Месо Ептен некако пилешко јадам.. А најомилено ми се маслинки и сирење. И компири да. Лимон исецкан со шеќер Несквик какао така со лажица го јадам. Уживам во овие работи
Леле жени ми текна првото лошење ми беше од пица. Ама не обична свеки беше наместила и по нејзино што се врти во фрижидер тоа ставила. Лутеница сирење маслинки ај некако се јадат ама ставила и кисели краставички. Јас ги обожував пред да останам трудна. Цела зимница со мм од краставички сами си ја изедовме. Арно ама во оваа комбинација потпечени топли млитави. Експресно ја отворив сезоната на лошење и празнење црева. Е сега од незаборавна љубов сум пробала да останам еднаш два пати. Не бива не иде.
Јајца варени и пилешко месо, а посебно копаните И какаото го оставив, ама ќе го почнам пак наскоро...
Прво тромесечије имав одбивност од лук неможев мирисот да му го поднесам и мирисот од цигари исто.Сега второ тромесечие ми е подобро јадам се по малце
Ја изрод изгледа. Ништо не ми сметаше, се исто како и во нормално стање Првите два месеца ми беше малце потешко со манџите, али после тоа немав галје.
Одбивност уффф уште сега дур пишувам неможам да го смислам сладок компир пред бременост многу го јадев, а калинка сега обожавам мм само ми чисти по 2 3 на ден обавезно јадам
Јас немав гајле, се си јадев ништо не одбивав и од тоа што премногу јадев се здебелив 25кг, откако се породив ослабнав 15кг и сега уште сакам да слабеам ама не знам како...
Во првата бременост ми се лошеше од риба. Не можев ни да ја мириснам. Ама кога се породив во болницата последниот ден имаше риба за ручек и мене ме фати голем стрв и целата си ја изедов. А пред тоа ми се гадеше од неа. Сега во оваа бременост нема нешто што ми е одбивно, се јадам.
Пред да останам бремена ослабнав 30 кг, од протеинска исхрана и многу зеленчук. Е сега, од месо ми се лоши, посебно стек, копани, пилешко пошто со години го јадев, не можам да го смислам, ма со сите зачини на свет - џабе. Мелено месо чат пат само може да јадам, од секогаш ми било омилено, кременадли исто чат пат. Рибата исто не можам да ја поднесам, јадев исто покрај стекот многу риба, сега еднаш само имам јадено во овие 4 месеци и повеќе нема шанса. Зеленчук и овошје јадам секој ден, посебно јаболки, круши, калинки, цеден сок од лимон цитрон и портокал обаврзно 5 до 6 пати неделно. А можам да живеам само од тесто! И млечни производи: сирење, кашкавал, кисело млеко, јогурт, чоколадно млеко, млеко со бисквити и какао - омилено. Лиснато, бурек, пица, месено од мајка ми, макарони, шпагети, домашно лебче, лебот со маслинка, ѓевречиња, ах Господе за ова ли ослабев, да се давам во тесто сега, страв ме фаќа... Гледам бар количински да се контролирам...некогаш!
Да се надополнам што прочитав, а заборавив. Претходно си пиев по 2-3 нес кафиња во ден, па го намалив на едно, а сега веќе ни едно. Ми се изгуби таа рутина од сабајле да станам и прво кафе да се напијам, а и искрено ми фали, се надевам дека за брзо пак ќе си се дружам со кафенцето.
И мене ми фали толку многу си го сакав. Сега поретко и некако без желба повеќе од досада или друштво па пола го оставам. Одма ме фаќаат киселини.
Јас се што е пржено неможев да јадам. Прво ми се слоши од кафето и парфеми, потоа од пиперки, и врв на свадбата кога почнаа да ја делат вечерата од мирисот . Само 5 кг качив во бременост ама затоа сега се си јадам
Во првата бременост само од едни колбаси многу ми се слоши. Од нивната миризба при пржење. Оваа бременост имав мачнини некоја недела (од портокал повратив) и ми сметаа запршки, кромид, праз, некако леќа ич не ми се јаде, од кога ме моли маж да направи Кафето го конзумирав ретко и во двете бремености.
Ми се лоши од мирисот на пржени виршли. И одбегнувам сувомеснато. Некако ич не ми се по ќејф. Од грав имам киселини во желудникот.
@Nefertiti. Јас 15 ослабив пред бррменост. Не јадев благо една година. Во бременост уживав во кроасани се тресев, уживав во мирисот особено. Ги вратив тие 15 до породување и после три години од породување ми стојат
Јас се давам во кроасани значи, нема какви не сум пробала А знам најпоќе дебелеат. За вечера наместо нормална вечера со протеини, јас кроасан си изедов.
Мене се ми е одбивно! Се нервирам, 17та недела веќе катастрофа сум. Порано живеев на теста и благо, сега ниту тесто јадам ниту благо Можам да јадам само компири, нудлс и кисело.А да и пилешко ама не стек туку кокошка. За пиење само кока кола, нит вода не пијам. Кафе исто не пијам. И овошје сакам јаболко и калинка.. А се сакам да јадам и да пијам гладна сум.