1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбивање работа заради лекување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Zero_Cool, 30 октомври 2018.

  1. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Сосема си во право, ТОА е нормалното, дека немам обврска таква, а не вака со моиве "сум морал" да се правдам пред моиве па дури пред роднините! Во право си апсолутно.
     
  2. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Шо има да се правдаш ако тоа е твоја одлука немаш обврска да се правдаш никому.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Има обврска да се правда пред тој што го издржува. Ако се работи за инвалидитет некаков заради кој е спречен да работи, би требало да зема надоместок од државата. Ако не зема, значи дека е работоспособен. Многу луѓе работат и покрај своите болести, состојби и инвалидитети и како такви се прифатени.
     
  4. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Во право си, но моите не ги интересира дали имам или не таква обврска, едноставно не ме оставаат на раат без отчет.

    Дијагнозата е тајна, но ниту можам да ја кријам на работно место, ниту можам да прифатам и да се помирам таму да ме гледаат ваков.

    Сега се одјавувам, фала на сите за досегашните одговори, ако има нешто друго ќе проверам утре, а до приквечер изгледа ќе треба да дадам конечен одговор за да ја одбијам работава, а ако биде се во ред, утре се надевам да прашувам за вториот проблем. Поздрав засега.
     
    Последна измена од модератор: 31 октомври 2018
  5. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.700
    Допаѓања:
    14.237
    Пол:
    Женски
    @Zero_Cool еве да речеме имаш опсесивно- компулсивно нарушување со ритуално повторување на одредени работи. Реално симптомите тешко се кријат, а тоа доведува до неприфаќање од околината. Тука се јавува страв од осуда и анксиозност.
    Од друга страна ти нудат работа за која имаш диплома, но немаш фактичко знаење. Од тука ти произлегува додатната анксиозност.
    Од трета страна, твоите те притискаат, па грижа на совест+ анксиознос= на панично однесување само да се извлечеш од проблемот.
    Биди искрен со себе, што ти ствара повеќе терет- непознавањето на јазикот или психичката состојба. И дали се плашиш од одговорноста која ќе ја сносиш после разговорот со твоите? Ти најдобро ги познаваш родителите, никој овде не може подобро од тебе да знае на кое твое оправдување ќе реагираат најдобро. Не барај некој друг да ја донесе за тебе таа одлука што ќе им кажеш.
    Претпоставувам дека имаш милион отпори потсвесно ( да не работиш, да најдеш изговор да не одиш на лекар), ама мораш да покажеш воља и иницијатива ситуацијата да ти се смени. Почни со бебешки чекори, така најбезбедно се стигнува до целта.
    И во врска со разговорот со твоите родители, верувај вистината ослободува. Ама таа длабоката, “вистинска” вистина.

    Ти посакувам се најдобро!
     
    На Lolipop23, Doozy, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Фала ти премногу но утре ќе одговорам, засега толку, поздрав.
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    А зар не можеш и да работиш и да се лечиш? Тоа лечење сигурно не бара да се преселиш во странство или да бидеш од утро до вечер во некоја установа.
    Ми изгледа дека само бараш изговори да не работиш. Твоите сигурно не се бесчуствителни па со сила да те тераат на нешто.
    А рече и дека имаш 30 години, не се малку.
    Твоето однесување од кога потекнува? Сигурно се работи за тикови од мала возраст. Ме интересира како таквото однесување не ти сметало додека си учел, студирал? Рече дека си од мал град, луѓето те знаат, а досега си се справувал со тоа. Како сега одеднаш? Те фатило некоја мрза, треба да се испотиш за да јадеш?
    Има многу луѓе со слични проблеми ама успешно се носат со тоа, може бидејќи тоа се тие, преку некои работи не можат, а мора да се работи, да се заработи, да се живее. А ти ете имаш добра струка и ти нуделе работа а ти сакаш да ја одбиеш. Некој ги нема тие услови, понуда, добро образование, угледно семејство. И што сега, да речат не ми се работи физичка работа имам диплома, да не треба да одам да се лечам?
    Се надевам ми ја сфати поентата. Доста со себесожалување, помири се со некои работи и обиди се тоа незадоволство да го пополниш со друго задоволство.
     
    На jacqueline.s, PinkGirl* и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Првично сметам дека за ова треба да се консултираш со твојот психијатар. Мислам дека одбивањето на работата е поврзано со твојата ментална состојба. Страв ми е дека доколку те советуваме да ја одбиеш работата и да правиш како што ти налага интуицијата, ќе ја влошиме дополнително твојата ментална состојба. Знаеш и самиот дека треба да работиш на себе. Да се прифатиш себе си со сите твои недостатоци и доблести. И тоа никако не значи дека треба да се затвориш себе си. Не смееш да станеш асоцијален. Нам луѓето ни е потребна љубов ( во различни облици), потребно ни е да бидеме опкружени со други за да мислиме позитивно, за да даваме и примаме љубов. Знам дека одбивањето на работата е поврзано со твоите мисли како ќе бидеш прифатен од околината. Всушност реалниот проблем не е во околината туку во тоа што ти самиот не се прифаќаш себе си таков каков што си. Сфати дека секој од нас има маани, тикови... Некои од нас не се сеуште свесни за нив. Добро е што ти си ги знаеш твоите па може да работиш на нив. Јас мислам да зборуваш со твојот психијатар и заедно да го најдете вистинскиот начин за твоето лечење. А после заедно со него да им објасниш на родителите. Верувај секој родител го сака најдоброто за свото дете безразлика дали детето е 30, 50 или 10 години.
     
    Последна измена: 1 ноември 2018
    На LoveHope, Someonespecial, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Аха, значи живееш со родителите кои ти нашле работа и те издржуваат финансиски, прашуваш на форум како да одбиеш работа заради психички проблем, ама си премногу зафатен цел месец да направиш било што за да го решиш проблемот? Не најде еден саат во цел месец да се консултираш со лекар?
    И правиш планови како ќе частиш девојки со парите?

    Тебе ти треба прво да се собереш малку, да си ги средиш припритетите и да почнеш сериозно да работиш на себе.

    И да, нормално дека им должиш објаснување на родителите ако финансиски те издржуваат на 30 години.
     
    На MamaYette, jacqueline.s, SexiLy и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.236
    Сите кои работиме имаме проблеми. И јас имам постродилна депресија, се лечам и работам. Не е дека не се гледа, се гледа, ама ја потиснувам 8 саати.
    Ако чекав да помине и да не се лечам и да не одам на контроли, кај ќе ми беше крајот? Ќе оставев дете и невработен маж на улица, оти мене неми се одело на работа? Па и не ми сеоди да ти кажам. Ич. Ама требаат пари.
    Знаеш дека чевли неам купено 5 години? дека одам со стари алишта а тука се е у марка облечено околу мене? Мислиш не забележуваат?
    Знаеш дека станувам од 7 и до вечер не правам пауза оти имам обврски?

    Генерација си ми. Јас имам маж, дете, куќа, работа и психички проблем.
    Ти се вадиш на психички проблем и ништо не правиш. Па уште и не одел на доктор на контрола од оврски. Извини, молим те, кои обврски? пелени да не мењаш? ручекот да не ти загори? Ни женска имаш, ниработа, ни учиш, како може еден саат да немаш за доктор?!

    И на 30 години, одма јас сумнеарен, дома ќе седам, мама да ме чува. Која ќе сака на кафе со тебе кога си уште трето одделение? Прибери се и не се вади на болести. Сисни заби, појачај доза на лекови и пресрами се. Стани маж.

    На форумов имаш жени одкои треба да учиш. Има мајки кои се сами,без маж и прават се за двајца и одат на работа. Има мајки со 3 деца и пак одат на работа. Имаш мајки со сериозно болни деца и пак одат на работа. Мислиш дека не се психички оболени сите? Сите сме швркнати. Ама не викаме, тешко ни е, не работиме. Заеш дека мајка ми на работно место за малку ќе ја убиеја? Пред недела дена. Со нож. Мислиш не и е страв? И пак оди.

    И не давај дговор, ама јас сум поинаков. Не си. Сите сме оштетни у главата, од проблеми, од хормони, од болести, од обврски. Ама сами си береме гајлето,не нашите мајки на 30 години. Изврти форумов, ќе видиш мајки на 25 со 2 деца кои отише у странство да работат. Мислиш не им е страв? Мислиш немаат анксиозност, панични напади и депресија?

    Се трудам да те разберам, ама претеруваш. Да прифатиш работа и да тргнеш и достате ранат твоите.
     
    На MamaYette, jacqueline.s, TeddyGrey и 21 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.640
    Допаѓања:
    116.326
    Пол:
    Женски
    Доста го напаѓате дечкото! Прочитајте уште еднаш што напишал!
    Тој не е мрзлив.Веќе работел.Но,психички проблем му се испречил,па моментално не може.
    Можеби се работи за поголем психички проблем од вашите.Знаете дека луѓе со големи ментални нарушувања не можат да работат.Не кажува што му е,ама веројатно срам му е.Има чудни навики поради кои не може да биде околу многу луѓе.
    Можеби и нема доволно доверба во психијатарот,но сепак одел.Мала пауза правел,ама пак ќе оди.И сака да продолжи со терапија токму поради тоа што не сака да им е на товар на неговите.
    Подобро е да оди да се лечи,па потоа да оди на работа,отколку да оди на работа и да оплеска нешто и тоа да се расчуе.
    Не сме сите исти! Некои луѓе се психички јаки,а некои слаби!
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    мене ме интересира дијагнозата...
    Има разлика меѓу психичките болести..
    Дури и депресијата не е иста секој пат и кај сите.
    Може блага да биде, а може и психози и халуцинации да се развијат и триста чуда...
     
    Последна измена: 1 ноември 2018
    На Sofice му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    И јас мислам дека се работи за ОСД (опсесивно-компулсивно нарушување), веднаш на тоа помислив. Сериозна состојба (многу посериозна од редење шампони во купатило по висина или газење на плочки во права линија) што предизвикува многу срам и многу анксиозност.

    За жал, од тоа што имам малку прочитано, знам дека таа дијагноза успешно се контролира, но ретко целосно се лечи. Можеби грешам, не знам. Примаш ли терапија? Ете не одиш редовно на психотерапија, мораш да соработуваш и да разговараш со некој.

    Не знам ни јас што правиш во времето ако немаш работа, ако немаш девојка и живееш дома. Можеби тоа ти дава дополнително време и слобода да се фокусираш малку повеќе на симптомите. Мораш малку да се охрабриш и да излезеш од комфортната зона. Почни да работиш на себе и без изговори - и без victim mindset. Од сожалувања и тапшања по рамо нема аир.

    Пак ќе речам, не сум експерт ама има некои habit reversal trainings на коишто имам налетано и мал милиони прирачници и научни студии на Интернет... а богами, има и еден куп луѓе со коишто можеш да стапиш во контакт. Види како други го решиле овој проблем, сигурно не си единствен.

    И за жал, по вторпат, се согласувам со се' што ти викаат другиве. Секакви не' има тука - и со психички и со физички и со здравствени проблеми и со деца и без, и со секакви болести шо те пореметуваат и ментално и физички... па моравме да работиме за да заработиме доволно пари да си ги решиме. Тоа е, живот.
     
    На LiliBoz, Someonespecial, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Прво, ако имаш толку сериозен проблем година дена е малку. 30 год е долго време за да се реши проблемот за една година на психолог. И тоа може да трае и цел живот. Почни еднаш да се лечиш, и прифати една работа. Не можи да чекаш. А за девојка почекај, частење девојка заради добивање работа е дел од она чудното во твојот карактер. За девојка почекај бидејќи повеќр таа може да избега од тебе и да ти извади муабет. А на работа полека и со среќа
     
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    81.990
    Пол:
    Женски
    Битна е дијагнозата,не е исто депресија и шизофренија.
    Одговор ке побараш од психијатарот што те лечи.Ако тој смета дека си работоспособен со терапија, тогаш треба да работиш кога веќе имаш понуда.
     
    На Martka, smooch, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    @Cka убаво кажано, без влакна на јазик.

    Не го напаѓаме човеков, само му кажуваме како реално стојат работите.

    30 години не му сметало, сега почнало. И факултет завршил така.

    Може да работи и да се лечи. И јас мислам дека не е нешто што може да се излечи, туку да се ублажи, потисне.
    Да не даваме дијагнози од ракав, ниту знаеме што му е, ниту тој наговестува.

    Знам за еден човек, мислам дека е професор на ПМФ , има некој проблем ја "тресе" главата од време на време, не можам да кажам дијагноза, зашто стварно не знам, ама ете човекот и покрај таа негова мана која и те како е видлива, станал професор. Не легнал дома и да чека друг да го рани. Човекот има работа, жена, деца.
     
    На crimson, Doozy и DAngel им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    81.990
    Пол:
    Женски
    Јас пак ке кажам,зависи што е дијагнозата.
    Има дијагнози со кои тешко може да се работи и да се лечи .
    Збориме напамет.
     
    На x.Daisy.x и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Ама ете човекот си кажа дека веќе работел на неколку места. И не е дека неговата мана го спречува да работи, туку тоа што го прави му смета на него како појава, иако другите околу него иако го приметуваат го прифаќаат истото.
    По напишаното изгледа дека проблемот не му е од таква природа да тој прави сцени, урла, тепа на работа па да не може да работи. Само има мана која не сака да ја има. Може да работи. Проблемот му е повеќе од психичка природа, не може да се прифати самиот себеси иако другите го прифаќаат. Ама ќе мора да се прифати ако сака да успее нешто во животот, да му се исплати тоа што го учел, да постане човек а не само плашлив и срамежлив човек кој мисли дека ако цело време менува работи или ако седи дома, дека го решил проблемот.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да, ама неговите не се должни да го издржаваат.

    Стојам на тоа дека не треба никому да се правда за да одбие работа.
    Ама, тука има едно големо ама!
    Тоа е под услов никој да не го издржува, затоа што никој не е должен. Не на 30 години.
    Верувам дека голема улога во неговата желба да не работи има удел тоа што има кој да му даде, тука се неговите, има и дом и храна и тоа е.
    И најмал психички проблем да имаш, излегувањето од комфорната зона е најтешко. Најтешко е да се откажеш од сѐ што имаш и да направиш промена.
    Да жал животот е суров, и верувам сите сме се нашле во ситуации кога ем не ни се одело на работа, ем изгледало одењето бескорисно и бесцелно, ама мора да се јаде. А на 30 години никој не е должен да те издржува.
    Едно е да не е работоспособен, а штом е, со многу труд и работа се сѐ може. Со @Cka се апсолутно согласувам. Кога загусти, стиснеш заби и туркаш затоа што:
    1. Мора да се јаде
    2. Сакаш утре да биде подобро.

    Се воздржувам цело време да не коментирам, ама се изнасмеав за частењето на некоја девојка. Еј, супер, за работа нема сила ама да части девојки ќе најде.

    Исто, не му ја знаеме дијагнозата и состојбата. Епа ако не оди на психијатар не си ја знае ни тој. Немал време. Навистина? Епа пак ќе повторам, ме сака да му биде подобро. Убаво му е кај мама и тато.
    Ако работата му е со луѓе - никој не би понудил работа на човек кој е неспособен да има контакт со луѓе.
     
    На Rebecca_R, x.Daisy.x, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Не ти ја знаеме дијагнозата ама и според мене треба да ја прифатиш работата.
    Зошто?
    Затоа што ќе имаш причина да станеш од кревет, да се спремаш, да излезеш од дома. Ќе запознаеш нови луѓе, колеги и пријатели. Ќе имаш обврски и нема да размислуваш толку за состојбата во која се наоѓаш. Ќе заработиш пари и ќе бидеш самостоен.

    А вака што правиш?
    Легни, стани, јади, гледај филмови и земи пари од твоите.
    Знаеш ли светов каков ќе беше ако никој не работевме? Ќе не убиеа монотонијата и депресијата.
    Едно исто секој ден.

    Тебе ти треба промена. Многу психички проблеми се јавуваат поради ПРЕГОЛЕМО слободно време, а со работата ќе бидеш зафатен.
    Башка што секој со поинакви очи те гледа кога сам заработуваш отколку да бидеш како паразит на факинг 30 години.

    Си се затворил во комфортна зона. Мора да излезеш.
    Прифати работа, ем ќе ги направиш среќни твоите, ем тебе подобро ќе ти биде.
    Среќно.
     
    На Shmizla94 и toogood им се допаѓа ова.