1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ограничувања од страна на родителите

Дискусија во 'Дете' започната од Aurora05, 17 јули 2015.

  1. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Знам дека е дрско,ама секој човек може да избувна.Добар е советот,ќе го применам
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Еве јас како мајка да ти одговорам само на делот на кој се слагаш со советот од членката и си на мисла да го примениш!
    Мал е синко мој ептен, но од аспект на мајка ќе ти кажам НИКОГАШ ни да помислиш да исклучиш моб и да не креваш! Подобро ќе кренеш и објасниш она што сакаш да објасниш и кажеш! Околина нека превртува очи па и нека коментира, а на тие нивни мимики можеш на шала да им го плеснеш : ама што сум Ви крива што вас не ве сакаат мајките толку многу како мојата!
    Значи може на мајка ти и е досадно, ете незнам може си единка. Може навистина е преплашена од се она што се дешава кај нас во Мк па и светов, од исчезнувања, киднапирања, силувања итн.
    Здравје ќе бидеш мајка па ќе ја сфатиш тогаш грижата на твојава мајка.
    И никогаш ваков “ грозен “ совет како оној погоре нит да помислиш да го примениш!
    Размисли таа мајка твоја докулку не креваш ако е стварно паничарка кај може све памет да и отиде? Па ако има проблем со притисок ( еве јас сум 39г па некад имам проблем со оритисок, а не па мајка ти ) . Недај Боже и рипне притисок или небитно, немој такви стресови на жената да и правиш!
    Иди земи напрај кафе и гушнија зашто заслужула! Заслужила зашто иако си веќе голема сепак се грижи толку многу за тебе, дали си јадена, дали си добро, каде си за да не те мисли итн! Па е..те мајките кој мирно спијат дур деца им се ноќе излезени! Ова најсериозно ти кажувам! Ете и мајка ми беше од тие кој беше будна дур не се вратевме со сестра ми од град!
    Иди напрај кафе, оди гушнија и поканија на кафе и муабет. И убаво све она што мислиш кажи и го. Сослушај ја и нејзе внимателно. И најдете еден коморомис заеднички за и ти да си раат, а и мама да е раат на секое твое искачање од дома!
    Те поздравувам и све ова ќе го сфатиш кога ќе станеш мајка! И ја вака размислував, а еве ме сега како мајка тек сега ја сфаќам мојата мајка и секое нејзино “ досаѓање “ кое ме нервираше :D
     
    На hello-kitty.90, slobodka, katalina и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Ограничувања не сум имала ,уште од прва година средно почнав да одам на одмори со друштво . Никогаш не ме казниле ниту пак ми рекле да дојдеш во толку и толку сум се враќала кога сакам.Единствено нешто што барала мајка ми е да знае со кој сум кај сум.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Јас не сум мајка, ама и те како ја разбирам грижата на мајките за децата бидејќи не сум веќе тинејџерка, ама го разбирам и девојчето во каква ситуација е.
    Јас го применував тоа, го ставав телефонот на сајлент, и и кревав само еднаш, ако продолжи да ми ѕвони, и пишував порака. Тоа е исто. Јас не реков да го исклучи телефонот. Не мора да преувеличуваш и да правиш драми.
     
  5. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Не, неможеш да ја разбереш ни под разно грижата на мајките се додека не си мајка! А, тоа што не си тинејџерка од 16-18г не те прави доволно зрела на 22-23г ( претпоставувам си толку па може и помалку ).
    Зрелоста се стекнува со годините и со проблемите кој ги носи животот на годините т.е еден живот на една жена/мајка. Само тогаш можеш да ги разбереш мајките ( како мајката на членката горе ) и да дадеш компетентен и прав совет. Во спротивно само може да направиш проблем.
    Девојчето е девојче ( значи девојче како и ти, а не жена ) со самото тоа не може да ја разберете грижата на жената/мајка. И незнам каква е таа ситуација која ја разбираш? Не ја пуштаат да излага? Ја тепаат и психички малтретираат ? Не, ништо од погоре наведеното!
    Изразот со “ драма “ можеш да го примениш кај твоите врсници или на улица! А, на форум со лик кој не го познаваш е доста невкусно и некултурно! Па и безобразно!
    А, тоа што ти си го применила тоа на твојата мајка кажува доста за тебе како личност и потчитта кон твојата мајка која од 3кг месо те изгледала и воедно сеуште се грижи за тебе зашто си и дете, а она ти е мајка! Мајка! Една и единствена! Се грижи дали ќерката и е на безбедно ( додека на секојдневни вести и социјални мрежи се збори за киднапирања, силувања, убиства и несреќи ).
    И верувам дека во 2ч не Ви ѕвонат 5 пати така да излишен е муабетов т.е дискусијава. А, во 5-6-7ч многу е нормално во тој временски интервал барем 2-3 пати да се јави мајка да праша било што!
    А, ако сте толку јаки и се осеќате независни, возрасно и самостални .... има решение докажете им на своите родители! Земете почнете живејте под кирија ( доколку имате свое ете и во свое ), работете, печалете, плаќајте сметки, не барајте пари од вашите родители! Тоа е возрасна и самостална особа која нема потреба да ја контролира родителот, зашто им докажала и докажува дека може да се грижи сам/а за себе. Во спротивно дур сте под покривот на своите родители и зависите од нив ..... ќе им ги почитувате нивните барања ( верувам се нормални барања ) и нивните услови ( верувам нормални услови ) и нивните очекувања ( верувам нормални очекувања ) !
     
    Последна измена: 2 јули 2019
    На cresa-jagoda, kalinaka и fana им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Колку години имаш? Во колку часот ти ѕвонела мајка ти?
     
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Ја би се запрашала зашо на другите не им ѕвонат од дома..
     
    На eli25, cresa-jagoda, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    18.Беше кај 3 часот
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Мајка ти има право да ти се лути. Не е во ред така што си изреагирала и мој совет ти е да и се извиниш и тоа навистина да не го повториш. Мајка ти не ти ѕвонела да ти врши контрола и да те срами пред друштвото, таа е загрижена за тебе. Никогаш нема да разбереш како и било додека ти не станеш мајка. Јас комплетно те разбирам, знам дека ти е интересно со друштво, дека сакаш да излегуваш и да уживаш во летото и тоа е нормално, но пробај да разговараш со мајка ти и најдете заеднички јазик за излегувањата. Договорете се до колку часот ќе си дојдеш дома и тоа стварно почитувај го. Јас сум мајка и те советувам како мајка. Никогаш, ама баш НИКОГАШ немој да ги игнорираш или одбиваш повиците од твоите родители, дури ни во дискотека, таквите постапки се незрели.
     
    На eli25, cresa-jagoda, sofi2107 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Крај краева спушти и пиши добро сум.
     
  11. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    20.942
    Пол:
    Женски
    Ее и вие многу ја преувеличивте:?:

    Во цели 20г, али еве да речиме од почетокот на моето активно излегување, на една рака се брои колку пати ме барала мајка ми на мобилен. Еднаш само ме чекаше додека да дојдам и убаво ме испеа оти се вратив прилично доцна за моите години. Живеам во сигурен град, ништо опасно се нема случено за да ме гњави постојано кај сум што сум. Знае и со кој сум излезена и кај ќе бидам уште пред да излезам. Досега не сум ја изневерила нејзината доверба и ми верува.
    И да, замислете кога се враќам од излегувања спие ко заклана. Страшна мајка, како само можи така|(
    Татко ми е тој кој не чека и мене и брат ми да се вратиме, или па ако веќе е спие, што во последно најчесто е така, се буди кога ќе стигниме и то е то. Таков карактер е, претерано се грижи за се и го сфаќам (до некаде).
    А не ми се јавува никогаш, ни мене ни на брат ми. Во принцип се многу лабави во поглед на тоа, не сме ги излажале за ништо досега и ни веруваат. Така да нема потреба од гњаважи.
     
    На Alisa22, Nausicaa и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.436
    Пол:
    Женски
    Ако родителите ви веруваат на вас не веруваат на светот.Во колку безбеден град и да живееш се случуваат неубави работи.Ете мајка ти спие ама татко ви ве чека.Моите викаа на вас ви веруваме паметни сте ама по улица секакви шетаат.И јас викав е де што ме чекаш спиј,ама сега сфаќам зошто не спиеле.
     
    На cresa-jagoda, Lolipop23 и fana им се допаѓа ова.
  13. Kacikakacika

    Kacikakacika Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2018
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Имам 20 години и живеам во странство без моите родители, студирам. Не сум слободна, немам живот. Излегувам на журки ама моите родители успеваат да пратат се. Гледаат кога последен пат сум била уклучена кога не им кренам одма на телефон се дерат кај сум била што сум се замислувала. Немам дечко не ни помислувам, не ми е ни дозволено толку. Може да имам дечко колку онака да се држиме за рака и да се бакнеме во уста. Се чувствувам како да ме мразам моите родители. Само парите му се во умот и цело време ми викаат ти нас не не сакаш ти не не цениш се ти е купено се ти е овозможено. Ама не сум среќна немам ни толку другарки затоа што нив никоја не им де свиѓа а не сум ни пуштена толку да излевам. Кога ќе паднам некок предмет се дерат ме колнат ме пцујат дека срамеле од мене сум била најголем срам за фамилијата немало да ми даваат пари за на факултет ќе ме потпишеле... сакам да се спасам од сето ова. Заљубена сум во момче што е заљубено во мене и има 23 години и како да му кажам дека не можам да сум со него, затоа што моите родители не би ми дозволиле да сум во врска. Ми ѕвонат цело време ми пушат цело време Ако не ми стигне пораката одма ме прашуваат зошто ми бил исклучен интернетот... немам живци се осеќам како да немам иднина немам живот веќе. Сето ова е затоа што имав врска пред една година и раскинавме а тие очекувале засекогаш да сме заедно и сега не може да имам дечко за да не сум се ку*вала наоколу.
     
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Види, не сум мајка, страшно сум против тоа дека треба да си мајка за да разбереш некои ствари а и против претерани ограничувања, но ако ова ти е единствениот проблем со мајка ти - и јас ќе речам дека не постапуваш правилно, а и тоа што те советувала другата членка не е во ред воопшто.
    Ни под разно не ставај телефон на сајлент. Ако толку не ти се крева можеби од срам пред друштво (не знам колку години имаш, но кај тинејџери е доста веројатна оваа причина) - барем исклучи, земи телефон во рака на една минута и пиши обична кратка порака да знае дека си океј. А кога одговараш, зборувај со повеќе респект. Можеби малку претерано му изгледаат на секој млад човек 2-3 јавувања на излегување, ама ете, на ТВ и социјални мрежи прават филмови и креваат паника со теории на заговор за сешто.
    Ниту ти забранува да излегуваш, ниту те навредува и повредува некако, едноставно се грижи за тебе - не е до толку работата за вака дрска реакција и нервози.
    Немаш никаков сериозен проблем, дури ко што кажа некој погоре - баш тоа што на другарите твои воопшто не им се јавуваат не е во ред, и е спротивен екстрем од оние родители што контролираат. Камо ова да беше најголема мака со родители. Не си прави кавги и тензија таму каде што ги нема.
     
    На cresa-jagoda и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Ако мајка ми ме чекаше будна да се приберам дома, жената ќе останеше прописно ненаспана неколку години. Веројатно не и било на галје за мене. Ем единица сум. Плус, од Скопје сум. А и металка бев. Ризична категорија, у пм :D

    Аман од муабетов „ ќе дознаеш кога ќе бидеш мајка“. Ај не. Ете јас немав параноична мајка па сепак преживеав. А и што корист ако ми се јавуваше по сто пати на искачање? Демек ако сакав да правам глупости, родител што врти како неарен на пола саат ќе ме спречеше? Аха, секако. На страна што од инает ќе земев да се бунтувам. Како што и правеа оние кои имаа ултра посесивни родители. Колку постог родител, толку побесно дете (од мое скромно искуство). И обратно. Најмалку глупости правеа баш оние кои дома ги чекаа смирени и објективни родители.

    И еден совет до родителите кои очигледно заборавиле дека и самите еднаш биле тинејџери- децата се многу попаметни отколку што мислите. Ако сакаат, ќе најдат начин да ве зезнат. Или самите себе да се зезнат, сеедно. И што ако доаѓаат во точно определено време, и ви се јавуваат на телефон кога и да ги побарате, кога вие реално НЕМАТЕ ПОЈМА што всушност прават додека се надвор од дома. Мислите дека со другарки е во кафич, таа е со дечко и на задно седиште на некој паркинг. И? И што ако ви крене на телефон? Вие ќе бидете мирни, ете, со другарките дреме, а таа пустата само што имала секс. Чувството на сигурност е само илузија. А тоа седење буден е секако залудно, зошто ако нешто лошо се случи, ќе се случи без разлика дали родителот е во хоризонтала или вертикала.

    Доволно е родителот да знае детето со кого е, каде ќе оди (иако планот реално пет пати ќе се смени во една вечер) и кое време отприлика ќе се врати. Си има мобилен, ако нешто треба, детето само ќе се јави. И многу подобро на детето да му се објасни дека може (и треба) да побара помош од дома, без разлика на ситуацијата, отколку како послушно роботче рутински да крева слушалка за да потврди дека е живо, а кога стварно ќе му затреба помош да му е страв да каже што се случува, зошто се плаши дека родителот ќе реагира со хистерија, казни и урлање.

    Извор, преживеан бивш тинејџер.
     
    На 1209, Nightwish11, Zavisnaodblago и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Зошто не е во ред воопшто советот што сум и го дала, што е поразлично во мојот совет, и јас и го реков истото да не крева ако и смета толку многу тоа, ама да пише порака. :?:
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Сега е се во ред,се смиривме.Факт е дека мојата мајка е малку позаштитнички настроена.И не се согласувам дека родителите кои не ги бараат децата се негрижливи.Можеби ете доволно е да знаат со кого е излезено детето и не веруваат дека има потреба да ѕвонат без потреба.Некогаш и јас не кажувам пред да излезам,да во некои ситуации сум јас виновна.Секој родител си има свои принципи и се ѐ во ред додека не штетат на детето.
     
  18. Little girl

    Little girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    65
    Потребен ми е совет. Доколку некој сака нека ми пише лп.
     
    На Lidde му/ѝ се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Од ова ограничување една познаничка е мутава пловка и сите ја мотат, уште нема слобода а 23 години е ... Замислите во 11 мора да е дома, 11 за неа е касно излегување, проста ја направија, така да не бидете толку троги со децата, прости деца ке излезат од нив.
     
  20. acidicloserr

    acidicloserr Нов член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Дечки здраво пред се, имам некој проблем значи вчера се видов со еден дечко кој многу ми се допадна седевме зборевме ништо глупости не правевме знаев дека сум сама и никој не ме следи се додека не го видов татко ми (т.е дедо ми долга приказна) и ми се налути ме нарече ку*ва ми кажа да излегувам од куќата да одам некаде само внатре да не сум јас живеам сама со него откако мајка ми си почина имам 18 години мислам дека сум доволно возрасна да донесувам одлуки сама и со кого да излегувам тој цело време ме следеше и сега не знам дали од социјална заштита може некако да ми помогнат за да најдам засолниште и да најдам некоја работа