Епа мешиња гледам често дискутираме за тоа што ни се јаде а што ни смета во текот на бременоста. Како интересна тема би предложила да споделиме што ни станало одбивно до степен на мирис додека сме трудни а и потоа откако ќе се породиме дали е сеуште така. - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - Кај мене тоа е сувомесмато и пушено преработено месо. Не можам да поднесам ребра/врат и колбасици. Ако се во манџа/чорба инстантно ми е одбивна. Дури не ја сакам ни во дневна да ми мириса. Мм има рок од ден, ден и пол да касне и остатокот се враќа назад кај тој што ми ја спремил или се донира кај мачорот. Исто така упорно ме мачат киселина од благо и знам дека ќе е така ама секој пат си негувам блага закуска па за кратко после барам спас од киселините со гастал и други средства. Од тоа нема откажување. Разбрав од другарки сега мајки дека некои до ден денес нешто што сакале сега нејќат дали е тоа така? Пишете тие што сте со две и повеќе дечиња? Да не ми скрати менито на секое наредно дете.
Јас скоро се можам да јадам, само манџи никако, а гравот го јадев до кај 20та недела, после го повраќав. Пробав и тавче гравче џабе и тоа го повратив и не јадам повеќе грав.
секоја бременост ми била различна , првата сакав многу суви работи и благо , и зелени јаболки , а неможев да поднесам мирис на лук и на риба ни да вкусам , втората ми беше домакинска бременост сакав манџи секакви , посебно компир манџа , и многу јадев риба во конзерва ( туна , рио маре ) а неможев ни салати да јадам ни овошје имав страшни коселини ..... сега со оваа бременост невројатно е каква одбивност имам спрема месо ( секаков вид ) скара неможам ни да смислам и благи работи исто , друго јадам се , околу јуни, јули и август имав период кога живеев само на овошје во огромни количини , на пр. пола лубеница , 5 праски , јаболки , кило грозје.....
Во првата немав према ништо, да не растеше мешко ко да не сум трудна. Сега, одбивност од сабајле од се имам, во текот на денот некогаш. Од мирисот на зачини ми се гади, лук или било што готвено јадење. Мирис на јајца исто, не ни пробувам нешто да јадам ако ми смета на мирис. Е почнало да ми се јаде бурек иако не сум стрвна кон ништо, тоа мислам секој ден би јадела. Чудно, а 9 недела сум.
Терај со тоа што можеш. Јас до 14та недела јадев само потпечени лепчиња на тост со маргарин, круши и сок од јаболко. Вода не можев да замислам. Затоа сега пијам на секој саат по една чаша. Мислам црево да поврзам од чешмата до кревет да не станувам безвезе.
Одбивност кон риба поготово лосос и ракчиња дека на почеток ептен ги јадев ( двапати неделно) и сеа неможам да ги смислам толку од нив од самата помисла ми се повраќа
баш бев заинтересирана дали ќе имам некоја одбивна храна или пак храна по која ќе бидам стрвна во бременост, ама немам. сѐ што сум обожавала претходно и сега го сакам (само се контролирам во однос на пици, пецива и тестенини) и сѐ што ми било одбивно и сега не го јадам. единствено одбегнувам некои јадења што сум приметила дека ми создаваат тегоби/киселини, а не дека не сакам да ги јадам (како на пр. грав).
Првата бременост ми беше ок, немав одбивност према ништо, а во втората бременост отсакав риба. Тогаш ич не ја јадев, сега ја јадам ради реда, почесто ја избегнувам. Не е дека не ја сакам, ама некако...одбивна ми е. А порано се давев во риба, особено пастрмка и лосос. Сега ги јадам од што морам, ради разновидност. Не ги отфрлив сосема, ама ако порано ги јадев двапати неделно, сега одвај еднаш месечно.
Јас пред да останам бремена на прсти се броеа јадења што ги јадев. Поточно манџи и салати си јадев скоро секакви ама месо не јадев воопшто, не бев вегетаријанка ама не сум била од никогаш обожавател на месо. Е од почеток во првите недели уште коа останав бремена приметив дека сакам да пробувам нови вкусови, поточно месо, јадев хамбургер, бурек со месо, скара, не во големи количини или по цели парчиња туку по еден залак оти ми сакаше душата и ми беше многу чудно, си реков што ако вака продолжам ќе станам огромна до крај, после среќа во несреќа скоро од се ме фаќаше киселина и еве до крај веќе 9ти месец не успеав да се спасам од киселините, па пак си се вратив претежно на по лесна храна. Единствено од претходно што обожавав, а сега ми е гадно е рибата. Во глобала се исто си остана.
Во првата бременост за ништо немав посебен ќеф освен за салати, слабо јадев и немав апетит. Единствено се сеќавам дека кафе не можев да поднесам. После пораѓај премногу се навлеков на благо, ми бараше организмот. И кафето после пораѓај си го пиев нормално. Оваа бременост многу сум стрвна се сакам да јадам што ќе видам. Без леб ми се гади исто ко да не сум јадела. Одбивност сепак имав и сега кон кафе пиев со сила бидејќи имам главоболки ако не се напијам. Кон благо имав огромна одбивност и вода не можев да пијам. Сега веќе во второ тромесечие не ми е толку проблем можам се. И да, во двете бремености сакам да јадам паштета, што инаку многу многу ретко, скоро никогаш не јадам.
Поминаа 40 дена и уште сум ненормална Мене уште ми се повраќа од салати, значи јадам и после ми се слошува и повраќам...Од манџи ми се лошеше само да помирисам, сега не ми се лоши ама некако нејќам да јадам. Во глобала од се ми се лошеше и таа храна уште ми е одбивна, може е психа не знам... Моментално доста се ограничувам со јадењето и некако јадам ради реда, ништо не ми е убаво. Е благо нон стоп ми се јаде, може дека имав гестациски... Менито ми е благо, месо, млечни производи, житарици, компири, тестенини
Јас кафе не можам да поднесам, ми се пие ама од првата голтка ми се гади.. Исто и благо многу малку и ретко каснувам, а предходно крцкав по една 100 грамска чоколада минимум на ден. Од кромид и лук од секогаш ми се лошело, трудна не трудна мене желудникот ми се крева ако мириса на лук дома, мм вика драма квин сум ама не е тоа, навистина ми е лошо
Јас пред да останам трудна се чудев со кафето шо ќе прам ама ете неможам ни да го намирисам сега. Не сум ич стрмна за ништо на леб сум фрлена ако пред то многу слабо го јадев ама сега само тој не ми прај киселини, биено сирење и кисело млеко, многу јадам кисело млеко, рибата и мене ми е одбивна благо а каснав повратив портокали, лимони многу сакам ама ништо од то заради киселините посебно лимонот одбивен ми стана ќе видиме дали ќе пројадам пак.
Кафе не можев да помирисам до кај 12та недела, сега си пијам по едно, не можам мирис на сланина кога се пржи да поднесам, одвратно ми е, месо исто така, стек да пробам може само, друго се ми мириса, па некогаш така со сила пробувам, само едно залче и сфаќам дека ми е бљак, и не продолжувам, друго се можам да си јадам, немам проблем со други мириси и јадења.
Во првата бременост леб домашен во пекарче не можев да го јадам.Ми смрдеше квасецот и повраќав.Па престанав да го јадам.После пораѓај сум јадела ама не ми е прв избор . Во првата бременост имав стрв за домат, а не јадам.Па седнав и јадев,ама оти не јадам па киселини ме утепаа. Исто мирисите на донераите и цигарите цела бременост ми сметаа, и некој прашоци како первол црвен Сега во оваа бременост не сакам месо.Онака не бев месар ама сега уште толку не го сакам.Ама сирење и други млечни работи обожавам. Салата можам само од неа да се најадам.Кафе едвај пијам ,оти многу обожавав кафе па пијам.После кафе снемувам сила па го мешам со млеко и кафе 50:50 само да не попуштам на хормоните Свеќи кога била во мм трудна одјадела жолт делишест-јаболка и после скоро 38 години уште не ги јаде, мм па ги обожава
Јас сум 25гн и прва бременост.Прво тромесечие ми се згади од дуел жолт и не го поднесувам сеуште. Цигари ми сметаа страшно, сега веќе не. Храна, се што сум јадела и сакала од секогаш - сирење на прво место од 2 год до денес и засекогаш и се од тесто што може да се направи. Две недели бев навлечена на помфрит а порано само печен компир јадев, ама и тоа помина. Сега благо ми се јаде секој ден неможам без тоа. А салати, месо, манџи-се јадам. На се сум стрвна како и до сега. Е последниве 3 дена почнаа киселините, почна со лимон и сега и од вода имам киселини. Дајте предлози за храна за помалку киселини, стварно е гадно многу, цел ден ги имам. Бадеми, крекери... Што друго?
Прво тромесечие-одбивност кон кафе, манџи, месо. Сега веќе немам одбивност кон ништо, но не обожавам манџи како претходно пошо ме потсеќаат на периодот кога ми се лошеше