1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одберете чанта според вашето тело

Дискусија во 'Мода и стил' започната од anastasija85, 2 мај 2011.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    Чантата е моден додаток кој го заокружува вашиот изглед. Но, чантата може да го направи изгледот префинет или сосема да го уништи. Затоа, внимавајте кога купувате и одбирате чанти. Тие треба да ги нагласат вашите најдобри делови од телото и да бидат дел од вас.
    [​IMG]


    Жени со голем граден кош
    [​IMG]
    Жените со широки раменици и голем граден кош треба да избегнуваат чанти со мали рачки, бидејќи нивното носење го акцентира токму тој дел во кој се најшироки. Одберете чанти со долги рачки со кои ќе може да се одвлече вниманието од рамениците и градите, а ќе ја потенцира вашата облека. Ако пак целта ви е да ги нагласите вашите големи гради, тогаш чанта со мали рачки или без рачки е онаа која го прави тоа најдобро.



    Жени со широка половина и колкови
    [​IMG]
    Широката половина, големиот стомак и широките колкови ќе изгледаат речиси незабележително ако носите чанта чии рачки завршуваат под рацете (под пазувите). Држете се настрана од чанти со долги рачки до колковите или стомакот, затоа што тие го нагласуваат тоа што вие не го сакате кај себе.



    Жени со нагласени облини
    [​IMG]
    Избегнувајте мали коктел чанти, бидејќи со нив ќе изгледате уште поголеми од тоа што сте. Чанта со нормална големина или од средна до голема димензија е тоа што ви треба за да ја задржите вашата пропорција со пропорцијата на чантата.



    Високи и слаби жени
    [​IMG]
    Најдобро ќе ви прилегаат мали коктел чанти и чанти со мали, незабележителни рачки. Големите и масивни чанти не изгледаат убаво на висока девојка.



    Ниски жени
    [​IMG]
    Бидејќи ниските жени сакаат да изгледаат барем сантиметар повисоко, тоа можат да го постигнат со чанта со долги и тенки рачки во боја на нивната облека која ја носат. Избегнувајте широки чанти со големи рачки и разни додатоци, бидејќи тие прават да изгледате уште пониски од тоа што сте

    извор-кафе пауза
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    одберете чанта според вашето тело

    Абе глупости. За облека да носиш според формата на телото - ОК, ама чантата? Пффф.... Носете си тоа што ви се свиѓа, ваквите формули не треба да не ограничуваат. Ако ми треба милион работи да ставам во ташна, сигурно нема да излезам со минијатурно ташниче зашто така ми одговарало на телото. Што не ќе измислат веќе.
     
    На TS-310 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    одберете чанта според вашето тело

    не би се сложила со тебе,прифаќам мислења и новини,но ако поубаво размислиш чантите многу помагаат и кажуваат за нас,барем јас имам незнам колку ташни и сум забележала сите ми се скоро слични на изглед,затоа што други не ни ми одговараат.

    советите ги најдов и ги споделив,со цел да помогнат некому кој се двоуми за тоа каква чанта да избере ;)
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    одберете чанта според вашето тело

    Па незнам за останатите , ама јас чантите ги бирам според намената. Ако ми треба за на работа, или за на факултет нормално дека ќе купам некоја поголема да ми собира се. Али за вечерни излегувања нормално дека ќе купам мала ташничка, а за свечености нешто уште помало.

    Нема врска, ти не си го пишувала ова, зборот ми беше - не верувам дека некој ќе се придржува до овие совети :)
     
  5. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    одберете чанта според вашето тело

    нема врска . јас сум ниска па секогаш носам големи чанти и ми стојат. :*
     
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас ги носам сите форми на чанти. Искрено, гледам да ми одговараат според приликата или според аутфитот. Баш сум висока и слаба и наместо мали чанти (како што е прикажано на сликата) обожавам да носам големи чанти и мислам дека баш убаво ми прилегаат.
    Можеби оваа класификација има врска, но сепак јас не би се држела и не се држам строго до правилава ;)
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Високи и слаби за мене ама воопшто не ми се допаѓа.
     
    На Justinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    абе зависи за каде треба да носам чанта :)
     
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    До негде се сложувам со овие таканаречени правила бидејќи навистина не оди огромна ташна на некое мало ситно човече. Али сепак повеќе сум за тоа да си носиш и да уживаш со тоа што ти се допаѓа ама и ти стои, сепак треба малку да се внимава како што веќе кажав да не лупнеш голема ташна, а ти си мало ситно човече....и други такви работи.
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се водам според вакви работи.
     
  11. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Најчесто носам чанта која ми одговара.
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Браво сте ми погодиле И такви чанти носам.Високи и слаби жени