви дела да користам што да правам не сваќаат тешко ми е многу веке

    И имам 14години
     
    Последна измена од модератор: 27 октомври 2017
  9. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Многу ме нервираат моите. Да. Имам 18 години а ме третираат како 12. Имам дечко од друг град и не ми дозволуваат да одам таму мора цело време тој да доаѓа но и сам кажува дека од дома му занемеруваат што јас никогаш не одам. Моите од дома ми викаат па што се траскаш по него може нема да е тој вистинскиот, а како да знам дали е вистинскиот кога не ми дозволуваат ниту да одам во неговиот град? Не знам како да се однесувам веќе со нив (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
  10. Бугарката

    Бугарката Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Имам 17 години , пред 2 години мојата мајка го изневери татко ми, пред мои очи и ми беше многу тешко , за жал тогаш мислев дека се ке се реши ако ме нема мене и испив многу апчиња дијазепам и сакав да умрам затоа што бев скршена. Тогаш пријател (сега момче) ме натера со сила да повратам за да ги исфрлам апчињата и ми го спаси животот. По 1 година ми стана момче и една вечер тој направи сообраќајка не знаевме дали ке преживее беше во кома но фала Му на Бога преживеа. Со скршена рака и нога отиде во село на прослава во еден манастир и свештениците му рекле за оваа година тој да е кум за прославата да ја организира и скршената рака да му оздрави и со неа да донесе девојче. А мене не ми даваат родителите . Чувствувам дека мора да одам но не знам како да ги натерам имате ли идеја?
    Ви благодарам
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Да не се преценуваме. Секоја генерација е со муабетот: Ние бевме многу попаметни, поодговорни, по-вакви, по-онакви.

    Ништо посебно не бевме, ниту ние, ниту тие пред нас, ниту тие пред нив итн. Секое време си носи свои проблеми и задоволства.


    Ова и мене ме изиритира искрено.

    Зошто не ти даваат?
     
    Последна измена од модератор: 11 мај 2018
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Бугарката

    Бугарката Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Здраво, ме интересира Ваше мислење за тоа дали на 16години (во октомври 17 години) детето може да оди на одмор 3-4 дена , во нашава земја со друштво?
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Може. Ако сака да оди, нека оди. Забраните се пострашни.
     
    На WildMk и Бугарката им се допаѓа ова.
  14. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    4.368
    Пол:
    Женски
    Да, може. Ако имаат родителите услови детето треба да оди. Не правете паразити од своите деца.
     
    На Бугарката и WildMk им се допаѓа ова.
  15. Kacikakacika

    Kacikakacika Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2018
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Не можам да најдам посоодветна тема! Не можам да издржам веќе не можам. Го мразам мојот живот поради овие што ми се нарекуваат родители. Ги мразам и нив. Човекот што ми се кажува татко денес ме праша што сум направила со стан и му кажав дека најдив двајца цимери многу паметни дечко со висок просек на врвни факултети и бараме уште една цимерка. Тој ми рече ти глупа ли си како може со машки кучко една што ако се случе нешто таму што ако останеш бремена нема шанси ни со девојче што ако е некое курвиште сама има да бидеш у собата и нема со никој друг ни да излегуваш ни ништо. Не можам. Мислам дека со очи си го гледам крајот на мојот живот. Доста беа 19 години малтретирање.
     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Сигурно многу наскоро заминуваш за Словенија, едноставно ќе ги игнорираш и истрпиш уште малку, потоа ќе бидеш раат. Не размислувај вака, тек ти почнува младоста, ќе имаш слобода таму. Не дозволувај да ти го расипат расположението :hug:
     
    На Kacikakacika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.925
    Пол:
    Женски
    Имаш 19 год. Верувам дека си созреана а и полнолетна си не ти треба дозвола од нив.Он се секира за тебе бидејќи си му ќерка ама начинот на кој што го искажува тоа е малце погрешен.Верувам дека си доволно созреана да пазиш со кого како и што правиш.
    Ич не се замарај со среќа нека ти е :hug:
     
    На Kacikakacika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не им кажувај ако имаш цимер/и и готово.
     
  19. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Немам ограничувања,ама мајка ми премногу се грижи и не спие се додека не се вратам од град.Во ред,сите сме различни и ми е во ред се додека не ме спречува во нешто.Но за јавување знае да ми се јавува по 2-3 пати кога сум излезена,додека на другиве не им се јавуваат ни по еднаш.Ми беше во ред до пред некое време,па почна притисок од друштвото зошто толку ми напнува и јас на почеток тоа не е твоја работа и сл.Ама ете вчера бев излезена два часа повеќе од вообичаеното и почна почесто да ми се јавува кога ќе си дојдам,што сум направила до толку доцна и друштвото превртуваат очи мене ме фати нервоза и ѝ реков "фаќај патот,не ме замарај веќе" и ѝ исклучив.Иако сум нервозна личност,овој пат ептен се изнервирав и ми дојде преку глава.Сега цел ден ми е лута
     
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Океј е се случува, малце дрско си и се обратила, ама кога нема разбирање, тоа е тоа. Подобро стави го телефонот на сајлент и воопшто не кревај веќе, пиши и порака и тоа е тоа.