1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбивање работа заради лекување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Zero_Cool, 30 октомври 2018.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.441
    Ем некоја ќе излезе на кафе со тебе. Сега ќе треба да побараш 200 денари од мајка ти за на кафе. Не е у ред. Со одење на работа, ќе ти се решат многу работи наеднаш.

    Луѓе молат за работа, ти имаш 2 во раце.

    ОЦД не е страшна кога ќе те сфатат колегите. Јас имав ОЦД шефица, си ја прифативме и имавме начин на седење во канц, начин на предмети редење, на маил пишување...се мораше да иде како што замислила. И ние полека станавме како неа и топ ни беше.

    За анксиозност не прифаќа, се лечи со апови и со борба. Ја победив, знам. За депресија знам, се борам. Се трудам и за неа. Со сите сили.

    Да имаше жена и дете дома, сеа шо ке речеше? не ми е арно не работам?
     
    На Rebecca_R, cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Тоа што одел на работа, а сега не оди, не значи ништо.
    Јас сум имала периоди кога од дома не сум можела да излезам со месеци, и периоди кога сум функционирала одлично...
     
    На smooch и Cosmi им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.111
    Пол:
    Женски
    Тоа што работел порано, не значи ништо.Сериозноста на психичката болест не ја знаеме.Од кај знаеш дека е само мана и може да работи?Познавав еден, ни тепаше ни урлаше кога одеше на работа, па се самоуби,недолечен шизофреничар.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Ама не си вадете дијагнози од ракав, од кај знаете дека е шизофренија.
    Болдираниот текст во неговиот прв пост се кажува.
    А и човекот оди на психијатар кој треба да му даде стручна помош. Од што бил овој толку зафатен еден месец да не може да отиде на преглед? Што бара на форум да собира "одговори кои немале тешко да ги погодат неговите" ако му е толку сериозна работата. Сите психијатри ќе испаднеме на форумов и мора да слуша анонимни виртуелни членови на форум.
    Наше е само да му речеме да си го праша психијатарот. И не е прв со проблеми, сите имаме проблеми, кој помалку кој повеќе.
    Ама детево толку ми е уфилмано што мислам дека вистинитоста на случајов е под знак прашалник.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Само на кратко сега ќе кажам, ако можам повеќе ќе се вклучам кон вечер. Можеби сум навистина уфилман, но случајов воопшто не ми е измислен. Веќе спомнав не знам кој колку прочитал, врвен приоритет ми е дасе лекувам успешно па потоа работа, ако, да се здрави и живи моите, ќе се трудам. Работите не се какви што беа, тука никој да не обвинува. И те како се во право некои членови, не верувам некој да ми е во кожа дека ќе прифати било каква работа, колку и да му е добра и многу платена. Поздрав засега.
     
  6. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Мораш да почнеш некако одново.
    Болеста (каква и да е) не те спречува да работиш, чим не те спречи да се регистрираш и да го пишеш тука проблемот.
    Значи почни одново од некаде, и заборави на зборовите дека не можеш.
    Лекувањето може ќе трае со години.
    Јас имам другарка работи како келнерка, се лечи на психијатар веќе 5 години, и има 25 години. Ама работи. И супер ѝ е.
    Не е начин да бидеш дома 24/7 и да чекаш да се излечиш. Може и работата ќе ти помогне полесно да се справиш со проблемот. Ќе имаш некоја навика, обврска, да излегуваш од дома, да одиш на работа, па колеги, пријатели. Пробај. Не се плаши. И не се затворај самиот со изговорите дека не можеш.
    И секој ќе те прифати онаков каков што си, дури и ќе се прилагоди според тебе.
     
    На Shmizla94 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    После тежок период и болест почнав да работам.
    Од инат на се.
    Никој не знае сем тој што треба да знае на работа.
    Среќна сум зошто правам многу луѓе среќни. И добивам секој ден прекрасни благослови.

    Секојдневно ја гледам младалачката апатија и потреба да се биде жртва на нешто. Да се избега од одговорност е суштината. И навистина е тажно. Коренот на трулото во државава. Безенергични млади луѓе...
    Некогаш соочување со стравот прави големи пресврти.
    Својата состојба ја носам професионално. Моите вени се модри и покриени, фризурата не ми е најдобра во моментов, а и на 10ти поглед некој може ќе се замисли дали е се ок, НО потегов беше потег кој вредеше. Знам што се можам и го правам. Не се каам ни момент.
    Така да дечко, глава горе. Од оваа перспектива можеш само да се каеш утре.
    А дека сите по малку сме со нешто во главата - сме.
    Од ова што те читам ништо не разбрав со што се соочуваш, ми делуваш сосема здраво.
     
    На Martka, Oxymoron и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.111
    Пол:
    Женски
    Но луѓе, постојат психички болести со кој човек привремено не е способен или е делумно способен да работи.И тогаш треба да го заврши лекувањето па да работи.
    Како на пр.ке работи со ученици личност која има биполарно пореметување со манични епизоди?
     
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ама не знаеме, а не знае ни тој зашто немал време за психијатар.
     
    На Rebecca_R, DAngel и Abeja им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Очигледно проблемот не е толку голем чим не сака што поскоро да го среди. Секој нормален човек на 30 год сака да работи и да створи некоја рутина. велиш -ко да ми е последно. Може не ти е последна понуда ама меѓу последните е . Секој бара испод 35 работник. мој колега на твои год има докторат. И не е единствен таков. очигледно не се работи за оцд туку за чиста мрза. луѓето со оцд немаат проблем со работа.
     
    На Abeja и DAngel им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не ја знае ни тој сериозноста на психичката болест, штом не оди на психијатар
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.154
    Допаѓања:
    46.949
    Пол:
    Женски
    Твој колега на 30 год има докторат, а некој на 30 год ни факултет нема, и сега што е полошо, ко што читам дечково има факултет. А, докторат на 30 е реткост, мои професорки од факултет дури сега докторираат на 40-45+. Вака само полошо му правиш да се чувствува човеков.
    Не се согласувам дека сите бараат испод 35 год. Во близина имам куп примери кои се вработија и тоа на многу постари години од маркети па се до убави работни места во администрација , нели секој според струката и степенот на образование, иако ни тоа во нашава трула држава не е мерило, па така луѓе со средно си работат на места каде што би требало да работи кадар со високо образование.
    Ако смета дека не е способен за работа значи не е, не верувам дека некој би одбил убава работа туку така.
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    А зошто да работи кога од дома му даваат?
    Одбиваат море, одбиваат.
    Кога сме кај ОЦД, и мој близок човек има, па во работата ич не му смета.
     
    На Abeja и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.111
    Пол:
    Женски
    Па затоа велам џабе е да му се сугерира да оди на работа,џабе муабети тераме.Не знаеме што е во прашање.
     
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    можеше да си го кажеш своето мислење и без да ме цитираш. ...
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ама не знае ни он.
     
    На Abeja, crimson и LiliBoz им се допаѓа ова.
  17. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Многу добро знам што значи да немаш волја за ништо. Мене депресија и анксиозност ми создадоа постапките на моите родители. За ништо не се интересираа за мене. Имам и јас таков период имано да одбивам се дури и јадев еднаш до двапати сила во ден. Во 19,20 h имам легнувано со желба да не се разбудам. Посебно ми беше тешко и имав таков период кога требаше да се запишам и последната година од факултетот. Значи не бев мрзлив, само моите "родители" ме направија таков со нивни себични и дискриминирачки постапки.
    И јас сакав од средно да направам пауза една година (односно една година покасно на факултет да одам, ама не ми дозволија). Претпоставувам замислувате колку мојот стрес беше зголемен морав да станувам рано за на предавања, потоа да учам, а волја немав за ништо).
     
  18. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Гледам дека доста лесно пишувате дијагноза и дури некако ја заокружувате. Ве молам немојте, тоа нека остане тајна. Доста време одам на психијатар, то ми кажуваше што и како, па сега само еден месечен термин сум пропуштил и одма се прави сериозен проблем (а не велам дека не е, психијатарот за тоа време не видел во која насока се движам, дали ми се влошува работата).

    1. Кратко, се работи за нешто што ниту можам да го прикривам, ниту можам да прифатам и се помирам со тоа на работно место да ме гледаат таков, можеби други можат, но ете јас не можам и посериозно е од ОЦД. (на претходно работно место моите ме вработија со сила, па умирав од срам, стегав заби и работев, но тоа знае сериозно да ми се влошува, па дури да ми испаднат забите од стискање, тоа не би помогнало повторно.) Затоа да речам пак, врвен приоритет ми е со помош на психијатарот, целосно или барем доволно да се излечам за да можам да работам пред луѓе.

    2. Дома имам член на семејството на кој му треба одредена помош, има некои кризи и не можам да го оставам сам додека другите не ќе сме тука. Затоа покрај за мене, морам да смислам трајно решение и за таа личност за да можеме да ја оставаме дома сама додека другите не сме тука.

    Апдејт. Бев на првото работно место, видов што како но се информирав дека факултетот не ми е баш најсоодветен па дури се јави голем проблем и не можев да ја прифатам оваа работа. Но ова никако не значи дека џабе биле сите ваши досегашни совети и препораки многу сум благодарен. За истите сериозно размислувам!

    Ми затреба помош за другата работа, како што веќе најавив. Ако немате против да ми кажете пример за следно CV. Искрено ми треба. Би требало да биде нешто вака, не сум креативен и не сум пишувал до сега. Треба да биде на англиски. Вака нешто. I am toj i toj. I come from Macedonia. I am graduated professor. I would like to work in your company...etc... no sto da dodadam, unfortunately, i have no such job experience? Се работи за продажба.

    Резимево мое би требало да биде со следна карактеристика. На факултет имавме тестирања кои беа означувани како, добро, доволно и прифатливо, па така може да не биде добро, ни доволно, но прифатливо, а сепак нормално да не биде мајтапчиски. Нивниот одговор се надевам да биде нешто како, добро дечко, резимево ти е добро но и покрај тоа не можеме да те примиме, имаш негативен одговор. Не знам, така нешто.

    Не знам колку смеам вака јавно да откривам за втората работна понуда, се работи за странска фирма која има претставништво во Скопје, а јас доаѓам од внатрешноста. Но се разбира, само по себе ова нее проблем го кажувам чисто информативно. Да повторам, работнава понуда доаѓа преку пријател на моето авторитетно семејство.

    Се надевам на три работи.
    Не знам до кога да пратам резиме на маил огласот како што гледам се уште не е објавен.

    1. Резимето на емаил да го постигне ефектот, да не се случи телефонско интервју.
    2. Да не бидам примен при телефонското интервју.
    3. Да не бидам примен при интервју очи во очи.

    Инаку не гледам спас од голем срам.
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ако ти е врвен приоритет да се излечиш, зошто не одиш на психијатар? Зошто одиш само еднаш месечно? Правиш ли нешто за да ти биде подобро?

    Сфати ја сериозно работата, ако не можеш да го работиш ова, почни нешто друго, можеби што не е со луѓе, или е од дома и не троши време и енергија на глупости.
     
    На MamaYette, smooch, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Оправдувања, оправдувања, оправдувања. Зарем на твоите не им е јасно дека има член во семејството на кој му треба грижа? Штом инсистираат да тргнеш на работа - очигледно го имаат и тоа во предвид.
    Озбилно бараш да ти составиме резиме за недобивање на работа? А и, колку енергија и време потроши на таа хипотетичка ситуација со резимето, наместо да го пратиш па да мислиш понатаму. Добиена понуда за работа се и одбива. Ти ниту си добил, ниту знаеш дали ќе добиеш. Ако не ти се иде ни на интервју, многу лесно е. Не праќај цв.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.