1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одбивање работа заради лекување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Zero_Cool, 30 октомври 2018.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    @Zero_Cool извини што не ти се уклапаме во твојот распоред, ускочуваш само кога немаш обврски, изгледа многу си зафатен. А со какви обврски си? Нели не си вработен, кај психијатар еднаш месечно одиш...Или бркаш врски за недобивање работа?
     
    На Avery и crimson им се допаѓа ова.
  2. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Еднаш месечно одам на психијатар затоа што психијатарот ми определи контрола еднаш месечно, а не си правам јас по ќеф кога сакам да одам или ич да не одам, а ако не сум отишол еден преглед тоа било од оправдани причини.

    Ретко сум на форумов заради членот од семејството кому му притребува помош и морам да трчам по него, убаво размислувајте пред да прашувате ве молам, некои работи можите лесно да ги претпоставите самите, како оваа. А на еден друг член на нашето семејство не му е грижа како овој проблематичниот ќе заврши, па макар тоа било трагичен крај за него. Во секој случај по секоја цена ме праќаат на работа, како јас да сум рамнодушен за тоа кој во нашето семејство како ќе заврши.

    На моите преголем удар ќе им биде ако по нечиј совет овде не сум аплицирал за работава, понудата дојде преку многу добар пријател на нашето семејство, за моите е незамисливо да ја одбијам, јас морам да аплицирам и да пратам цв, па да сум со чиста совест пред моите демек јас своето го направив, морам по "секоја цена" за да бидам "чист" пред моите и сите да бидеме чисти пред пријателов. Ако не би дале идеја, добро.

    Ви благодарам многу за се досега, и за критиките, само не е во ред дијагнози вадени од ракав. Никогаш не ви се обратив со зборови луѓе ми треба помош заради психички проблеми, не сакам да барам психијатар затоа вие глумете онлајн психијатри.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Имам идеја... Речи им дека ќе пратиш ЦВ, јави се кај пријателот на татко ти и кажи му дека не сакаш да се вработиш и дека аплицираш, исклучиво ради притисокот од твоите родители...

    Тоа под услов да не ти е гајле за мислењето и последователно, односот кон тебе... на тој 'пријателот'.

    Друга опција е да им кажеш отворено дека не можеш, дека ти треба време, и дека мора да издржат. Дека и ти си свесен што треба, и ти е жал што не можеш сега, а би сакал навистина...

    Под услов да си спремен дека пак е можно да ти речат: Срамота е.
     
  4. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Не можам да контактирам со пријателот, а моите немаат разбирање за мене, и многу се очајни за мене.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Zero_Cool значи на твоите родители не им е гајле за членот на семејството кој е проблематичен ама им е доволно гајле за тебе за да те издржаваат до 30 години.
    Па онда не им е гајле за тебе затоа што те тераат да работиш.
    Ама си зависен од нив затоа што те издржаваат и не можеш да си отидеш од дома.
    И знаеш кое ти е решение? Да се вработиш за да можеш да си отидеш од кај нив, ако толку ти сметаат.
    Ама не бре човече, ти наместо да мислиш на како да се извлечеш од луѓе кои според тебе ти се лошо влијание, ти гледаш како да останеш кај нив.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Однеси ги со тебе, наредниот пат кога ќе одиш на психијатар, да зборувате со него...
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Многу си злобна...
    Како можеше... Си има мака човекот.
     
  8. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8

    Не можам да ги напуштам моите, а веќе договорив со моите , еден од нив да одиме заедно кај мојот психијатар.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Како 'да ги напуштиш'?
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не знам дали си има. Тоа психијатарот му знае. (Оној кај кого нема отидено)
    Тој и најдобро би знаел да му каже дали да ја прифати работата, ама очигледно и самиот е свесен дека нема да му се допадне одговорот.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Можеби не треба да прифати.
    Не тргај со пресумпција дека 'глуми'.
     
  12. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    @DAngel ме советува ако немале разбирање за нив да сум ги напуштел.

    Психијатарот се уште не ми ги познава добро проблемите и мене најдобро, па затоа не можам вака да имам веродостојност.
     
    Последна измена од модератор: 2 ноември 2018
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Колку долго се лекуваш?
    Сега почнуваш ли?
    Примаш медикаменти?
    Дијагноза знаеш?
     
  14. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Проблемиве и случајов не ми се измислени, и прашањето не ми е дијагноза од вас зошто како, туку идеја за она што замолив, благодарам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не реков дека глуми.
    Реков дека попаметно би било да се советува со психијатар. Ама еве, денови поминаа тој уште седи на форумот.
    Во принцип не коментирам психолошки состојби затоа што имам разбирање, многу разбирање. Ама за жал неговите родители имаат право да му кажат да се исели од куќата, затоа што е нивна на пример. И што ќе прави тогаш?
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Па му рекол по месец на контрола.
    И тоа е пракса кај скоро сите психијатри: После месец контрола.
    Ако има потреба, се зачестуваат посетите.
     
  17. Zero_Cool

    Zero_Cool Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    8
    Дијагноза веќе ми даде психијатарот, примам терапија одам повеќе месеци само засега, но продолжувам до крај.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Епа прашај го зошто не отишол на последната контрола, де.
    Или на колку последни не отишол...
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ако се месеци во прашање... да не не ти делува како треба терапијата?
    Консултирај се и со психијатарот за мислење.
    Сериозно..
    А и не знам како во 'месеци' не си се отворил?

    Мораш да се отвориш целосно таму.. Не е тој дојден да ти суди... Илијадници видел, со секакви проблеми.
    Не се плаши да му кажеш се'.

    Рече се грижел за член од семејството.
     
    Последна измена од модератор: 2 ноември 2018
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Епа нели не е способен да работи?
    Грижење за член од семејството не е работа?
    Неговите не се грижат за тој член од семејството?
    Тој излезе единствениот грижлив во тоа семејство.
    Ако се толку моќни и толку е потребна грижа за тој член од семејството, ќе се најде човек, ако треба и ќе се плати за да му помогне на тој член, да биде покрај него кога нема никого.
     
    На x.Daisy.x, Abeja, Shmizla94 и 2 други им се допаѓа ова.