1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огромни промени во образовниот систем?

Дискусија во 'Образование' започната од Lux, 20 ноември 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Прашањето ми е дали се можни и што треба да се направи за да се превземе некаков чекор?
    Ја знаеме нашава образовна програма во основните и средните училишта, ја знаеме и на факултетите, ама овде би можеле најмногу да се задржиме на основните и средните училишта зошто во погорните образование веќе се случија некои промени.
    Новостите со полагање матура и екстерни се воведоа и се соочуваат сите матуранти и средношколци со нив.За нив не сакам да дисуктираме овде.
    Сакав да дискутираме овде за образовни промени, големи чекори и дали е можно од министерството за образование да се очекува такво нешто. Има некои мерки како што се подобрување на безбедност со ставање на камери и ангажирање на Security, таа програма секое дете-компјутер, бесплатни компјутери и тоа во ред(иако и тоа не се почитува, пола од училиштата немаат компјутери, искршени се), изградба на сали и реновирање на училиштата, ама дали е тоа доволно?
    Размислувајќи и ставајќи се себе во улога на министер за образование си реков што би можела да променам? Што би можел нашиов министер да промени и кои фактори играат тука улога?
    Конкретно зборувам за образовната програма, фондот на часови, времетрање на часови, бројот на предмети што се изучуваат, распусти итн.
    Дали би можеле да се направат големи промени во врска со тоа?

    На пример да се изучуваат помалку предмети, да се има помалку часови, дали е можно комплетна промена во образовниот систем, тоа ми е прашањето?
    Ќе земам за пример некое странско приватно училиште во Германија(имам познаник што учи таму) и две недели оди на школо, две недели не оди, и се така, а расупстите не знам како им се, ама мислам дека имаат два поголеми во зима и во лето, мислам дека така им е полесно и повеќе ќе научат.
    Се поставува прашањето, зошто и покрај тоа што учиме толку предмети, оние што учат и студираат во странство се постручни, па можеби и знаат повеќе од нас и излегуваат поквалитетни кадри зошто всушности имаме "излив на мозоци" сите кои можат многу повеќе да постигнат и оние кои се поинтелигенти заминуваат во странство на школување и доостручување.(Одговор би можел да биде дека се прават многу пропусти во врска со вистинското вреднување, со ставање повисоки оцени иако не се заслужени-па тогаш зошто упорно ги ставаат повисоки кога знаат дека не треба? )
    Што ни фали кај нас во нашето образование-промена сигурно?
    Оставање на страна политиката овде, што треба министерството да направи или образованието кај нас одсекогаш така функционирало со мали промени и секогаш така ќе функционира?
    Да сте вие министер и ако би имале можност што би промениле во образовниот систем, всушност, сметате дека треба промена? Има промени да, ама дали ќе водат кон успех или не, резултатите ќе покажат, но можни се дополнителни промени и кои би биле?
    Постов е огромен, па би требало да има доста материјал за дискусија.
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Еве да земеме пример од некои странски училишта. Слично на примерот во Германија што го спомена Lux (две недели на училиште, две дома) има во Италија. Имам читано дека во тамошните училишта, во среда учениците не одат на училиште и тоа се покажало како доста практично, затоа што со претходниот распоред се увидело дека учениците веќе кон крајот на работната недела чувствуваат потреба од одмор и не се толку продуктивни. Во Шведска пак, не се практикува систем на класично оценување со оценки, туку описно, нешто слично на она што го воведоа кај нас за првите одделенија. Мене лично тоа воопшто не ми се допаѓа, затоа што мислам дека на таков начин учениците немаат мотивација за учење и сум за враќање на стариот систем кај нас.
    Новите мерки што ги воведоа како на пример подобрување на безбедноста со ставање на камери и ангажирање на обезбедување, апсолутно ги поддржувам со оглед на насилството кое во последниов период се зачести, особено во училиштата каде учат ученици од повеќе етнички заедници.
    Проектот „компјутер за секое дете“ беше убава замисла, но страшно лоша реализација. Како прво, требаше да се обезбедат некои предуслови во училиштата каде нема ни соодветни клупи каде учениците ќе можат да стават учебници и тетратки, а исто така во многу стари училишта имаше големи проблеми со инсталацијата. Денес голем дел од училиштата веќе немаат компјутери, или ако ги имаат се фалични, а за тоа ги обвинувам директрите кои на почетокот воопшто не водеа сметка за тоа. Отпосле им текна да водат некакви списоци, па броеви на секој компјутер, па секој ученик е одговорен за својот компјутер, па додека бев во средно плаќавме оштета за копмјутерите, безразлика дали ние сме сториле штета или некој друг.
    Ја поддржувам матурата и екстерното оценување, затоа што свесни сме за начинот на кој се ставаат оцени во одредени училишта. Ако јас сум се трудела за да ја заслужам оцената, треба и некој друг да си го загрее столчето, а не да си ја „купи“ со вреќа брашно. Освен тоа, професорите ќе почнат повеќе да работат на усовршување на својот начин на предавање. Сум имала прилика да седам на предавање кај професор кој воопшто не се ни труди нешто да објасни, седи на катедра и лупа оцени од ракав. И жал ми е што денес имам дупки во знаењето заради такви професори.
    Во однос на високообразовниот систем, во странство се изучуваат помалку предмети кои се стиктно наменети за одредена струка. Во нашиов систем, премногу внимание се обрнуваат на непотребни апстрактни предмети, чија материја во иднина ниту ќе ви послужи, ниту пак ќе ја памтите. Еве на пример на правен има многу такви предмети кои во пракса не се применливи, а одземаат многу време затоа што мора на памет да учите што кажал Жан Жак Русо или Монтескје.
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Да, огромниот број предмети е голем прболем, конкретно во средно и во основно се учат толку предмети што понатака нема да ни биде потребно тоа што сме го учеле, некои работи од општа култура добро е да се знаат, ама има многу безвеза работи и предмети кои мора да се учат.
    Е сега големиот број предмети и часови ги оттргнува или зближува учениците кон школото?
    Зошто е честа појава бегање од часови? Неквалитетната настава, незаинтересираноста на учениците или огромниот број на часови? Некаде има проблем, не знам што им е приоритет на овие од министерство,ама мора квалитетот на наставата да се дискутира, не е само за незаслужените оцени решение воведување на некои нови промени нема да се постигне којзнае каков напредок, мора многу да се работи.
    Можно е ова да се воведе кај нас?(колку би било поубаво) Од гледна точка на средношколец кој гоиднава треба да матурира ќе си речам па што се замарам со основно и средно школо, но идни генерации идат, треба да им се овозможи нив поквалитетна и полесна настава нели ние младите сме надежта, па затоа предлагаме нови идеи, друга работа е дали ќе бидат прифатени/одобрени,критикувани/реализирани, затоа прашува кои факроти играат улога.
    Од моја гледна точка, тоа на пример 2 недели одиш, 2 недели неодиш баш е добра тактита, зошто тактита-зошто си одморен, одиш порелаксиран и имаш поголема желба за работа, а и бааѓи доста време за 14 дена да совладаш се што си учел тие претходни 14 дена и плус кога не одиш на школо имаш можност без проблем да си земаш и приватни часови и пак да ти остане слободно време.
    Значи дека и тоа има голема улога, се нема притисок и децата се поорганизирани, имаат многу време на располагање и за учење и слободно време за слободни активности кои пак ги искористуваат за надоградување надвор од наставата.
     
  4. Flow

    Flow Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Прво треба да се обрне внимание на квалитетот на учебниците. Тоа е основно. Што би вределе сите техники и методи на учење кои би се воведиле со цел подобрување на концентрација, мотивација и што уште не кај учениците, ако она што го учат не чини? За последните учебници што им се поделија на учениците од основните училишта, не вреди ни да се зборува.. средношколците пак матурираа додека ги добија своите учебници. Од друга страна, премногу политика насекаде, дури и изгледа безначајно да се дискутира за оваа тема која стана скоро болна. Од училишните клупи не излегуваат повеќе талентите, како што тоа беше во минатите образовни системи. Ќе излезат бесчувствителни роботи кои нема да знаат ни врвците на патиките да си ги врзат..Треба да поминат министрите повторно низ овој образовен систем, Во улога на ученици. Како тие необразовани ќе го подобруваат образовниот систем...?
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Значи не зборуваме од политички аспект, епа министрите се тие кои го држат во раце образованието секако со многу други лица, просветни работници(да немаше наставници и професори немаше кој да пренесува знаење, ама сепак се поставува прашање колку добро знаат да пренесуваат знаење и колку се квалитетни во предавањето ама тоа е веќе друга тема), но главното прашање за дискусија во темава е ДАЛИ СЕ МОЖНО ПРОМЕНИ и кои според вас? Кои би требало да се направат?
    Да не избегаме од темата.
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Од каде би почнала? Од наставниот кадар! И рогато и сакато а бе се од ред во ред ќе истерам од работа. Не, тоа не се професори, од професори немаат ни П. Секоја чест на исклучоците што се се` поретки. Од што не знаат какви вработуваат, е од такви преку таквото. Што не знаат колку исфрустрирани да бидат у нивните животи, што никогаш не слушнале за осет и што уживаат да се изживуваат врз учениците, од тоа не не бидува.
    За останатото потполно се согласувам со Ана.
     
  7. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Мислам дека прво и основно што треба да се смени е во врска со инспекциите.
    Не знам каква е поентата и зошто воопшто доаѓа инспекција, кога се најавува 3 недели претходно дека ќе дојди на час, барем скроз нека ја укинат, вака што, која корист од нив, само џабе плата земаат и ја зголемуваат тортурата врз учениците ... не се сеќавам кога беше точно, лани, оломнани со една "професорка" имавме проби, генерални проби и триста глупости за часот кога требаше да дојди инспекција, и се разбира тоа беше далеку од регуларен час кој го имавме и сеуште го имаме :!:
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    ^Живи глупости се инспекциите. Не ни треба да се најавуваат, треба директно да упадне на час и да ја види реалната ситуација што и како се случува. Многу јасно дека целиот тој час е фејк, изглумен и нема никаква допирна точка со реалноста. Точно безвеза.
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    За образовниот кадар дискутирајте тука obrazovanie/sto-mislite-za-obrazovniot-kadar-t8496/#p733263 овде на промените во системот, да не не преместуваат . :)
    Тоа со инспекцитее се е глума точно, ко час по драма е, интересна работа е што се прави се што не го правиме вообичаено, а после тоа?
    Мислите има можност еден ден да се направи промена од типот три недели се оди нашколо, три не?
    Или каква било комбинација само да не е како досегашната?
    Или тоа ќе биде поврзано со платите на професорите? Никој не ми одговори на тоа прашање.
    Според мене така би било многу поубаво и помотивирачко, кажав и погоре, повеќе простор за надоградување.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не би се согласила дека таа тактика 2 недели дома, 2 на школо би резултирала со поголема продуктивност и желба за работа кај учениците. Така само ќе се изгуби кондицијата и континуитетот на работата. Сама по себе знам колку после зимски или летен распуст ми било тешко да се вратам во форма. Но, факт е дека сите кон крајот на работната недела сме изморени и се што сакаме е викенд. Добра е италијанската тактика со еден слободен ден повеќе во неделата за учениците. Понеделник и вторник во школо, среда одмор, па четврток и петок пак во школо. Идеална комбинација која покажала одлични резултати. Според мене тоа би била подобра солуција, затоа што ако се воведе 2 недели школо, 2 дома, автоматски се губи половина од училишната година, а според тоа за половина се крати и материјалот за учење.
    Со ова апсолутно се согласувам. Јас дома ги чувам моите стари учебници и кога ќе им помагам на помаливе братучеди, се служам со нив. Овие учебници кои сега се користат, повеќе ми личат на материјали од Power Point презентација каде се на кратко е толку лошо нафрлано, што ни јас не можам да разберам што сакал авторот да каже, а камоли десетгодишно дете.
    Не ми е јасно зошто го тргнаа од употреба стариот буквар каде се толку убаво беше објаснето и кој можеше уште многу генерации да описмени.